Спорт
Фердинанд му се восхитува на Ливерпул: Трчаат како ротвајлери на теренот

Ливерпул го победи Реал Мадрид со 2:0 во најатрактивниот натпревар од петтото коло во Лигата на шампионите. Стрелци за англискиот тим беа Алексис Мек Алистер и Коди Гакпо.
Рио Фердинанд, легендата на Манчестер јунајтед, во стручна анализа за „ТНТ“ по натпреварот изјави дека „црвените“ во овој момент се најдобар тим во Европа.
„Во моментов изгледаат како најдобар тим во Европа. Играат како тим. Не само што бележат добри резултати, туку делуваат дека се гладни за успех. Изгледаат како да не се хранети со години, како ротвајлери кои трчаат низ теренот“, рече Фердинанд.
Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим заслужено загубил:
“Да бидам целосно искрен, резултаот е реален. Ливерпул заслужи да победи. Имаат навистина добра динамика, во одлична форма се и играат со висок интензитет”, заклучи тренерот на Реал Мадрид.
Лајт мотив одо овој натпревар се промашените пенали на Килијан Мбапе и Мохамед Салах.
По пет рунди, Ливерпул има максимален ефект, додека Реал е во тешка позиција со скромни две победи и три порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ракометарите и претседателот Мукаетов на гости кај американската амбасадорка, Агелер

Машката ракометна репрезентација на Македонија предводена од селекторот, Кире Лазаров, и од претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, беше свечено примена во Амбасадата на САД, на посета на aмбасадорката, Ангела Агелер.
„Денес на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција г-ѓа Ангела Агелер , беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим. Во рамки на посетата претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов и Селекторот г-дин Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025 . РФМ упатува голема благодарност за приемот и подршката која ја добива до Амбасадата на Соединетите Американски Држави“, објави Ракометната Федерација на Македонија на својата официјална фејсбук-страница.
Агелер беше забележана со Мукаетов на трибините на светското првенство во Вараждин додека ги бодреше македонските ракометари.
Спорт
Расел: Со Ферстапен сигурно нема да бидеме најдобри пријатели

Новата сезона во Формула 1 започнува на 16 март, а атмосферата веќе ја подигнаа Макс Ферстапен и Џорџ Расел. Возачите на Ред Бул и Мерцедес ја продолжија вербалната војна која започна минатата сезона на Големата награда на Катар..
Ферстапен доби казна на стратот, а трката во Катар ја стартуваше од пол-позицијата Расел. Британецот се жалеше дека Холанѓанеџот го попречувал додека бил во брз круг. Судиите ја уважија жалбата на расел.
Потоа Макс рече дека „ја изгубил секоја почит“ кон Британецот.
Во пресрет на новата сезона, Расел за Ферстапен изјави:
„Немам намера да разговарам со него, да бидам искрен. Не ми е гајле, сакам да се фокусирам на себе. Работите излегоа од контрола минатата година. Тоа беше тогаш. Нема да бидеме најдобри пријатели, тоа е сигурно“.
Макс возврати.
„Немам намера да продолжам каков било конфликт. Немам што да кажам на таа тема. Не сум загрижен за него или неговото возење. Јас нема да го сменам мојот пристап и начин на возење кога ќе се борам со него или со другите возачи“.
Спорт
Капитенот на Атлетик Билбао ќе се пензионира на крајот од сезоната

Оскар де Маркос, капитенот на Атлетико Билбао, најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната. Одлуката им ја соопшти на соиграчите пред денешниот тренинг.
„Остануваат уште три неверојатни месеци до крајот на сезоната, не сакав повеќе да ја одложувам оваа одлука. Имам уште три месеци и треба да уживаме во нив. Исполнив многу повеќе соништа отколку што очекував и го исполнив мојот животен сон“, изјави капитенот на Атлетик.
Де Маркос пред три дена во мечот против Еспањол во 24. коло од Ла Лига се израмни со Икер Муниаин на второто место на листата на играчи со најмногу настапи за клубот од Билбао (560).
Рекордер по бројот на одиграни натпревари за Атлетико е Хозе Анхел Ирибар, кој за клубот од Билбао одигра 614 натпревари.
Атлетик моментално се наоѓа на четвртото место во Ла Лига со 45 бодови.