Спорт
Естонски предизвик за Шкендија!
Двократниот естонски шампион, Номе Калjу од Талин ќе биде противникот на Шкендија во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, одреди ждрепката која денеска се оддржа во Нион, Швајцарија.
Ова е можеби најслабиот противник кој можеше да го добие Шкендија, бидејќи како носител во првата група можеше да игра уште со Судува (Литванија), Арарат (Ерменија), ЦФР Клуж (Романија) и Ференцварош (Унгарија).
Калjу е тим основан во 1923 година, и повторно реобновен во 1997 година, и двапати беше шампион на балтичката земја (2012 и 2018 година). Во нивниот состав мнозинството го прават естонски фудбалери, со Италијанецот Масимилијано Уге и со Бразилецот Лилиу како засилувања.
Првите мечеви се играат на 9 и 10 јули, додека реваншот е на 16/17 јули.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Номе Калју (Ест) – Шкендија (Мкд)
Судува (Лет) – Црвена звезда (Срб)
Арарат (Ерм) – АИК Стокхолм (Шве)
Астана (Каз) – ЦФР Клуж (Ром)
Лудогорец (Буг) – Ференцварош (Унг)
Селтик (Шко) – Сараево (БиХ)
Шериф Тираспол (Мол) – Сабуртало (Гру)
Дуделанж (Лук) – Валета (Мал)
Партизани (Алб) – Карабаг (Азе)
Слован Братислава (Свк) – Сутјеска (ЦГо)
Линфилд (СИр) – Розенборг (Нор)
Валур (Исл) – Марибор (Сло)
Дандалк (Ирс) – Рига (Лет)
Њу Сеинтс (Вел) – победник од прелиминарната рунда
ХЈК Хелсинки (Фин) – ХБ Торсхавн (Фар)
БАТЕ Борисов (Блр) – Пјаст Гливице (Пол)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.