Спорт
Два прекрасни гола, Роналдо промаши пенал, Јуве само нерешено со Аталанта!
Јувентус по дури шести пат во 12 меча во Серија А оваа сезона одигра нерешено откако пеналот на Кристијано Роналдо беше одбранет од Пјерлуиџи Голини, а Јуве се задоволи со 1:1 реми со Аталанта.
Новата ѕвезда на „бјанконерите“, Федерико Киеза, во 29. минута ги донесе домаќините во водство со еден прекрасен гол од далечина кога претходно Алваро Мората се посрамоти со еден обид да постигне гол со петицата.
Меѓутоа, во второто полувреме Швајцарецот Ремо Фројлер во 57. минута постигна исто толку спектакуларен гол за израмнување за Ла Деа. Само четири минути подоцна, Кристијано Роналдо доби шанса да го реши мечот кога беше досуден пенал за „бјанконерите“, но неговиот удар заврши само во рацете на Голини.
Јувентус останува непоразен во Серија А на третото место со 24 поени, три помалку од лидерот Милан, но со дури 6 ремија во 12 меча. Аталанта е на осмото место со 18 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.