Спорт
Ферари првпат го запали моторот за новата сезона

Најтрофејниот Формула 1-тим, Ферари, првпат го запали својот мотор пред промоцијата на новиот болид во февруари за почетокот на новата сезона.
Скудерија влегува во 2021 по најлошата сезона во последните децении завршувајќи ја на шестото место, најслабо од 1980 година. Новиот болид засега ќе биде познат како СФ21.
„Нашата сезона 2021 почнува тука. Можеме да очекуваме многу предизвици на нашиот тим и посветени сме да бидеме подобри. Болидот е подобрен во сите области каде што е дозволено според правилата. Мораме да работиме на посветен и фокусиран начин и да покажеме каде сакаме да одиме. Но, сега е време да зборува СФ21“, објавија од тимот.
Во 2021 Ферари исто така влегува со променет возачки состав откако Карлос Саинс Јуниор од Мекларен го замени Себастијан Фетел, а Шарл Леклер останува за третата сезона со Скудерија.
The 2021 season starts here 💪#essereFerrari 🔴 #SF21 pic.twitter.com/1LfRYQFiqu
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 12, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салах пред Алкантара е најплатениот кај Ливерпул со 200.000 фунти неделно

Британските медиуми ги објавија сумите кои Ливерпул ги дава на плати на своите играчи, за што троши фантастични 10.4 милиони фунти годишно, и без изненадување на првото место е Мохамед Салах со 200.000 фунти неделно.
Новото засилување Тијаго е втор на листата со 192.308 фунти неделно, додека по него следуваат Роберто Фирмино и Виргил ван Дајк со плата од 180.000 фунти неделно. Над 100 илјади фунти заработуваат и капитенот Џордан Хендерсон (140.000), ветеранот Џејмс Милнер (140.000), Наби Кеита (120.000), Алекс Окслејд-Чембрлен (120.000), Садио Мане (100.000), Џоел Матип (100.000) и Фабињо (100.000).
Голманот Алисон Бекер е на 90.000 фунти, додека изнеандуваат платите на Енди Робертсон (50.000) и Трент Александер-Арнолд (40.000).
Спорт
Мициќ и Ефес издоминираа над Фенербахче

Благодарение на фантастичната партија на Василије Мициќ, Ефес доминираше во истанбулското дерби стигнувајќи до 106:74 победа над Фенербахче, прекинувајќи ја нивната серија од 10 победи во низа во Евролигата.
Мициќ постигна 32 поени од своите 37 (рекорд во кариерата) во првите три четвртини, со шест тројки и без промашување од линијата за слободни удари, за импресивна победа. Сертач Санли имаше 13 поени, за Ефес да дојде до 24:9 предност по деветте поени на Мициќ и осумте на Санли, и имаше 13 поени предност по првата четвртина.
Нандо де Коло имаше 24 поени, Јан Весели додае 18, но најголем проблем на тимот на Игор Кокошков беше одбраната.
ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО
Фенербахче – Анадолу Ефес 74:106 (11:24, 28:29, 19:28, 16:25)
Басконија – Црвена звезда 87:67 (21:16, 27:11, 18:21, 21:19)
Алба Берлин – Панатинаикос
Барселона – Асвел Лион
Спорт
Федерер најави: Одбројувањето до Доха почна

Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Роџер Федерер, преку социјалните мрежи прати порака дека, конечно, е подготвен за враќање во акција најавувајќи дека одбројувањето до Доха почна.
Катар опен оваа сезона се одржува во втората недела од март наместо на почетокот на сезоната и тоа ќе биде одлична локација за Федерер да тргне на четвртата титула од турнирот во својот прв настап од Австралија опен минатата сезона по што беше на операција на коленото и ја направи надолгата пауза во својата кариера.
Федерер имаше операции во февруари и мај по што реши да го пропушти остатокот од сезоната. Тој почна со тренинзи во октомври пред да се пресели во Дубаи во својот зимски дом во декември со својот тренер Иван Љубичиќ. Сепак, тој не успеа да игра на Австралија опен пропуштајќи го гренд слемот во Мелбурн првпат од 1999 година.
The countdown to Doha begins
🦾😃👍#1weektogo pic.twitter.com/EDAgvqp2Md— Roger Federer (@rogerfederer) February 26, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер