Контакт

Спорт

Федерер го среди Кирјос на Лејвер купот за славје на Тимот на Европа (видео)

Објавено пред

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер за помалку од два часа го победи австралискиот тенисер Ник Кирјос о 2-1 (6-7 7-5 и 10-7) на Лејвер купот.

Федерер на Тимот на Европа му донесе предност од 5-3 на вториот ден од натпреварувањето. Тука Швајцарецот имаше консултатска помош и од Надал.

Федерер прв стигна до брејк, поведе со 3-1, но Австралиецот направи рибрејк и сетот отиде во тајбрејк. Тука Швајцарецот поведе со 4-0, но Кирјос се врати во ритам, освои 7 од наредните 8 поени и поведе со 1-0.

Во вториот сет се играше израмнето. Се стигна и до 5-5, сепак Федерер направи брејк и го освои овој сет израмнувајќи на 1-1.

Во третиот сет, според правилата на Лејвер купот, се играше „супер тај-брејк“. Федерер лесно стигна до предност од 8-3, по што мечот го реши во своја корист.

Претходно победа за Тимот на светот донесе Американецот Џок Иснер кој славеше со 2-1 над Александер Зверев.
Во тек е дуелот меѓу Шпанија и Канада, односно меѓу Надал и Раониќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ливерпул на колена за Black Lives Matter

Објавено пред

Тимот на Ливерпул на денешниот тренинг реши да клекне на едно колено за да покаже поддршка на движењето #BlackLivesMatter по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис и бунтовите што се случија во повеќе градови во САД и во Европа поради расизмот во оваа земја.

Џејмс Милнер преку „Твитер“ објави фотографија на која тимот на Ливерпул е на едно колено околу централниот круг на „Енфилд“ по што таа беше споделена и од Трент Александер-Арнолд и Енди Робертсон.

Ова доаѓа откога во неделата фудбалерите на Борусија Дортмунд – Џејдон Санчо и Ашраф Хакими, се приклучија на подолгата листа на спортистите што дадоа поддршка со маички на кои пишуваше „Правда за Џорџ Флојд“. Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах исто така застана на едно колено по постигнувањето гол при 4:1 победата над Унион Берлин, а американскиот дефанзивец Вестон Меккени во саботата на раката имаше лента со порака. Исто така, претходно се јави и поранешниот НБА-шампион, Стивен Џексон, како и Леброн Џејмс, Мајкл Џордан и тенисерката Коко Гоф.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хамилтон ги „прозва“, Ф1 возачите со пораки против расизмот

Објавено пред

Откако шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон ги критикуваше своите колеги дека останале тивки и покрај дебатата за расизмот во САД по убиството на Џорџ Флојд, повеќе возачи постираа на социјалните мрежи пораки против дискриминацијата.

Во неделата навечер, Хамилтон ги нападна своите ривали, велејќи дека „стои сам“ во „спорт доминиран од белци“ додека низ повеќе градови низ САД и Европа имаше протести поради смртта на Фјолд.

„Ве гледам како сте тивки, дел од најголемите ѕвезди во спортот, кои се тивки во лицето на оваа неправда. Ниту еден знак од некој во мојата индустрија, која секако е во спорт доминиран од белци. Јас сум единствен кој не сум бел и стојам сам. Би мислел дека досега некој од вас ќе видеше зошто се случува ова и да кажете нешто против, но не можете да стоите покрај нас. Знам кои сте и ве гледам“, напиша Хамилтон.

Иако дел од критичарите сметаа дека е невкусно од него да ги „прозива“ колегите вака, по оваа порака, Шарл Леклер, Даниел Рикардо, Лендо Норис и други од Ф1 спортот се јавија со свои пораки.

„Вестите од последните неколку дена ме направија тажен, тоа што му се случи на Џорџ Флојд и што продолжува да се случува во денешното општество е срамота. Сега треба да стоиме заедно, обединети. Расизмот е токсичен и треба да биде соочен не со насилство или тишина, туку со единствно и акција. Мораме да застанеме. Black Lives Matter“, напиша Рикардо.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, призна дека згрешил што не се јавил порано.

„Да бидам искрен, се чувствував неудобно да ги споделувам моите мисли на социјалните мрежи за целата ситуација и затоа не се јавив порано. И целосно згрешив. Уште барам зборови да ги опишам неделата од видеата кои ги видев. Расизмот мора да биде соочен со акција, не тишина. Нашата одговорност е да зборуваме против неправдата. Стојам поркај #BlackLivesMatters“, напиша Леклер.

Покрај нив, неправдата ја осудија и Николас Латифи и Серхио Перез.

 

View this post on Instagram

 

This has to stop😔 #JusticeForGeorgeFloyd #BlackLivesMatter

A post shared by Nicholas Latifi (@nicholaslatifi) on May 31, 2020 at 2:36pm PDT

Прикажи повеќе...

Спорт

Вори е нов тренер на ППД Загреб

Објавено пред

Поранешниот хрватски репрезентативец, Игор Вори е нов тренер на шампионот на оваа земја, ППД Загреб по заминувањето на Веселин Вујовиќ поради приватни причини. Ова е прва тренерска работа за Вори.

Вори од 2003 до 2018 беше член на хрватската ракометна репрезентација, освојувајќи ја олимписката титула во Атина во 2004 и светската титула во Португалија во 2003 година. По крајот на кариерата пред две години, тој беше спортски директор на хрватската репрезентација за да му стане помошник на Лино Червар на Европското првенство оваа година.

Црногорецот Вујовиќ минатата недела си поднесе оставка поради лични причини, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе го преземе својот стар клуб, актуелниот европски шампион Вардар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија3 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија4 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија5 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија5 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион7 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија7 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија7 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија8 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија9 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија9 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија9 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет10 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет10 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет21 час

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија22 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие