Спорт
Ф1 сезоната нема да стартува од Австралија

Сезоната во Формула 1 нема да започне во Австралија, поради рестриктивните мерки поврзани со заштита од коронавирусот, тврди „Автоспорт“.
Според календарот, трката за Големата награда на Австралија е прва во сезоната и треба да се вози на 21.март. Во календарот има вкупно 23 трки.
„Поради задолжителниот 14-дневен каратин за сите што влегуваат во Австралија, најреално е трката во Мелбрун да биде одложена за подоцна“, пишува „Автоспорт“.
Доколку во ФИА решат да ја одложат оваа трка, тогаш сезоната ќе започне на 28,март со Големата награда на Бахреин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чупиќ: Данска и Норвешка најголеми фаворити за финале, ќе решава една топка

Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ, десното крило на скопски Вардар по враќањето на својата селекција во татковината ги искажа импресиите по одиграниот шампионат.
„Не може да е добро кога не отидовме во четвртфинале, одигравме многу лош меч со Данска и резиме на се е дека требаше и можеше подобро. Ни фалеше од се по малку, и одбрана, транзиција напад, играчи, помалку повреди. Не треба да се бара алиби затоа што овој резултат е нашата реалност“ рече Чупиќ за хрватските медиуми по доаѓањето во Загреб.
Хрватскиот репрезентативец одигра на Мундијалот помалку од 2 часа, а своето најдобро издание го имаше против Аргентина (Хрватска доживеа пораз од „Гаучосите“), со 7 гола. Играчот за кој се споменува дека ќе го напушти „црвено-црниот“ дрес и ќе се врати во редовите на Загреб го прогнозираше и изгледот на финалната двојка на шампионатот.
„Норвешка се подигнува, Франција се мачи, но секогаш е Франција, Данците изгледаат самоуверено и моќно, Шпанците знаат да играат важни мечеви и тоа се главните 4 фаворити. Ги гледам Данците и Норвежаните како најголеми фаворити иако ќе одлучува една топка“ смета хрватскиот ракометар.
Спорт
Ноле со порака на денот кога почина Коби: „Те сакам, пријателе мој“

Точно една година помина од трагичната хеликоптерска несреќа во која меѓудругите животот го загуби и кошаркарскиот ас, Коби Брајант – трагедија која го здрма спортскиот свет. Веста за трагедијата на Коби, српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ го затекна на Австралија опен.
„Тој е еден од најголемите спортисти на сите времиња, ме инспирираше мене и многу други. Ја имав таа среќа да имам одличен однос со него, ми беше поддршка кога ми беше потребно, ми даваше совети, секогаш беше тука. Тој беше мојот ментор, мој пријател“ рече Ѓоковиќ пред 366 дена.
Српскиот тенисер се сети на својот пријател и на 23 август минатата година кога Коби требаше да го прослави својот роденден. Ноле на Коби се сети и денеска, на денот кога замина во вечноста.
На Инстаграм сподели фотографија од нив двајцата со краток опис на англиски и на италијански:
„Засекогаш Мамба. Те сакам, пријателе мој“.
Спорт
Меси почнал да учи француски, го носи ли патот во Париз?

Иако аргентинскиот ас од Барселона, Лео Меси во интервју пред неколку дена рече дека нема да одлучува за својата фудбалска иднина пред да заврши тековнава сезона, од Франција стигнуваат други бранувања. Во земјата на „галските петли“ се чини сакаат по секоја цена да го видат аргентинскиот фудбалски виртуоз во дресот на ПСЖ пред да му истече договорот со Каталонците.
Пред една недела спортскиот директор на „Светците“ наведе дека играч од типот на Меси секогаш бил на радарот на овој клуб, а соиграчот на Меси од репрезентацијата, Леандро Паредес посочи и дека постојано го следат аргентинскиот ас, но одлуката дали ќе дојде во Париз е исклучително само на играчот.
На сета оваа мешаница, еден од најдобро упатените француски спортски новинари, Жефри Герети (ТВ Канал плус) изјави дека цело семејство на Меси учи француски, одат на приватни часови.
„Зошто учи француски ако потпише за Манчестер Сити? Нема смисла. Оваа информација која можам да ја потврдам е од многу доверлив извор“ изјави Герети.
Додека траат турбуленциите во Франција, Меси ќе може да се врати на теренот веќе на дуелот против Рајо Ваљекано откако заработи суспензија од 2 меча поради црвениот картон против Атлетик Билбао.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот