Спорт
Фетел е класа човек – со убава посвета за Леклер

Себастијан Фетел имаше прекрасни зборови за Шарл Леклер откако двајцата ја завршија нивната последна трка заедно за Ферари.
Иако многумина сметаа дека Фетел гледа на Леклер како на проблематичен човек откако го наруши претходниот баланс во тимот, а лани имаа доста битки на патеката, јасно е дека двајцата не ја загубија меѓусебната почит. Леклер го покажа тоа со носење посебна кацига со порака „Данке, Себ“ на трката во Абу Даби, која потоа ја смени со Фетел.
Фетел му ја предаде неговата кацига со порака за младиот возач.
„За Шарл, ти си најталентираниот возач на кој наидов за 15 години во Формула 1. Не троши го талентот! Биди сигурен да си насмеан и среќен. Благодарам за сè“, напиша Фетел.
При разговорите со новинарите тој имаше нови пофалби за Леклер.
„Научив многу од овој тим, кој ми даде многу. Благодарен сум на тоа, нешто што е над победите и титулите, кои на крајот не ги освоивме. Тоа не менува ништо, им посакувам среќа. Шарл е млада, нова надеж за тимот и се надевам дека ќе го добие болидот што го заслужува“, додаде Фетел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кулушевски за рутинска победа на Јуве над СПАЛ и дуел во полуфиналето со Интер

Јувентус и без Кристијано Роналдо во составот, имаше доволно сили да го совлада со 4:0 второлигашот СПАЛ и да се пласира во полуфиналето на Копа Италија, каде што ќе има шанса за одмазда против Интер на Антонио Конте, кој вчера во драма ги победи Милан.
Тинејџерите Раду Драгусин и Николо Фаџоли (дебитант) добија шанса, заедно со Дејан Кулушевски и Алваро Мората во ново партнерство во нападот, а во тимот се врати и Матијс де Лихт првпат по оболувањето од КОВИД-19, додека Џиџи Буфон доби шанса да биде стартер еден ден пред неговиот 43. роденден.
Јуве дојде во водство уште во 16. минута, кога Франческо Викари го фаулираше Адриен Рабио, а Алваро Мората беше сигурен од белата точка. Кулушевски го пронајде Џанлука Фработа во 33. минута за фантастичен гол, пред во 78. минута, самиот Кулушевски да зголеми на 3:0, пред Федерико Киеза во 94. минута да стави точка на мечот.
Спорт
Франција, сепак, посилна од Унгарците по продолженијата

Франција се приклучи на Данска, Шведска и Шпанија во борбата за медали на Светското првенство во Египет, откако „триколорите“ прво направија пресврт за да го загубат водството во последните минути од мечот, за потоа во продолженија со 35:32 да ја совладаат Унгарија.
Унгарците имаа одличен старт, користејќи ги сите грешки на тимот на Гијом Жил за предност од шест гола, но Франција се врати за два гола негатива на полувреме. Првото водство тие го имаа во 40-тата минута, за да влезат во серија и да направат три гола разлика, која Унгарците сепак ја стигнаа и примораа продолженија. Таму, тие доминираа и се пласираа во полуфиналето, каде што ќе играат со Швеѓаните.
СП ЕГИПЕТ 2021, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Данска – Египет 39:38 (16:13, 12:15. 7:7, 4:3)
Франција – Унгарија 35:32 (12:14, 5:2)
Шпанија – Норвешка 31:26 (21:15)
Шведска – Катар 35:23 (14:10)
ПОЛУФИНАЛЕ
Данска – Шпанија
Франција – Шведска
Спорт
СП: Шпанија и Шведска во полуфинале, Французите и Унгарците играат продолженија

Откако попладнето Данска и Египет одиграа крајно драматичен и напнат меч кој беше неизвесен до крајот и беше решен по изведувањето на пенали, можеби не очекува слична драма во дуелот помеѓу Франција и Унгарија, откако Шпанија и Шведска лесно ги решија своите четврт-финални мечеви.
Данска ќе игра со Шпанија, откако „фуријата“ ја продолжи добрата игра на Мундијалот со победа од 31:26 над Норвешка, обезбедена откако во првото полувреме направија предност од шест гола (21:15), а Шведска со 35:23 го декласираше Катар.
Франција, пак, се намачи со Унгарците, кои прво водеа во првото полувреме, за потоа да бркат предност и да израмнат на 30:30 за продолженија.
СП ЕГИПЕТ 2021, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Данска – Египет 39:38 (16:13, 12:15. 7:7, 4:3)
Франција – Унгарија 30:30, продолженија
Шпанија – Норвешка 31:26 (21:15)
Шведска – Катар 35:23 (14:10)
ПОЛУФИНАЛЕ
Данска – Шпанија
Франција/Унгарија – Шведска
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот