Спорт
Ферари убедливи на стартот во Монако – ќе ја скрши ли Леклер „клетвата“?

Шарл Леклер беше најбрз на двата тренинзи пред својата домашна трка, славното Монако ГП, за да покаже дека Ферари уште ја имаат предноста пред Ред бул по трите победи во низа на ривалите од Ред бул, односно на Макс Ферстапен.
Леклер во втората сесија на улиците на Монте Карло беше само 0.044 секунди побрз од својот колега Карлос Саинс Јуниор, додека ривалите од Ред бул заостануваа над 3 десетинки – Серхио Перез беше трет со 0.379 послабо време, а Ферстапен на четвртото место беше поспор за 0.447 секунди.
Остатокот од ривалите заостануваа над половина секунда – Лендо Норис беше петти за Мекларен пред британскиот сонародник Џорџ Расел во Мерцедес, а во топ 10 беа и Пјер Гасли (Алфа Таури), Фернандо Алонсо (Алпине), Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Јуки Цунода (Алфа Таури).
Леклер нема победа на својата домашна трка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија прва во финалето на СП во ватерполо, го чека подобриот од мечот Шпанија-Хрватска

Италија е првиот финалист на Светското првенство во ватерполо во Будимпешта, Унгарија, откако во неочекувано тесното полуфинале со 11:10 (4:2, 2:3, 1:1, 4:4) ја совладаа Грција.
Италијанците, претходно во четврт-финалето го направија најголемото изненадување, елиминирајќи ги првите фаворити, домаќините Унгарија, а против Грција имаа одличен старт за да поведат со 4:2 по првата четвртина, за потоа грчките ватерополисти да ја вратат рамнотежата до самиот крај.
Во второто полуфинале, играат Хрватска и фаворизираната Шпанија од 19.30 часот.
Претходно, во борба за пласман од 5. до 8. место, Србија ја доби соседската пресметка со Црна Гора, победувајќи со 10:7 (2:2, 3:2, 3:2, 2:1).
Спорт
Пирло ќе остане без 500.000 евра капар откако вилата што сакал да ја купи била запленета од италијанските власти

Легендата на италијанскиот фудбал, а сега тренер на турскиот Карагумрук, Андреа Пирло најверојатно ќе остане без 500.000 евра кои ги дал како капар за купување на вилата „Версилија“ во Форте деи Марми, откако судот ја запленил вилата која била во сопственост на руски олигарх, тврди „Ла национе“.
По руско-украинската војна, италијанските власти почнаа да запленуваат вили и јахти на руски милијардери кои имаат врска со рускиот претседател Владимир Путин, меѓу нив и неименуваниот руски милијардер кој купил две вили во Форте деи Марми.
43-годишниот Пирло, кој го платил капарот на 30 мај и треба да доплати уште 2.5 милиони евра до 31 август, ќе остане без своите пари и својата скапа вила.
Спорт
Челси ќе врши истрага за „токсичната култура“ во клубот

Челси ангажираше надворешни соработници за да извршат истрага по обвинувањата за „токсична“ работна култура во тимот, по написот кој го објави „Њујорк тајмс“.
Во написот објавен во среата, повеќе сегашни и поранешни вработени во маркетинг одделот на клубот се пожалија на условите за работа и за „токсичноста“ на шефовите, која предизвикала заминувае на најмалку 10 вработени. Ричард Бигнел, поранешниот шеф на „Челси ТВ“ во јануари се самоубил, а истрагата покажала дека бил во депресија откако бил отпуштен.
Новите газди на клубот, Тод Бели и „Клирлејк капитал“, кои го откупија клубот од Роман Абрамович, веднаш наредија истрага.
„Новиот борд на клубот верува во безебедно место за работење, во кое вработените ќе се чувствуваат вклучени, безбедни, вреднувани и доверливи. Направени се првите чекори во оваа насока. Нашето сочувство оди до целото семејство на Ричард. Неговата смрт влијаеше на сите негови колеги и на фудбалската заедница. Клубот именуваше надворешен ревизор кој ќе ги испита обвинувањата кои беа направени под претходното сопствеништво“, се вели во објавата на Челси.