Спорт
Ериксен и официјално е на продажба

Директорот на Интер, Бепе Марота, потврди дека Кристијан Ериксен се наоѓа на „листата на фудбалери кои може да направат трансфер“ во јануари и дека најверојатно го одигра последниот меч за „нераѕурите“, откако не беше дел од тимот на Антонио Конте за денешниот дуел со Верона.
Интер му дозволиле на Ериксен да се врати во Данска за да биде со неговата сопруга, која во наредните неколку дена треба да се породи.
„Ќе се сретнеме со тренерот, но не на застрашувачки начин, туку нормално, бидејќи доаѓа половина од сезоната на стартот на преодниот рок. Јасно кажавме дека има фудбалери кои се на таа листа со која можат да направат трансфер, тие кои сакаат да играат повеќе и клубот ќе биде задоволен да го реши тоа. Ериксен е на таа листа, да, бидејќи не успеа да се вклопи во тимот и не е функционален за Интер. Тоа е објективен факт, а не навреда за неговиот професионализам, не се работи за казна туку само за ситуација која се развиваше подолго време“, вели Марота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Неверојатна сцена од Дакар – хеликоптер го закачи второпласираниот камион

Релито „Дакар“ секогаш носи возбудувања, но и опасности, и никој не можеше да ја замисли сцената што се случи на последната етапа кога камионот на Антон Шибалов, освојувачот на второто место со тимот на Камаз-Мастер, имаше близок контакт со хеликоптер на организаторите при скок над една дина.
Во неверојатен инцидент, кој беше фатен на камера, Камазот на Шибалов остана со оштетен покрив откако хеликоптерот се спушти опасно ниско. Овој инцидент доаѓа откако на последниот дел од трката францускиот мотоциклист Пјер Шарпен почина од повреди на главата на релито, а индискиот мотоциклист Ц. С. Сантош уште е во медицински индуцирана кома.
Дмитриј Сотников првпат во кариерата триумфира во пласман на камиони откако водеше во сите 12 етапи од трката, Камаз-Мастерс оствари 1-2-3 победа, Шибалов заврши втор, а Ајрат Мардеев на третото место. Ова е петти пат едноподруго Камаз да има 1-2-3 победа.
#DakarRally2021 #DakarInSaudi #dakar #Dakar #kamaz #داكار2021 #داكار_السعودية2021 helicopter crashed the roof of the kamaz today 😯😯😯 pic.twitter.com/rG2p1EcpIl
— Muaath ⛰ (@Muaath___) January 15, 2021
Этап 12#kamazmaster #kamaz #bankvtb #rostec #mercedesrussia #GoodYear #palfinger #varta #totalrussia #redbull #tatneft #ESAB #атмгрупп #haier #ecogas #газвмоторы #Dakar2021 #Дакар2021 #КамазМастер pic.twitter.com/rEcS1ynzXJ
— KAMAZ-master (@KAMAZmasterTEAM) January 15, 2021
Спорт
Вејн Руни стави крај на играчката кариера, продолжува како менаџер на Дерби

Легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, беше именуван за постојан менаџер на Дерби по што 35-годишниот Англичанец стави крај на својата играчка кариера.
Поранешниот капитен на Англија беше привремен тренер на второлигашот од ноември по отказот што го доби Холанѓанецот Филип Коку. Руни имаше 3 победи и 4 реми во девет натпревари и сега доби договор до 2023 година со прва цел да избегне испаѓање во третата лига. Негови помошници ќе бидат Лајам Росениор, Шеј Гивен и Џастин Вокер, а поранешниот помошник на сер Алекс Фергусон, Стив Мекларен, останува технички директор на клубот.
Руни беше играч и тренер на Дерби по враќањето во Англија по настапите во МЛС-лигата за Ди Си јунјатед.
„Кога се вратив во Британија, бев воодушевен од потенцијалот на Дерби каунти. Стадионот, тренинг-центарот, квалитетот на тренерскиот тим и одличните млади фудбалери, но секако и фантастичните навивачи, кои останаа лојални на клубот. Имав и други понуди, но знаев дека Дерби е клуб за мене“, вели Руни.
Руни, кој останува најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, го следи примерот на својот поранешен соиграч од репрезентацијата, Френк Лампард, кој го однесе Дерби до плејофот за влез во Премиер лигата во 2019 по што седна на клупата на Челси.
Captain. Leader. The greatest.@WayneRooney: The Manager 🐏
— Derby County (@dcfcofficial) January 15, 2021
A captain.
A goalscorer.
A legend.And now, 𝗮 𝗺𝗮𝗻𝗮𝗴𝗲𝗿.
Happy retirement, @WayneRooney — thank you for the memories ❤️ pic.twitter.com/ZGxe1xr3tR
— Manchester United (@ManUtd) January 15, 2021
Congratulations on a magnificent playing career, @WayneRooney 👏
All the best in management 👊 pic.twitter.com/SP1ORnzJxV
— Premier League (@premierleague) January 15, 2021
Спорт
Барселона ги одложи изборите поради Ковид-19
Барселона мораше да ги одложи изборите за претседател на клубот на 24 јануари поради пандемијата на Ковид-19 и мерките за ограничување на движењето што ги донесе регионалната каталонска влада.
Нов датум за изборите не е одреден, а клубот побара од каталонската влада да овозможи гласање. Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреича се преостанатите тројца кандидати за угледната позиција во гордоста на Каталонија, а апсолутен фаворит е поранешниот претседател Лапорта.
„По состанокот на каталонската влада и Барелона, беше пренесено дека со сегашната епидемиолошка ситуација не е возможно да се овласти движење надвор од општината на членовите што не се од градот и затоа мора да дојде до одложување. Клубот побара да се олабават мерките за да се одреди нов датум за избори“, се вели во соопштението на Барса.
Клубот сака бргу да најде замена за Жозеп Марија Бартомеу најмногу поради утврдувањето на иднината на нивниот капитен, Лионел Меси, кој има договор само до јуни.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира