Контакт

Спорт

Ерани го загуби маратонот од Бертенс, па ја обвини дека е „фејкер“

Објавено пред

Поранешната финалистка од Ролан Гарос, Италијанката Сара Ерани ја обвини холандската петта носителка Кики Бертенс за неспортско однесување при драматичниот меч од второто коло на Ролан Гарос.

Бертенс победи со 7:6(5)/3:6/9:7 во меч кој траеше над три часа и во кој Ерани двапати сервираше за победа и не успеа да оствари една меч топка. Одлучувачкиот трет сет беше одбележен со осум брејка во низа.

Ерани, која влезе на турнирот преку квалификациите иако играше во финалето во Париз пред осум години, беше лута на постојаните медицински паузи кои ги бараше Бертенс, за на крајот да опцуе на италијански и да одбие да се поздрави со рекетите со противничката. Бертенс на крајот си замина од теренот во количка.

„Не ми се допаѓа кога некој се игра со тебе. Таа одигра одличен меч, но не ми се допаѓа тоа однесување – еден момент плаче во болки, другиот трча како луда, а потоа ќе оди во ресторан. Не ми се допаѓаат такви работи“, вели Италијанката.

Бертенс ги отфрли обвинувањата.

„Таа имаше свои шанси, не ги искористи и сега зборува“, вели Бертенс.

Спорт

Мурињо: „Фортнајт“ е кошмар, фудбалерите го играат тоа ср.ње по цела вечер!

Објавено пред

Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо беше гостин на Јутјуб каналот на „волчицата“ во кој одговараше на прашања поставени преку социјалните мрежи, околу вечниот град, јадењето, социјалните мрежи, музиката и „Фортнајт“.

– Градот Рим?

Историја, моќ, страст.

– Олимпискиот стадион?

Фантастичен.

-Животот во Италија?

Не знам дали можам да го наречам живот, бидејќи е многу тешко. Хахахаха.

– Инстаграм?

Смешен е.

– Навивачите на Рома?

Моите навивачи.

– Фортнајт?

Кошмар! Фудбалерите седат цела вечер играјќи го тоа ср.ње. А следниот ден ги чека меч.

– Сетубал?

Дома, единствениот збор кој може да го опише. Јас сум граѓанин на светот, но Сетубал е дома.

– Три омилени италијански јадења?

Би можел да набројан 30. Дури и кога живеев во Лондон омилените ресторани ми беа италијанските. Пиката со лимон, равиоли со домати… Морам да внимавам колку јадам.

– Омилена музика?

Роден сум во 1963, што значи дека бев млад во 1980-тите и 1990-тите. Тогаш работите припаѓаа на Брајан Адамс и Брус Спрингстин.

– Дијалектот во Рим?

Даје Рома! Морам да научам повеќе, но имам луѓе кои ми помагаат.



Прикажи повеќе...

Спорт

Барселона побара репрограмирање на платите на фудбалерите

Објавено пред

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, е подготвен да направи сѐ што е потребно да ги воведе финансиите во каталонскиот гигант на вистински пат по што од дел од фудбалерите побарал репограмирање на нивните плати за клубот да ги исполни барањата на Ла Лига за лиценцирање играчи.

Жерард Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Серхи Роберто се четирите фудбалери за кои се смета дека имаат превисоки плати, особено во ситуација на економска криза, и Барселона сака да им ги скрати платите со ветување за продолжување на договорот.

Сепак, според „Марка“, одредени фудбалери одбиваат да ги намалат своите плати, особено бидејќи вината воопшто не е кај нив. Се верува дека Барселона се обидува да ги продаде Самуел Умтити, Миралем Пјаниќ и Антоан Гризман, што е можно побргу.

Барселона уште ги нема регистрирано своите четири нови засилувања ова лето (од кои три дојдоа со слободни трансфери), а нема продолжување на договорот ниту на Лионел Меси, кој чека Лапорта да ја среди мешаницата за да се врати во Каталонија.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Скај“: Пандев сигурно останува во Џенова уште една сезона

Објавено пред

Македонскиот капитен Горан Пандев денеска ќе го продолжи договорот со Џенова и ќе остане со тимот на „Рособлу“ барем уште 12 месеци, тврди „Скај спорт Италија“.

Пандев ја предводеше Македонија на историското прво Европско првенство и би требало да се врати од одмор следната недела по што ќе се сретне со старо-новиот тренер Давиде Балардини и соиграчите.

38-годишниот Пандев, покрај 122-те настапи за македонската репрезентација, за Џенова е клучен играч по пристигнувањето во јули 2015, од кога има 165 настапи со 32 гола и 11 асистенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион6 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија8 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија9 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија9 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија11 час

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија12 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ12 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ13 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет14 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ15 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет15 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет16 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија16 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет1 ден

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет1 ден

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет1 ден

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Досие