Контакт

Спорт

Едни го мразат, други го слават: Зошто се игра мечот за третото место на СП?

Објавено пред

Натпреварот за третото место на Светското првенство отсекогаш предизвикувал поделени мислења. За едни тоа е дуел што ниту една репрезентација не сака да го игра, додека други го сметаат за најпознатиот утешен натпревар во фудбалот и последна можност за освојување медал и подобрување на индивидуалната статистика.

На Светското првенство во 2026 година Англија и Франција, поразени во полуфиналето, ќе се сретнат во борбата за бронзениот медал на 18 јули на стадионот „Хард рок“ во Мајами, еден ден пред финалето меѓу Шпанија и Аргентина на стадионот „МетЛајф“ во близина на Њујорк.

Зошто ФИФА го организира овој натпревар?

Една од главните причини е финансиската. Секој дополнителен натпревар на Светското првенство носи приходи од продажба на билети, телевизиски права и маркетинг, како за ФИФА, така и за градот домаќин.

Воедно, натпреварот го пополнува терминот меѓу полуфиналето и финалето и обезбедува уште еден атрактивен пренос за телевизиските куќи.

Покрај финансискиот аспект, постои и спортски мотив. Победникот освојува бронзени медали, повеќе бодови за ФИФА ранкингот, што може да влијае на идните ждрепки, како и поголема парична награда.

Од кога се игра натпреварот за третото место?

На првото Светско првенство во 1930 година не се играл натпревар за третото место. Поразените полуфиналисти беа САД и Југославија, а Американците подоцна беа прогласени за третопласирани поради подобра гол-разлика.

Првиот официјален натпревар за бронза беше одигран во 1934 година, кога Германија ја победи Австрија со 3:2. Исклучок беше и Светското првенство во 1950 година, поради поинаквиот систем на натпреварување, а од 1954 година борбата за третото место стана стандарден дел од Мундијалот.

Натпревар на рекорди

Некои од најголемите рекорди во историјата на Светските првенства се поставени токму во натпреварите за третото место.

Најбрзиот гол на мундијалите го постигна Турчинот Хакан Шукур против Јужна Кореја во 2002 година, по само 11 секунди игра.

Французинот Жист Фонтен во 1958 година постигна четири гола против Западна Германија во победата од 6:3 и со вкупно 13 погодоци на едно Светско првенство го постави рекордот што сè уште не е соборен.

Многу добитници на „Златната копачка“, меѓу кои Еузебио, Тото Скилачи, Давор Шукер и Томас Милер, токму во овој натпревар го подобриле својот голгетерски биланс.

Годинава последна можност за тоа ќе имаат Килијан Мбапе и Хари Кејн.

Што добива победникот?

Освен бронзените медали, третопласираната репрезентација ќе заработи 29 милиони долари, два милиони повеќе од четвртопласираната, која ќе добие 27 милиони.

Најуспешна репрезентација во натпреварите за третото место е Германија со четири освоени бронзени медали.

Зошто многу тренери не го сакаат овој натпревар?

Многу селектори сметаат дека борбата за третото место е непотребна.

Поранешниот селектор на Холандија, Луј ван Гал, по Светското првенство во 2014 година изјави:

„Мислам дека овој натпревар никогаш не треба да се игра. Најлошото е што постои можност да загубите два натпревари по ред. По одличен турнир, дома се враќате како губитник.“

Сличен став имаше и поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт, кој пред натпреварот со Белгија во 2018 година рече:

„Тоа не е натпревар што која било репрезентација сака да го игра.“

И легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер на социјалните мрежи напиша:

„Натпреварот за третото место е целосна бесмислица. Последното нешто што кој било фудбалер го посакува.“

Но, за некои бронзата има големо значење

И покрај критиките, за одредени репрезентации освојувањето на третото место претставува историски успех.

Шведска во 1994 година ја совлада Бугарија со 4:0 и го оствари еден од најголемите резултати во својата историја, додека Хрватска во 1998 година како млада репрезентација ја победи Холандија со 2:1 и стигна до својата прва мундијалска бронза.

За неутралните љубители на фудбалот постои уште една причина да го следат овој натпревар – борбите за третото место речиси секогаш носат многу голови. Од Светското првенство во 1974 година досега не е одигран ниту еден ваков натпревар со помалку од два постигнати гола.

Најново

Регион20 минути

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија31 минута

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава37 минути

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава52 минути

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет57 минути

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...

Свет1 час

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка...

Македонија1 час

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Без струја денеска ќе останат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба. „Од ЕВН Македонија АД известени...

Македонија1 час

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку...

Македонија2 часа

(Видео) Борбата со огнот траеше цела ноќ: Куќите во Лозани повеќе не се загрозени

Борбата со пожарот во битолското село Лозани траеше цела ноќ, а куќите повеќе не се загрозени, информираа рано утрово директорот...