Спорт
Федерер бркањето рекорди им го остава на Новак и Рафа, тој е среќен само да игра

Роџер Федерер вели дека пензионирањето воопшто не му паднало на памет за време на долгата пауза од една година од тенисот по повредата на коленото, и вели дека е подготвен за камбекот во Катар и дека „приказната уште не е завршена“.
„Имам чувство дека приказната не е завршена. Среќен сум што се вратив на турнирите повторно, бидејќи навистина помина долго време. Не помислував дека толку долго ќе трае“, вели Федерер
39-годишниот освојувач на 20 гренд слем турнири, мораше да оди на две операции на коленото, но вели дека е сигурен дека за време на Вимблдон ќе се врати „100 отсто“.
„Пензионирањето? Мислам дека тоа ќе биде тема на разговор ако коленото ме мачи со месеци. Можеби на есен ќе размислуваме. Сега, приказната не е готова. Нема дополнителна причина поради која одлучив да продолжам од тенисот освен таа што уживам во играњето. Сега сакам да играм против најдобрите и да се натпреварувам. Во моментов сигурно не сум во најдобра форма, но за Вимблдон ќе бидам 100 отсто подготвен. Тоа е вистинскиот старт на сезоната за мене“, вели Федерер.
Тој вели дека не е загрижен што првпат по пет години падна од топ 5 на АТП листата, ниту со тоа што Рафаел Надал се израмни со 20 гренд слем титули, а Новак Ѓоковиќ дојде на 18.
„Повеќе се грижам за мојата форма и здравјето отколку за рекордите. Во моментов таа трка по титули можеби име поважна на Рафа и Новак. За мене беше важно да се израмнам со Пит Сампрас и да го поминам. Секако, сите сакаат да ги заддржат рекордите, но тие се тука да ги рушат“, објаснува „Маестро“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сити го купија новото бразилско „чудо“ Кајки

Манчестер сити го добија потписот на 17-годишниот Кајки од бразилскиот клуб Флуминенсе за 12 милиони долари плус бонуси, добивајќи ја битката за тинејџерот кој многумина го споредуваат со Нејмар.
Кајки ќе остане во Бразил до крајот на сезоната 2021, пред да се пресели кај „граѓаните“ или да замине на позајмица. Кајки да Силва Шагас дебитираше за сениорскиот тим на Флуминенсе оваа сезона, но е на радарот на скаутите на Сити повеќе години. Тој има постигнато два гола во 9 настапи, откако лани беше најдобар стрелец во У-17 шампионатот на Бразил.
Тој ќе се приклучи на поголемата група на млади бразилски фудбалери кои се преселија на „Етихад“, од кои најпознат секако е Габриел Жесус. 18-годишниот бек Јан Коуто во моментов е позамјен на сестринскиот клуб Џирона во Шпанија, додека 18-годишниот Диего Роса е на позајмица во белгискиот клуб Ломел.
Спорт
Рајан Гигс обвинет за напад на поранешната девојка, му се закануваат 5 години затвор

Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс е обвинет за присилна контрола и напад на својата поранешна девојка, Кејти Гревил по караница во неговиот дом во Манчестер на 3 ноември.
47-годишниот Гигс беше уапсен по инцидентот, а денеска е обвинет за физички напад и за присилна контрола над Гревил од декември 2017 до ноември 2020 година, објави полицијата од Салфорд, Манчестер.
За нападот, Гигс може да добие 6 месеци затвор и казна до 5.000 фунти, но посериозно е обвинението за контрола, за кое може да добие дури 5 години затворска казна. Гигс и Гревил беа заедно од 2017 година, осум месеци по разводот од сопругата Стејси, кога се дозна дека осум години ја мамел со сопругата на неговиот брат, Родри Гигс.
Гигс паузираше три меча од селекторското место во Велс, но потоа се врати на клупата и треба да ги предводи на Европското првенство ова лето.
Спорт
Ѓоковиќ рутински до полуфиналето во Белград

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Србија опен, откако во дуел со својот сонародник, Миомир Кецмановиќ стигна до рутинска 6:1/6:3 победа во нивниот прв меѓусебен дуел на АТП турнејата.
Светскиот рекет број 1, кој е 12 години постар од Кецмановиќ, го диктираше темпото на мечот од почетокот до крајот, правејќи брејк за 3:0 водство, за да го остави ривалот на еден гем во првиот сет. Ѓоковиќ веднаш направи брејк и во вториот сет за водство од 2:0, по што го доведе мечот до крај.
За финале, Ѓоковиќ ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу светскиот рекет број 23., Русинот Артјом Карацев и 93-рангираниот Италијанец Џанлука Магер.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?