Контакт

Спорт

Етапна победа за Пино по пауза од четири години

Објавено пред

Францускиот велосипедист, возач на тимот Групам, ја освои 14 етапа на Тур д’Франс. Најкратката етапа на трката (117,5 километри) ги однесе возачите од Тарб до врвот на Пиринеите на надморска височина од 2.115 метри.

Пино во драматична завршница се одвои од водечката група, во која имаше пет возачи и успеа да влезе со предност од пет секунди. Ова е прва етапна победа за Пино на Тур д’Франс по речиси четири години. Втор низ целта мина лидерот во генералниот пласман Жилијан Алафилип.

Во финишот на трката на еден километар пред целта, од водечката група отпадна првиот фаворит на трката Грејент Томас. Тој сега зад лидерот Алафилип заостанува за повеќе од две минути.

В недела на Тур д’Франс се вози 185 километри долгата етапа од Лиму до Фу.

foto/epa



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Конечна разврска во Д-групата, Шведска гостува во Романија

Објавено пред

Натпревари во групите Д, Ф и Ј во рамките на квалификациите за пласман на Евро 2020 ќе се одиграат вечерва. Последните две кола ќе донесат конечна разврска во Д-групата и ќе ги одредат второпласираните во групите Ф и Ј.

Три селекции имаат шанси за пласман на првите две места во Д-групата. Во најлоша положба се Ирците, кои сами си ја одредуваат судбината и во исто време зависат од Данска и Швајцарија.

Ирците вечерва нема да играат, во последното коло на 18 ноември ќе ја пречекаат Данска и тогаш мора да победат. Данците вечерва се фаворити против Гибралтар и во последното коло ќе им биде доволен еден бод, во слична положба се и Швајцарците, две победи над аутсајдерите Грузија и Гибратар ќе ги однесат на ЕП.

Група Д

Данска-Гибралтар
Швајцарија-Грузија

Табела: Република Ирска 12 (7 натпревари), Данска 12 (6), Швајцарија 11 (6), Грузија 8 (7), Гибралтар 0 (6)

Шпанците, во пресрет на последните две кола во Ф-групата, се сигурни патници на Евро 2020, за второто место се борат Романија и Шведска. Романците се во тешка положба, мора да победат вечерва во дербито против Шведска, а потоа и на гости кај Шпанија. Швеѓаните во последното коло ќе играат против Фарските Острови.

Група Ф

Норвешка-Фарски Острови
Шпанија-Малта
Романија-Шведска

Табела: Шпанија 20, Шведска 15, Романија 14, Норвешка 11, Фарски острови 3, Малта 3

Италија има максимален ефект во Ј-групата, а на Финска ѝ е потребен еден бод за да го оствари најголемиот успех во својата историја. Финците вечерва ќе го пречекаат Лихтенштајн.

Група Ј

Ерменија-Грција
Финска-Лихтенштајн
Босна и Херцеговина-Италија

Табела: Италија 24, Финска 15, Ерменија 10, БиХ 10, Грција 8, Лихтенштајн 2

Прикажи повеќе...

Спорт

Дончиќ со нов трипл-дабл, Јокиќ најдобар кај Денвер, Џорџ дебитираше за Клиперс (Видео)

Објавено пред

Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл, Никола Јокиќ ги предводеше Денвер до нова победа, а Пол Џорџ дебитираше за Лос Анџелес Клиперс.

Денвер Нагетс забележаа победа над Бруклин Нетс 101:93. Седмумина кај Денвер постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Јокиќ со 18 поени и 10 скока, односно Пол Милса со 18 поени. Тројца кај Бруклин мечот го завршија со 17 поени (Ирвинг, Динвиди, Ален).

Дониќ забележа трипл-дабл (33 поени, 10 скока, 11 асистенции) но Далас Маверокс го загубија мечот од Њујорк Никс 103:106.

Милвоки Бакс славеа над Чикаго Булс 124:115. Јанис Аденткумбо забележа 38 поени и 16 скока, а Ерик Бледсо ппостигна 31 поен.

Пол Џорџ со 33 поени и пораз од Њу Орлеанс Пеликанс 132:127 дебитираше за Лос Анџелес Клиперс. Пеликанс ги предводеа Деворик Фејворс со 20 поени и 20 скока односно Џру Хоидеј со 36 поени.

Финикс убедливо ја поразија Атланта. Дрио Шариќ ги предводеше Санс со 23 поени и шест скока.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мело има нов клуб, ќе игра за Портланд

Објавено пред

Кармело Ентони по рдногодишна пауза се враќа во НБА лигата и тоа во дресот на Портланд Трејлблејзерс. Медиумите кои ја објавија оваа информација тврдат дека ветеранот од Портланд ќе добие „негарантиран“ договор и дека по ден ќе биде платен 14.490 долари.

Договорот помеѓу Портланд и Ентони ќе стане постојан на 7 јануари наредната година.

„Зелено светло“ за овој трансфер дал првиот играч во тимот Демијан Лилард.

Десеткратниот учесник на Ол-стар натпреварите нема клуб една година откако лани ги напушти Хјустон Рокетс. Портланд
ќе биде неговиот петти клуб во НБА лигата по Денвер, Њујорк, Оклахома и Хјустон.

Ентони во тимот треба да биде замена за повредениот Зак Колинс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа53 минути

Снежна бура во Франција: Еден загинат, 300 000 домови останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија заради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет1 час

Полската полиција евакуираше училиште и зграда откако пронајде експлозив во стан

Според полското радио „РМФ ФМ“, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани откако полицајците откриле...

Свет2 часа

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион3 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет3 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет4 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија16 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура18 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија18 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион19 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија22 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет24 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија1 ден

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија1 ден

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија1 ден

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија1 ден

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет1 ден

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Досие