Спорт
Еве кој клуб ќе има најмногу играчи на Светското првенство
Светското првенство во фудбал во 2026 година во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни,, а ќе заврши на 19 јули.
Според студијата на бразилскиот весник „О Глобо“, која анализирала податоци за 1.248 поканети играчи, Манчестер Сити е на врвот на листата на клубови со најмногу претставници на турнирот. Победникот на два англиски купа испраќа дури 19 играчи од 12 различни национални селекции на првенството.
Со ова, Сити го врати рекордот што го држеше Баерн Минхен на Светското првенство во Катар 2022 година со 17 играчи. Пред тоа, на првенството во Русија 2018 година, Сити исто така беше на врвот на листата со 16 повикани играчи.
Вкупно 1248 играчи што патуваат на Светското првенство доаѓаат од 453 различни клубови од целиот свет.
19 играчи на Сити по репрезентација:
Англија: Џејмс Трафорд, Џон Стоунс, Марк Гехи и Нико О’Рајли
Португалија: Матеус Нунес, Рубен Диашс и Бернардо Силва
Хрватска: Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ
Холандија: Нејтан Аке и Тижани Рајндерс
Алжир: Рајан Аит-Нури
Белгија: Жереми Доку
Египет: Омар Мармуш
Шпанија: Родри
Франција: Рајан Шерки
Гана: Антоан Семењо
Узбекистан: Абдукодир Кусанов
Норвешка: Ерлинг Халанд
Веднаш зад Манчестер Сити е Баерн Минхен со 18 играчи, потоа Арсенал и ПСЖ со по 16 и Барселона со 15 играчи. Најуспешен клуб надвор од Европа е саудискиот Ал-Хилал, кој со 12 репрезентативци го зазема високото шесто место. По 12 репрезентативци имаат и Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.
Foto/ Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кристијано цела вечност нема постигнато гол на големите натпреварувања
Ремито на Португалија со Демократска Република Конго (1:1) во првото коло од Светското првенство донесе уште еден факт што нема да го направи Кристијано Роналдо среќен.
Капитенот на Португалија се наоѓа во серија од десет натпревари на големи меѓународни натпреварувања без постигнат гол. Станува збор за натпревари на светските и европските првенства.
Во тој период, Роналдо упати 33 удари кон противничкиот гол, од кои 11 завршија во рамките на голот, но ниту еден во мрежата.
Својот последен гол на голем турнир го постигна на Европското првенство 2024 година, по што започна неговиот пост.
Cristiano Ronaldo is goalless in his last 10 Portugal games at major tournaments:
𝟐𝟎𝟐𝟐 𝐖𝐨𝐫𝐥𝐝 𝐂𝐮𝐩:
❌ vs. Uruguay
❌ vs. South Korea
❌ vs. Switzerland
❌ vs. Morocco𝟐𝟎𝟐𝟒 𝐄𝐮𝐫𝐨𝐬:
❌ vs. Czechia
❌ vs. Türkiye
❌ vs. Georgia
❌ vs. Slovenia
❌ vs. France… pic.twitter.com/sWQnSYh7uO— B/R Football (@brfootball) June 17, 2026
Португалија следниот натпревар ќе го игра против Узбекистан на 23 јуни, а во третото коло против Колумбија на 28 јуни.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Далас, Англија ја победи Хрватска
Првото вистинско дерби на Светското првенство ги оправда очекувањата. На стадионот во Далас, во Л групата, Англија ја победи Хрватска со 4:2.
Хрватите на „Гордиот Албион“ му се спротивставија само во првото полувреме, кога максимално ги користеа своите шанси и од два шута постигнаа два гола. Вториот дел мина во целосна доминација на Англија, особено во првите 15 минути, кога Ливаковиќ со неколку спектакуларни интервенции спречи тежок пораз на својата репрезентација.
Започна со грешката на Модриќ и фаулот врз Мадуеке. Кејн во 12-та минута два пати го шутираше пеналот. Од втора погоди за 1:0.
Возврати Хрватска во 36-та минута со спектакуларниот гол на Батурина. Англичаните шест минути подцна ја вратија предноста, кога по корнерот на Рајс, Кејн остана сам на 10 метри од голот и лесно реализираше.
Хрватите во текот на целиот меч имаа проблем да ги бранат корнерите, речиси секој удар од аголот носеше и шанса за гол на противникот.
Хрватска повторно се врати во мечот во последните секунди од првиот дел, кога луцидната асистенција на Перишиќ, Муса го совлада Пикфорд.
Вториот дел започна со урагнски напади на Англија. По 90 секунди, Белингем трет пати и донесе предност на својата репрезентација. Опсадата на голот на Англија продолжи, а Ливаковиќ го одбрани својот гол по ударите на Рајс, Кејн, Белингем, О’Рајли, Гордон.
Точка на победата на Англија стави Рашфорд во 85-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Навивачите лути на Роналдо
Португалија во првото коло од Светското првенство 2026 одигра 1:1 против ДР Конго. Португалците добро го отворија натпреварот и поведоа уште во шестата минута, кога Жоао Невеш погоди со глава. Сепак, ДР Конго постојано се закануваше во текот на првото полувреме, а непосредно пред паузата Јоане Виса со удар со глава израмни на 1:1.
Во второто полувреме Португалија повеќе ја контролираше топката, но не создаде многу сериозни шанси, додека Конгоанците беа опасни од контранапади. Натпреварот заврши без победник, а африканската селекција освои историски прв бод на светските првенства.
Сите погледи беа вперени кон Кристијано Роналдо, но португалската ѕвезда не успеа да остави поголем белег на натпреварот. Според податоците на Би-Би-Си Спорт, до полувремето ја допрел топката само 16 пати и не упатил ниту еден удар кон голот.
Во вториот дел конечно се закани пред 70. минута, но шутираше покрај голот. Неколку моменти подоцна пропушти уште една добра можност од непосредна близина. И покрај тоа, селекторот Роберто Мартинез го остави на теренот до крајот на натпреварот.
Роналдо натпреварот го заврши со оценка 6,2 според „Софаскор“, што беше најниска оценка меѓу португалските фудбалери, заедно со Бернардо Силва, кој беше заменет на полувремето.
Последен пат пониска оценка за Португалија имал на Светското првенство пред четири години против Јужна Кореја, кога добил оценка 5,6.
На мечот против ДР Конго имаше само три обиди кон голот, од кои ниту еден не заврши во рамките на голот. Топката ја допре 25 пати, што е помалку и од голманот Диого Кошта, кој имаше 37 контакти.
Настапот на Роналдо предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи.
„Роналдо е смешен, целосно исчезна од теренот“, напиша еден навивач.
Друг оцени дека тој е „лоша среќа за оваа репрезентација“, додека трети смета дека легендарниот напаѓач повеќе не треба да биде стартер и треба да започнува натпревари од клупата.
Имаше и коментари дека Роналдо и Бернардо Силва се веќе премногу стари и го забавуваат остатокот од тимот, како и дека цел свет може да види дека португалскиот капитен не е во препознатлива форма.
Еден навивач забележа дека Роналдо лошо реагирал во една ситуација во која требало да му ја препушти топката на Бруно Фернандеш, додека друг напиша дека тој бил најслабиот португалски фудбалер на теренот.
