Спорт
Ек вели дека собрал пари, ќе даде сериозна понуда за Арсенал

Даниел Ек, шведскиот милијардер кој е сопственик на „Спотифај“, вели дека ќе даде солидна понуда на Стен Кренке за купување на Арсенал, откривајќи дека веќе ги собрал потребните средства за преземањето на клубот.
Во интервју за „Си-ен-би-си“, Ек вели дека е многу сериозен за преземање на клубот и покрај тоа што семејството Кренке изјави дека нема намера да го продаде клубот и покрај притисокот од навивачите. 38-годишниот Ек има поддршка на легендите на клубот, Тјери Анри, Денис Бергкамп и Патрик Виера.
„Навивач на Арсенал сум од мојата осма година. Арсенал е мојот тим. Ја сакам историјата, ги сакам фудбалерите и секако, ги сакам фановите. Ова е вистинска шанса да се влезе со вистинска визија за клубот и да се врати старата слава. Сакам да ја добијам довербата на навивачите. Ги имам обезбедено потребните средства и мислам дека имам солидна понуда“, вели Ек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Прв пораз за Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва во ВТБ лигата

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ го претрпе првиот пораз со ЦСКА Москва по серијата од 24 последовни победи во ВТБ лигата. ЦСКА Москва загуби на домашен терен од Зенит со 86:90 во драматичен натпревар.
Зенит го најави изненадувањето во првиот период кој го доби со 18:26, но потоа одговори ЦСКА Москва и на полувреме замина со три поени предност (42:39).
Драматичниот меч се решаваше во последната четвртина, а Алексеј Швед не успеа да реализира при минимално водство на гостите (77:79). Зенит поведе со 77:83 и успеа да слави триумф со конечни 86:90.
Спорт
Лацио освои бод во Верона

Лацио ремизираше (1:1) на гости против Верона и се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А со 39 бода. Сега „лацијалите“ имаат бод повеќе од Аталанта во трката за пласман во Лигата на шампионите.
Шпанецот Педро во 45.минута донесе водство за Лацио, но Сирил Нгонг не дозволи пораз за Верона откако погоди во 51.минута од мечот.
Верона по ова реми се наоѓа на 18. позиција со 14 освоени бодови.
Спорт
Бојан Миовски во тимот на колото во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби место во најдобриот тим на колото во првенството на Шкотска, што го објавува влијателниот „Би-Би-Си“. Напаѓачот на Абердин имаше одличен настап за својот тим во триумфот од 3:1 против Мадервил.
Миовски постигна два гола во победата на Абердин.