Спорт
Фенер бараат тренер – Маурисио Сари е метата!

Италијанскиот фудбалски стручњак Маурисио Сари (62) би можело тренерската кариера да ја продолжи во редовите на турски Фенербахче, јавуваат дел од италијанските медиуми.
Истанбулската екипа го отпушти Ерола Булит и улогата на привремен стратег му ја додели а спортскиот директор, Емре Белозоглу кој ќе ја предводи екипата до крајот на актуелнава сезона.
Раководството на клубот започнало преговори со Сари, а според неофицијалните информации, Италијанецот е близу до договор со „црно-жолтите“.
Наредната седмица е закажана нова рунда преговори и тогаш би требало да бидат познати повеќе детали.
Последниот ангажман на Сари беше во Јувентус, а претходно беше дел и од Челси, односно Наполи.
#Fenerbahce have reportedly contacted former Maurizio Sarri and will continue talks with the former #Napoli and #Juventus coach next week. https://t.co/Fem16eNkoP#SuperLig #SerieA #SerieATIM #Calcio pic.twitter.com/kawVYOeF6o
— footballitalia (@footballitalia) March 26, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Уникс изборија финале во Еврокупот и место во Евролигата

Кошаркарите на Уникс од Казањ изборија пласман во финалето на Еврокупот и место во Евролигата наредната сезона. Уникс за титулата во ова натпреварување ќе се борат со Монако.
Уникс, во Болоња, ја доби мајсторката против Виртус со 107:100 и со 2:1 ја доби серијата. Виртус, тим во кој играат МилиошТеодосиќ и Марко Белинели повторно не успеа да стигне до Евролигата.
Рускиот тим, го контролираше натпреварот, најчесто играчите на Виртус имаа двоцифрена предност. Виртус се вратија во последниот период, но не успеаја да направат пресврт.
Теодосиќ со 25 поени и девет асистенции, односно Белинели со 24 поени го предводеа Виртус. Кај Уникс се истакнаа Смит со 24, односно Вајт и Браун со по 20 поени.
Покрај Уникс и Монако наредната сезона ќе игра во Евролигата, бидејќи Валенсија не успеа да избори четврт-финале во најквалитетното европско натпреварување.
Финалната серија ќе започне на 27.април, трофејот ќе го освои тимот што ќе забележи две победи.
Спорт
Луда тројка на Дончиќ со звукот на сирената

Лука Дончиќ со луда тројка им донесе победа на Далас Маверикс во дуелот со Мемфис Гризлис 114.113.
Словенецот на 1,8 секунди до крајот, прими топка од аут, мина крај двајца играчи на Мемфис, се одрази од една нога, надвор од балансот и погоди за победа.
Дончиќ, во последните 78 секунди, имаша неверојатна секвенца. Гризлис имаа предност од пет поени, Дончиќ подели рампа, му асистираше на Прозингис, потоа поентираше и за крај постигна неверојатна тројка.
Спорт
Кој е поголем талент – Халанд или Белингам?

Борусија Дортмунд, според очекувањата, не успеа да го елиминира Манчестер сити од четврт-финалето на Лигата на шампионите, губејќи го реваншот со 1:2, меѓутоа, мечот уште еднаш покажа дека „милионерите“ знаат како да ги соберат најголемите фудбалски таленти, за кои подоцна добро ќе искешираат.
И тоа не се работи за Ерлинг Халанд, кој веќе стана суперѕвезда на 20 години и е на листата на желби на најголемите европски клубови, туку на еден 17-годишник од Англија – Џуд Белингам.
Иако во јуни ќе наполни 18 години, се работи за фудбалер кој има веќе 80 сениорски натпревари во две цели сезони со Бирмингем сити и Борусија Дортмунд, а во двомечот против Сити покажа дека не е тука само за да се „брои“. На првиот меч во Англија му беше поништен регуларен гол, а во Дортмунд, тој го најде патот во мрежата на Едерсон.
Белингам стана најмладиот фудбалер во историјата на Бирмингем и најмлад стрелец во август 2019 година, станувајќи клучен член во тимот под тренерот Пеп Клоте. Тој одигра 44 меча како 16-годишник, и Дортмунд плати 25 милиони евра, победувајќи ги Манчестер јунајтед за неговиот потпис.
Неговото влијание во Бундеслигата веднаш беше забележливо, а веќе во ноември 2020 го доби првиот повик во англиската репрезентација како трет најмлад репрезентативец во историјата по Тео Волкот и Вејн Руни.
„Тој го заслужи тоа. Во Дортмунд дава 110 отсто, неговите перформанси се од светска класа“, вели неговиот колега од Борусија и од репрезентацијата, Џејдон Санчо.
Против Сити, тој покажа дека може да се „носи“ со имиња како Кевин де Брујне во средината, но и дека е одличен и во одбраната и во нападот.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш