Спорт
Дресот на Марадона од култниот меч со Англија може да достине цена од 2.000.000 долари

На 22 јуни 1986 година на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити, Диего Марадона ги постигна двата најпознати гола во историјата на фудбалот. Првиот е „Божјата рака“, а вториот е ремек-делото познато како „Голот на векот“, кога Аргентинецот нанижа неколку играчи, го претрча целиот терен и го совлада Шилтон.
По натпреварот дресот на Марадона од тој четврт-финален меч завршил кај Стив Хоџ. Се претпоставува дека Хоџ за кулниот дрес може да добие 2.000.000 долари. Инаку дресот се наоѓа во музејот во Манчестер, но Хоџ бил заинтересиран да го продаде.
„По завршувањето на натпреварот, одев низ тунелот и забележав дека од спротивната страна доаѓа Марадона. Го соблеков мојот дрес и онака, додека се разминувавме ги разменивме дресовите“, изјавил Хоџ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„БиХ Фанатикос“ протестираа против изборот на Петев

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина ја официјализира соработката со бугарскиот тренер Ивајло Петев. Тој ќе ја предводи репрезентацијата во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Петев дојде на местото на Душан Бајевиќ.
Именувањето на Петев не го одобруваат навивачите на репрезентацијата познати под името „БиХ Фанатикос“.
Тие повотрно протестираа пред просториите на националниот Сојуз.
Со пораките „Доста е“ и „Нас не можете да не купите“, тие го изразија совето незадоволство од именувањето на Петев.
Навивачите во Босна и Херцеговина не кријат дека тие за селектор го сакаат легендарниот фудбалер Сергеј Барбарез.
„Следев што се пишуваше, на некој начин ги разбирам тие луѓе. Но овие критики ќе ми бидат мотив повеќе да постигнам добар резултат. Ќе се обидам да ги убедам луѓето дека заслужувам да бидам селектор на БиХ“, рекол Петев.
Спорт
Галатасарај тргнале по Алиоски

Езџијан Алиоски се наоѓа на листата на желби на турскиот великан Галатасарај. Репрезентативецот на Македонија, се уште не го продолжил договорот со Лидс јунајтед кој му истекува на 30.јуни.
Доколку Лидс не му понудат нов договор на Алиоски, тогаш Галатасарај ќе направат обид да го донесат без обесштетување во Истанбул, тврдат турските медиуми.
Алиоски на „Елан роуд“ во Лидс, пристигна во 2017 година. Претходно играл во Швајцарија (Лугано, Шафхаузен).
Спорт
Четврт-финални пресметки на СП во Египет

Четврт-финалните натпревари на 27.Светско првенство во ракомет ќе се одиграат денес во Египет. Актуелниот шампион Данска, од 17.30 часот, ќе игра против домаќинот Египет, додека од 20.30 часот, на програмата се натпреварите Шпанија-Норвешка, Шведска-Катар и Франција-Унгарија.
Во досегашниот тек од шампионатот победи на сите натпревари забележаа Данска и Франција, а покрај нив непоразени се и Швеѓаните, кои два пати ремизираа и четири пати победија.
Данците по импресивната победа над Хрватска ги очекува пресметка со мотивираниот домаќин.
„Секогаш е тешко кога играте против домаќинот. Очекуваме физички тешко натпревар, ќе пресуди одбраната и инспирацијата на голманите“, рекол данскиот селектор Николај Јакобсен.
Дербито ќе го одиграат Норвешка, второпласирана од последниот Мундијал и европскиот првак Шпанија. Македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат овој натпревар.
Шпанија 24 години нема пораз од Норвешка, последен пат скандинавците победиле во 1997 година, кога најдобриот норвешки играч, Сандер Сагосен имал само две години.
„Шпанија е добра тим со многу одлични играчи. Од друга стран и ние играме добро, мислам дека можеме да им се спротивставиме“, рекол Сагосен.
Швеѓаните го бркаат своето прво полу-финале по пауза од 10 години, тие го победиле Катар на последните две средби.
„Ќе ги анализираме и ќе се подготвиме. Знаеме дека физички се силна репрезентација, имаат неколку добри шутери, се издвојуваат Франкис и Капоте“, изјавил селекторот на Шведска, Глен Солберг.
Бекот на Катар, кој настапува во Порто, Франкис Марзо со 53 гола и најдобар стрелец во досегашниот тек од шампионатот.
Французите, на последниот Мундијал беа 14, во Египет ќе се обидат да дојдат до медал. Во претходните натпревари ги победија силните репрезентации на Норвешка и Португалија.
„Унгарија во минатото успевала да забележи добар резултат, но никогаш немала константност. Сега се стабилни и ефикасни. Нас не очекува најважниот меч на шампионатот. Имаме млад, нов тим, се уште некои работи не функционираат како што треба, но се наоѓаме на вистинскиот пат“, рекол селекторот на Франција, легендарниот Гијом Жил.
Последен пат Франција и Унгарија играле на ЕП во Белград, во 2012 година, победата тогаш им припадна на Унгарците.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот