Спорт
ФА: Герет направи повеќе од сите селектори пред него во последните 50 години
Герет Саутгејт (53) поднесе оставка како селектор на Англија. Англија во финалето на ЕП беше поразена од Шпанија со 2:1. За Саутгејт, ова беше втор пораз во борба за континенталната титула. Да потсетиме, Англија загуби и од Италија во 2021 година во финалето на истиот турнир. Саутгејт е на чело на Англија од 2016 година.
Откако Саутгејт официјално се повлече, извршниот директор на ФА, Марк Булингам, им се обрати на медиумите.
„Во име на англискиот фудбал, би сакал да му се заблагодарам на Герет Саутгејт и неговиот помошник Стив Холанд за сѐ што постигнаа. Во последните осум години тие ја трансформираа репрезентацијата на Англија омозможувајќи им незаборавни спомени на сите што ги сакаат трите лава. Гледајќи наназад на мандатот на Герет, неговиот придонес во развојот на играчите и промената на културата на нашиот фудбал е единствен. Исто така, рекордниот број победи на големи турнирите се единствени“, рече Булингем.
„Откако Англија ја освои титулата светски шампион во 1966 година до Светското првенство во Русија во 20180 година. што беше првото големо натпреварување на Герет задолжено, Англија победи само на седум натпревари со нокаут фазата. Во осумте години на чело на репрезентацијата, Герет победи на повеќе натпревари на големите натпреварувања од сите селектори заедно во последните 50 години.
Бевме во финалето на ЕП во Лондон, бевме во финалето во Берлин. Пред Герет, Англија најдолго беше само пет месеци меѓу најдобрите пет репрезентации во светот. За време на неговиот мандат таа беше таму шест години. Герет ја овозможи невозможната работа и постави голема основа за нови успеси. Ние сме горди на сето она што тој го направи и засекогаш ќе му бидеме благодарни. Што се однесува до новиот тренер, јасно е дека има многу шпекулации, но нема да коментираме додека не донесеме конечна одлука“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Суарез: Реков некои работи што не требаше да ги кажам
На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез изјави дека е отворен за евентуално враќање во националниот тим.
За потсетување, легендарниот напаѓач, реши да се пензинира од националниот тим, во септември 2024 година, по недоразбирањата со селекторот Марсело Биелса.
Пред повеќе од 18 месеци, Суарез го обвини Биелса дека создава раздор во тимот и дека се однесува ладно кон играчите.
„Тогаш кажав некои работи што не требаше да ги кажам. Мора да бидете способни да ги признаете своите грешки, за мене тоа сега е минато. Ако мојата земја има потреба од мене, никогаш нема да кажам не. Додека сум активен, ќе бидам достапен“, рече поранешниот напаѓач на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, а сега на Интер Мајами.
За време на својата богата кариера, Суарез одигра 143 натпревари за репрезентацијата и постигна рекордни 69 гола. Пред 15 години, тој го освои првенството на Јужна Америка со Уругвај, а беше учесник и на четири светски првенства, па годинашното, доколку сегашниот селектор на Уругвај Биелса го врати во составот, би му било петто.
Светското првенство се игра од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а Уругвај влегува во него од групата Х, каде противници ќе му бидат репрезентациите на Шпанија, Зелено’ртските острови и Саудиска Арабија.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Лазаров го објави списокот за баражот против Словачка
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи за претстојниот бараж натпревар против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.
Првиот меч помеѓу Словачка и Македонија ќе се игра на 14 мај во Прешов, а реваншот е три дена подоцна во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Репрезентативците првиот собир ќе го имаат на 10 мај.

Извор и фото/ macedoniahandball.com.mk
Спорт
Баерн заинтересиран за Баркола – Цената е 90 милиони евра
Баерн Минхен повторно покажа интерес за крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола. Според „Скај Спорт Германија“, спортскиот директор Макс Еберл се распрашувал за можноста евентуалниот трансфер да се случи во летниот преоден рок, но одговорот од Париз наводно бил разочарувачки.
ПСЖ бара обештетување до 90 милиони евра за својот играч, износ што германскиот шампион не може или не сака да го плати. Баерн и неколку други европски гиганти беа заинтересирани за Баркола и минатото лето, но ПСЖ ја одби продажбата, а Баварците се свртеа кон Луис Дијаз, кого го доведоа од Ливерпул за 70 милиони евра, што се покажа како одличен потег.
И покрај успешниот трансфер на Дијаз, извештаите сугерираат дека клубот од Минхен сè уште бара разновиден напаѓач. Од друга страна, 23-годишниот Баркола наводно е многу незадоволен од својата улога во Париз, каде што најчесто е резерва.
Така беше и во полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн, каде во двата натпревари доби шанса во последните 15-тина минути.
Иако неговиот договор е со важност до 2028 година, па ПСЖ не е под притисок да го продаде, упорноста на играчот би можела да ја промени ситуацијата. Се вели дека пред неколку месеци тој го одбил понуденото продолжување на договорот.
Во контекст на потрагата по засилувања, Баерн се поврзува со крилниот напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон, кој наводно сака да го напушти „Сент Џејмс Парк“ и би можел да се вклопи во нападот зад Хари Кејн.
Сепак, според „Атлетик“, внатрешна цел број еден за Баварците е Јан Диоманде од РБ Лајпциг.
Што се однесува до Баркола, Баерн не е единствениот што е заинтересиран. „Скај Спорт“ наведува дека го следат неколку врвни клубови и дека неговите менаџери се во преговори со Барселона, Ливерпул и Арсенал. Арсенал наводно најмногу инсистира на трансферот.
Foto/ Depositphotos
