Контакт

Спорт

Федерер и Зверев победија за 3:1 водство на Европа

Објавено пред

Домашниот фаворит Роџер Федерер заедно со германскиот ас Александер Зверев во Женева го комплетираа првиот ден на тенискиот Лејвер куп со 6:3/7:5 победа во двојки над Денис Шаповалов и Џек Сок, со што Европа води со 3:1 против Остатокот од светот.

Програмата во Женева започна со дуелот помеѓу Австриецот Доминик Тим и Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој му припадна на Тим со 6:4/5:7/13:11, пред Џек Сок да го победи Фабио Фоњини со 6:1/7:6(3) и да израмни на 1:1.

Младиот Грк, Стефанос Циципас повторно донесе водство за Европа со 6:2/1:6/10:7 победа над Тејлор Фриц, пред шоуто на вечерта за швајцарската публика, дуелот во двојки.

Спорт

Маратонецот Кипсанг суспендиран по лажната приказна за одрон на патот

Објавено пред

Поранешниот светски рекордер во маратон, Вилсон Кипсанг доби четиригодишна суспензија од атлетиката поради пропуштање на три допинг-тестови и лажењето за причините за пропуштените тестови.

Кипсанг се бранеше за пропуштен допинг-тест со фотографија за одрон на пат и сообраќајна несреќа, пред да се утврди дека тој инцидент се случи три месеци подоцна. Кипсанг за четвртиот пропуштен тест на 17 мај 2019 тврдел дека задоцнил поради одрон во близината на кенискиот град Накуру, но фотографијата била направена три месеци подоцна.

Кипсанг освои олимписка бронза на ЛОИ во Лондон во 2012 година, а имаше победи и на маратоните во Токио, Њујорк, Берлин и двапати во Лондон (2012, 2014). Киспанг во 2013 година во Берлин постави светски рекорд од 2:03:23, кој беше срушен следната година од неговиот сонародник Денис Кимето (2:02:57).

Прикажи повеќе...

Спорт

Ласицкене подготвена да се откаже од Русија

Објавено пред

Светската шампионка во скок во височина, Марија Ласицкене, признава дека ја разгледува опцијата да го смени државјанството за да може да настапува на интернационалните натпреварување откако Руската атлетска федерација уште не успеа да ја крене суспензијата.

Ласицкене, која е единствената жена што освоила три светски титули во скок во височина, вели дека не гледа излез од сегашните контроверзии откако Атлетската федерација одби да ја плати глобата од 5 милиони долари.

„Сегашната ситуација значи дека морам да ги преземам сите чекори, вклучувајќи и повлекување од националниот тим. Веќе сум уморна од оваа мешаница, која трае веќе пет години. Неактивноста на руските спортски власти најмногу боли бидејќи чистите спортисти не се заштитени“, изјави Ласицкене.

Минатата година ИААФ престана да дозволува неутрален статус на руските атлетичари поради допинг-скандалот на Данил Лисенко, освојувачот на сребро на СП. Новото водство на Руската атлетска федерација (РУСАФ) ја презеде вината и ги отпушти сите тренери. За да им биде дозволен настап, РУСАФ требаше да плати 5 милиони долари глоба и дополнителни трошоци на ИААФ, но Федерацијата тврди дека не поседува толкава сума.

Прикажи повеќе...

Спорт

Најголем портрет на Новак Ѓоковиќ (галерија+видео)

Објавено пред

Српскиот архитект и уличен уметник, Андреј Јосифовски-Пијаниста го креираше најголемиот портрет на светот на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, поставен на должината на тениски терен на земја.

Проектот „Шљакање на теренот“ претставува цртеж долг 24 метри, широк 11 метри со простор од 264 квадратни метри, и Јосифовски вели дека сакал да покаже дека постојат луѓе кои го почитуваат тоа што го прави тенисерот.

„Новак е човек со посебен сјај, кој секогаш не мотивира. Тешко е да се најдат зборови да го опишат. Постојат и луѓе кои не ги почитуваат овие спортски успеси, посебно тие кои се родени на западот. Се заблагодарувам на тенискиот клуб ’Ѓукиќ’ кои ми овозможија сè што ми беше потребно“, вели Јосифовски, кој потврдува дека би сакал да направи ист проект на терените на Ролан Гарос во Париз.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија3 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа4 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија4 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ5 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет6 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија6 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет7 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија7 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија8 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион8 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа8 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет9 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија9 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет10 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија11 час

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион11 час

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија22 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет1 ден

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт1 ден

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Досие