Спорт
Дрис Мертенс оди во Јувентус?

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е подготвен да го доведе играчот на Наполи, Дрис Мертенс, пишува „Калчомеркато“.
Информациите од Италија се дека Белгиецот, чиј договор истекува во јуни, речиси сигурно нема да ја продолжи соработката со клубот од Неапол. Тој влезе во судир со сопствениците на клубот, но сепак малкумина веруваат дека би можело да го засили лутиот ривал од Торино.
Досега се споменуваа како опција Интер и Рома, сè додека Јуве не се вмеша и стана прв фаворит како следна дестинација за 32-годишниот офанзивен фудбалер.
Слична ситуација неодамна беше забележана и при трансферот на нашинецот Дејан Кулушевски, кој од лето е играч на „Старата дама“ иако многумина веќе го видоа како ново засилување за милански Интер.
Мертенс е втор најдобар стрелец во историјата на Наполи (има само 3 гола помалку од Марек Хамшик). Неговото заминување во торинскиот клуб би бил нов голем удар за навивачите, слично како при заминувањето на Гонзало Игуаин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хетафе го надигра Реал, ама мрежите мируваа – потоп на Леванте сред Валенсија

Реал Мадрид нагости кај градскиот ривал Хетафе одигра 0-0 во рамки на редовно коло од Ла Лига.
„Кралевите“ без Бензема, Крос и Рамос во првата постава беа надиграни од Хетафе. Домашните упатија 6 удари во рамките на голот на Куртоа, додека избраниците на Зидан само двапати гаѓаа меѓу стативите.
Со вечерашното реми Реал заостанува 3 бода зад лидерот Атлетико на 7 кола до крајот на превенството.
Засега Барселона е трета со 65 бода, но и меч повеќе за играње од ривалите.
Леванте понижен на свој терен од Вилјареал, 1-5. Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги одигра сите 90 минути за тимот од Валенсија.
Домаќините си постигнаа два автогола, преку Постиго во 9 минута, и Везо во 72 минута. Останатите три погодоци за „жолтата подморница“ беа дело на Морено и на двапати Чиквиезе.
Единствениот погодок за домашниот тим беше дело на Малса во 21 минута, тогаш за 1-2.
Вилјареал останува петти на табелата со 49 бода, додека Леванте по 31 одигран меч во Ла Лига има 38 поени, доволно за деветтата позиција.
Спорт
Наполи ја запре серијата на Интер од 11 победи по ред во Серија А

Лидерот на табелата во Серија А, милански Интер одигра само 1-1 на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол. Домашниот Наполи по цели 12 кола успеа да му откине бод на тимот од Милано.
Иако во првото полувреме иницијативата беше на страна на домашниот тим, гостите предводени од тандемот Лаутаро – Лукаку беа поконкретни.
Сепак, Наполи е тимот кој на полувреме отиде со предност од 1-0.
Се играше 36 минута, Инсиње нафрли топка од левата страна, Хандановиќ ја имаше в раце, но на него налета невнимателниот Де Фрај, па топката заврши во мрежата.
Во второто полувреме повторно Наполи ја имаше иницијативата, но Интер беше поконкретен.
По една мешаница во шеснаесетникот на Мерет, на околу 16 метри Ериксен собра еден отпадок и со прецизен удар лево долу израмни на 1-1.
До крајот двете екипи играа отворен фудбал, Политано ја погоди пречката на Хандановиќ, но мрежите мируваа.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас мечот го следеше од клупата за резерви се до 88 минута, тогаш влезе во игра на местото на Зиелински.
Последен пат меч без триумф „Нероазурите“ одиграа на 23 јануари годинава, 0-0 нагости кај Удинезе.
Интер останува лидер на табелата со 75 бода, 9 повеќе од градскиот ривал Милан на 7 кола до крајот на првенството.
Наполи, пак, останува петтопласиран со 60 бода.
Спорт
„Лисиците“ ќе играат финале на ФА купот

По полуфинални 90 минути на легендарниот „Вембли“ избраниците на Брендан Роџерс се изборија за финале во англискиот ФА куп.
Вечерва „лисиците“ со 1-0 го совладаа тимот на Саутемптон и на тој начин им се отвори можноста за освојување на трофеј сезонава.
Статистиката на мечот вели дека само еден удар одел во рамките на двата гола, а тоа е оној на Келечи Ихеаначо во 55 минута кога се затресе мрежата на голманот Фостер.
Противник на Лестер во финалето ќе е тимот на Томас Тухел – Челси кој вчера беше подобар од Манчестер Сити.
Погледнете ги дел возбудувања кои можеа да се видат на овој тактички меч:
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш