Спорт
Фабрегас: Морам да го бранам мојот клуб и да кажам, доста е

Фудбалерите на Јувентус го совладаа Комо со голот на Рандал Коло Муани во 89. минута од пенал, а Цеск Фабрегас, тренерот на домашниот тим по натпреварот отворено ги критикуваше судиите во Серија А. Шанецот тври дека во неколку натпревари неговиот тим бил оштетен.
Фабрегас ја потенцираше ситуацијата од натпреварот со Јувентус, кога споре днего не бил досуден чист пенал за неогвиот тим. Гати со рака ја однесе топката пред напаѓачот на Комо, Дувикас. Од ВАР собата порценија дека нема елементи за пенал.
Gatti fissa con gli occhi la palla e con la mano la sposta volontariamente
È un rigore ridicolo per quanto netto non scherziamo ahahahapic.twitter.com/GPwILWi4vM
— Tomoriano (@tomorienjoyer_) February 7, 2025
„Денес нема да молчам. Тоа беше чист пенал. Доста. Не го обвинувам судијата кој можеби не ја видел ситуацијата, но ВАР-собата мораше да ја види и ВАР-собата е она што ми создава сомнеж. Се сомневам како се анализираат ситуациите во текот на играта во таа просторија“, рече Фабрегас и потоа потсети на претходните грешки на ВАР.
„Против Лацио, Зиго тргна силно против Нико Пас. Не велам дека беше ситуација за црвен картон, но изгубив играч на три натпревари, а не беше досуден прекршок, ниту пак доби жолт картон. Против Милан пред да го примиме голот имаше очигледен фаул на средината на теренот и ништо, корнер и 1:1. Против Удинезе Голданига не го допре играчот, а тој доби жолт картон и беше исклучен“.
Комо се уште се бори за опстанок, моментално на 15. место со 22 освоени бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сензационалната Андреева преку Шјонтек до финалето во Индијан Велс

Руската сензација Мира Андреева избори пласман во финалето на Мастрсот во Индијан Велс.
Во полуфиналето 17-годишната Андреева ја надигра Ига Шјонтек со 7:6, 1:6, 6:3. Ова е втор последовно финале за Андреева на турнирите од Мастерс серијата, откако пред три недели играше во финалето во Дубаи. Интересно и во Дубаи во полуфиналето ја победи Швјонтек.
„Голема победа во тешки услови. Не успеав да ја искористам мојата шанса во првиот сет, но кога стигнав до тај-брејк се чувствував многу самоуверено. Го играв како да ми е последен во животот. Мојот сервис беше извонреден. Го играв секој удар до максимум. Вториот сет беше малку чуден, таа ме надигра играјќи многу длабоко но и со добри излегувања на мрежата. Размислував во паузата меѓу вториот и третиот сет што да сменам и решив да продолжам да играм исто тактички, но да напаѓам уште повеќе. Исто така, одлично ги контролирав нервите и затоа сега сум многу горда на себе“, рече Андреева 11 победи во низа. Таа го освои Дубаи.
Ривалка за титулата во Индијан Велс ќе и биде најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, која со 6:0, 6:2 ја победи шампионката на Австралија опен, Медисон Кис, и се одмазди за поразот во тоа финале.
Спорт
Во Фенербахче нема место за Ливаковиќ

Доминик Ливаковиќ е закован на клупа за резерви кај Фенербахче, а за се е виновна повредата која ја заработи на почетокот на годината. Како што тврдат медиумите хрватскиот репрезентативец ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Ливаковиќ последен пат бранеше за Фенербахче на 13 јануари, по што се повреди, кратко беше на рехабилитација, но Хрватот го загуби местото меѓу стативите од Ирфан Џан Егрибајат.
Турските медиуми пренесуваат дека искусниот голман добил три понуди, од клубови од Премиер лигата и од Серија А.
Иако има договор со Фенербахче до 2028 година, долгогодишниот хрватски репрезентативец речиси сигурно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Тој пристигна од Динамо во 2023 година за околу седум милиони евра, а Фенербахче нема да го пушти за помалку од десет милиони.
Спорт
(Видео) Денвер со тешка мака ги победи десеткуваните Лејкерси

Денвер Нагетс славеа во дербито против ЛА Лејкерс со 131:126. Нагетс се зацврстија на втората позиција во Западната конференција, го добија дуелот со директниот ривал кој на овој натпревар играше без цела една петорка. Изминатата ноќ најдобриот тим во лигата Кливленд Кавалирс ја продолжи победничата серија. 16.победа во низа Кавалирс ја забележаа во Мемфис.
Џамал Мареј со тројка на пет секунди до крајот стави точка на победата на Денвер против Лејкерси во чии редови ги немаше Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Руи Хачимура, Џексон Хејс, Гејб Винсент и Доријан Фини-Смит.
Мареј мечот го заврши со 26 поени, два помалку од најефикасниот играч на Денвер Никола Јокиќ. Србинот мечот го зарши со 28 поени, осум скока и пет асистенции. Најблиску до овие двајца беше Кристијан Браун со 22 поени.
Кај Лејкерси се истакнаа Остин Ривс со 37 поени (13/26 од поле), осум скока и 13 асистенции, односно Далтон Кнект со 32 поени и Шејк Милтон, кој постигна 16 поени.
Кливленд делува незапирливо, а тоа го потврдија со 56. сезонска победа. Овојпат Кавалирс победија на гости кај Мемфис Гризлис 133:124. 22 поени и 11 скока забележа Еван Мобли, додека Гарланд запиша 20 поени и девет асистенции.
На Мемфис не му помогна ниту извонредниот настап на Џа Морант, кој мечот го заврши со 44 поени, осум скока и седум асистенции Но, ја немаше соодветната поддршка од соиграчите.
Резултати:
Мајами – Бостон 91:103
/Вигинс 23 – Тејтум 28/
Филаделфија – Индијана 100:112
/Доутин 24 – Сијакам 27/
Атланта – ЛА Клиперс 98:121
/Оконгву 18 – Харден, Ленард 25/
Сан Антонио – Шарлот 134:145
/Кесл 26 – Бол 27/
Минесота – Орландо 118:111
/Едвардс 28 – Банкеро 43/
Хјустон – Далас 133:96
/Езона 30 – Вилијамс 25/
Јута – Торонто 118:126
/Кларксон 19 – Квикли, Барнс 20/
Феникс – Сакраменто 122:106
/Букер, Дурант 22 – Дерозан 23/