Спорт
Единствената Иранка освојувачка на олимписки медал се откажа од државата

Единствената Иранка која освоила олимписки медал, Кимија Ализадех, објави дека планира да ја напушти исламската република, опишувајќи се себеси како „една од милионите жени кои живеат под притисок во Иран“.
21-годишната Ализадех освои бронзен медал на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година, и на својот Инстаграм профил објави дека сега живее во Холандија, напаѓајќи го задолжителното носење на хиџабот и обвинувајќи ги спортските федерации во државата за сексизам и малтретирање.
„Што и да ми кажеа, јас го носев. Секоја реченица која ми ја кажуваа, ја повторував. Никој од спортистите не им е важен, ние сме само алатки“, напиша Ализадех.
Иранските власти засега не реагираа, иако новинската агенција „ИНСА“ тврдеше дека таа е повредено и дека не може да се натпреварува, иако е можно на ОИ во Токио ова лето да настапува „под друго знаме“.
Таа не е прв ирански спортист кој си заминува од државата. Во септември, џудистот Сајид Молаи објави дека живее во Германија откако иранските власти не му дозволуваа да се бори со Израелец, а минатата година најпознатиот фудбалски судија од Иран, Алиреза Фагани пребега во Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорхе Мартин оди на операција: Многу боли, ама јас сум „Мартинатор“

Младиот возач на Прамак Дукати, Хорхе Мартин по импресивниот старт на сезоната во Мото ГП имаше голем пех во Португалија. Ја повреди десната рака и десната нога, па ќе мора да оди на операција во Барселона, по вчерашниот пад на седмиот свиок на патеката „Портимао“. Се работи за повтеда на коска на дланката и на десната нога, над скочниот зглоб.
„Не ми е ова најдобриот ден верувајте ми! Многу боли, но јас сум `Мартинатор`. Ќе се видиме наскоро“ порача Мартин на Твитер.
Not my best day, you can trust me! A lot of pain but I am Martinator. SEE U SOON @motogp pic.twitter.com/rWAIouJ5Tp
— JorgeMartínAlmoguera (@88jorgemartin) April 17, 2021
Тој е дебитант во Мото ГП шампионатот, а на првите две трки беше одличен. Во Доха заврши како трет.
Хорхе Мартин е екс-светски шампион во Мото 3 со Хонда, а минатата сезона беше петтопласиран во Мото 2 возејќи Калекс.
Спорт
Лапорта: Лео е најдобриот светски фудбалер!
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта беше воодушевен по синоќешниот триумф на својот клуб против Атлетик Билбао и освојувањето на Копа дел Реј. Барса по две години освојува трофеј иако некогаш тоа беше нормална работа за клубот од Каталонија.
Во изјава по мечот Лапорта рече дека е уверен дека Лео Меси ќе остане на „Ноу Камп“ до крајот на кариерата.
„Лео е најдобриот светски фудбалер! Многу е важен за клубот. Убеден сум дека сака да остане, ќе направиме се што е во наша моќ така и да биде. Во овој меч видовме дека е опкружен со одлични играчи. Тимот играше многу добро, среќен сум поради нив. Се надевам дека ова е само првиот од многуте трофеи што ќе ги освоиме“ рече претседателот на Барселона.
Инаку, Меси кој синоќа постигна 2 гола и имаше асистенција стана првиот играч кој за 119 години во Купот на Кралот тресел мрежи во седум различни финалиња од ова натпреварување.
Спорт
Паспаљ: Сакам да го видам Ѓорѓевиќ на клупата на Партизан!

Во Србија продолжуваат шпекулациите за можното враќање на екс-селекторот на кошаркарската селекција, Александар Ѓорѓевиќ во саканиот клуб, но овојпат како тренер.
Дел од српските медиуми пишуваат дека по неуспехот на италијански Витрус во походот кон Евролигата, би можело Ѓорѓевиќ да седне на клупата на Партизан во следната сезона. Оваа вест предизвика воодушевување кај популарните „Гробари“, но и меѓу легендите на „црно-белите“ од Белград.
Еден од нив е и Жарко Паспаљ кој смета дека екс-селекторот е одлично решение за клубот.
„Виртус и понатаму има шанса да обезбеди пласман во Евролигата, доколку добие лиценца, тоа не е исклучено. Жал ми е за Сале, но би сакал да го видам на клупата на нашиот клуб, затоа што тоа е желба на секој партизановец. Сепак, некои работи ќе мора да се менуваат. За неуспесите на клубот сега не смееме да обвинуваме само поединци, туку секој кој извршува било каква функција во клубот, мора да сноси одговорност“ вели Паспаљ.
Партизан сезонава промени тројца тренери, а како решение до крајот на сезоната е поставен Александар Матовиќ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш