Спорт
Евролига: ПАО со подвиг во Москва, Ефес „газат“ (видео)
Панатинаикос стигна до тешка победа од 106:102 по продолженијата на гостувањето кај шампионот од Евролигата, ЦСКА Москва, за да го подобрат скорот на 10-7 по првата половина од регуларната сезона.
Во поголемиот дел од мечот имаше израмнета битка на двата тима, но грчкиот тим беше поуспешен во проодлжението. Ник Калатес (22 поени) со тројка на шест секунди пред крајот израмни на 89:89, додека во петте минути, Калатес и Константинос Митоглу беа фантастични. Митоглу го заврши мечот со 25 поени и 15 скока. Кај ЦСКА, Мајк Џејмс имаше 30, а Даниел Хакет 24 поени, но „Армејците“ загубија по три меча и сега имаат 11-6 скор.
Тибор Плајс имаше 20 поени и 10 скока, Шејн Ларкин додаде 20 поени за Анадолу Ефес со 101:82 лесно да го совладаат Химки и да се зацврстат на првото место на табелата со 14-3 скор. Химки, повторно без најдобриот нивни кошаркар, Алексеј Швед имаат 8-9 скор.
Ефес водеше со 47:43 на полувреме, пред да ја добие третата четвртина со 38:18 и да почнат да доминираат во мечот.
ЕВРОЛИГА, 17.КОЛО
ЦСКА Москва – Панатинаикос 102:106 (22:17, 23:32, 24:20, 20:20, 13:17)
Анадолу Ефес – Химки 101:82 (21:19, 26:24, 30:18, 24:21)
Асвел Лион – Реал Мадрид 78:87 (21:23, 16:29, 22:20, 19:15)
Армани Милано – Зенит Петерсбург 73:72 (19:17, 22:24, 14:15, 18:16)
Валенсија – Алба Берлин 91:77 (18:27, 19:15, 25:15, 29:20)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.