Спорт
Федерер: Синер не треба да биде овде…
Роџер Федерер, сопственик на 20 Грен слем титули, гостуваше на Њујорк и на УС Опен. Петкратниот шампион во Њујорк кажа што мисли за „случајот Синер“.
„Ова е прилично непријатна ситуација. Тоа е ноќна мора за секој спортист и неговиот тим кога ќе се соочат со вакви обвинувања. Тоа не е она што сакаме да го видиме во нашиот спорт, без разлика дали тој направил нешто или не“, изјави Федерер.
Швајцарецот мисли дека Италијанецот не требало да игра во Њујорк, бидејќи ситуацијата околу тоа како недозволените супстанци завршиле во неговото тело е прилично нејасна.
„Апсолутно ја разбирам фрустрацијата на сите играчи, кои се незадоволни бидејќи Синер доби поинаков третман од сите други. Повеќето од нас веруваат дека Јаник не направил ништо лошо, но тој не треба да биде тука додека не биде 100 проценти сигурно што се случило. Тоа е прашањето на кое треба да добиеме одговор. Сега ситуацијата е таква каква пто е, ние мораме да им веруваме на сите вклучени во процесот“, заклучи Федерер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рикиардо би можел да го напушти тимот по ГП во Сингапур
Возачот на РБ, јуниорскиот тим на Ред Бул, Даниел Рикиардо изјави дека не е сигурен дали ќе остане во тој тим до крајот на сезоната во Формула 1 по трката во Сингапур.
Договорот на Рикиардо истекува на крајот од сезоната, но има шпекулации дека по неделната трка во Сингапур, тој би можел да биде заменет со Лиам Лосон во последните шест трки од сезоната на тимот РБ.
„Знам како е и како оди и знаев дека ќе има некои датуми и датуми оваа година, без разлика дали е летниот распуст или сега по Сингапур. Мислам дека има уште многу неизвесност. Ќе видиме како ќе помине викендот Ќе дадам се од себе, за се што имам секогаш има за што да се борам, планот е да се обидам да стигнам до подиумот“, изјави Рикиардо.
35-годишниот австралиски возач се врати во Формула 1 кон средината на минатата сезона со РБ, но не успеа да се врати во добра форма и сега е 14-ти во генералниот пласман кај возачите, со 10 поени помалку од тимскиот колега Јуки Цунода.
Запрашан дали трката во Сингапур може да биде негова последна, со оглед на условите на договорот, Рикиардо рече дека не мисли така.
„Но, јас исто така не сакам да почнам овде и да бидам адвокат. Би одговорил на прашањето – не, но знаеме како функционира овој спорт. Не сакам да кажам дека останувам и „100 проценти се обложувам на тоа Она што е лудо во врска со овој спорт е дека ако сум на подиумот овој викенд, веројатно ќе бидам еден од најпопуларните“, рече тој.
Рикиардо додаде дека работите брзо се менуваат во Формула 1, дека е свесен дека ситуацијата се вжештува, но дека ќе се концентрира на своите перформанси и ќе даде се од себе.
Големата награда на Сингапур се вози во недела од 14 часот.
Спорт
Карвахал се закани со штрајк: фудбалерите никој ништо не ги прашува
Дани Карвахал, легендата на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, клучен играч за освојување на европските титули за клубот и репрезентацијата, откри дека фудбалерите планираат радикален протест поради зголемениот број на натпревари.
„Штрајкот поради премногу натпревари во текот на сезоната е опција, можност што ние играчите ја разгледуваме. Никој ништо не не прашува, воопшто не ни обрнуваат внимание и затоа мораме да го кренеме гласот“, изјави тој за популарната радио емисија „Тоемпо де Хуего“.
Играчите во врвните клубови и репрезентации се револтирани што и онака пренатрупаниот распоред на натпревари е зголемен оваа сезона. На пример, Реал на Карвахал одигра 55 натпревари минатата сезона.
Поради новиот формат на Лигата на шампионите и на клупското СП, би можеле да одиграат над 70 натпревари Ако на тоа се додаде дека репрезентацијата на Карвахал од минатото до ова лето одиграа дури 18 натпревари, јасно е зошто е шпанскиот ас е уште еден од низатта фудбалери кои јавно го искажаа своето незадоволство.
Спорт
Флик: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите
Барселона го започнува овогодинешното учество во Лигата на шампионите со гостувањето во Монте Карло кај Монако.
Каталонците одлично го започнаа шпанското првенство, во првите пет натпревари имаат исто толку победи.
Германскиот стручњак Ханси Флик смета дека неговиот тим може да оди до крај во елитното европско натпреварување.
„Верувам дека можеме да стигнеме до титулата во Лигата на шампионите. Тоа е секогаш цел на најголемите клубови. Лигата на шампионите е најсилното натпреварување во светот, а јас сум убеден дека Барса може да игра и да ги победи сите“, изјави Флик.