Спорт
Ферари доминантни во Унгарија, Норис и Мекларен изненадија
Шарл Леклер осигура Ферари да постават најдобро време на двете тренинг-сесии пред Унгарското ГП овој викенд, откако неговиот колега Карлос Саинс Јуниор беше најбрз на првиот тренинг покажувајќи дека Скудерија има најголема брзина на Хунгароринг.
Мало изненадување направи Лендо Норис, кој беше втор на втората сесија за Мекларен, а и неговиoт колега Даниел Рикардо со петтото место покажа дека англискиот тим ќе оди на подиум во недела.
За Леклер ова е вистински камбек по разочарувањето минатиот викенд во Франција, каде што излета додека беше лидер, поставувајќи време од 1:18.445 на Хунгароринг, за 0.2 секунди пред Норис. Саинс заврши трет, додека четвртото место го освои лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен во Ред бул со 0.3 секунди послабо време. Фернандо Алонсо беше петти во Алпине пред Себастијан Фетел во Астон Мартин.
Мерцедес беа далеку од најдобрите – Џорџ Расел беше осми, а Луис Хамилтон само 11-ти, а Серхио Перез исто така имаше разочарувачка сесија на 9. место.
FP2 CLASSIFICATION
Leclerc finishes top with Norris, Sainz, and Verstappen not far behind #HungarianGP #F1 pic.twitter.com/pSYjTk5nJ1
— Formula 1 (@F1) July 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.