Спорт
ФФМ и општина Битола ќе го реконструираат стадионот „Под тумбе кафе“
Ќе се реконструира фудбалскиот стадион „Под Тумбе кафе“ во Битола. Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски, во средата во општина Битола потпишаа договор за регулирање на меѓусебните односи при изведување на работи, реконструкција на фудбалски стадион и ревитализација на игралиштето во склоп на стадионот, како и поставување на рефлекторско осветлување.
Според потпишаниот договор, на фудбалскиот стадион „Под Тумбе кафе“ во Битола ќе биде извршена реконструкција на теренот и поставена природна трева, и исто така ќе бидат поставени рефлектори за ноќни фудбалски натпревари.„Станува збор за проект на УЕФА од програмата „Хет-трик четири“ кој овозможува поставување природна трева на теренот според стандардите на УЕФА. Минатата недела, стручно лице од УЕФА во Битола изврши стручна анализа на теренот и ќе даде насоки за реализацијата на овој инфраструктурен зафат на теренот и поставувањето на рефлекторите, изјави Ѓорѓиоски.Вредноста на проектот е околу 800 илјади евра, средства кои ги обезбеди ФФМ. Општина Битола, ќе го заврши останатиот дел од реконструкцијата на стадионот „Под Тумбе Кафе“, нагласи градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.„Стадионот во Битола за нас е посебна грижа, а добро е тоа што и за ФФМ стана приоритет. Ова е покрупен чекор што го правиме заедно со ФФМ, односно реконструкција на теренот и електрификација на стадионот. Ние имаме и проект за реконструкција и доизградба на стадионот за 12 илјади гледачи и очекуваме деновиве заинтересираните фирми за изградба на стадионот да го соопштат нивниот интерес, а потоа ќе распишеме оглас за јавно приватно партнерство“, рече градоначалникот Талески.Попладнево во спортската сала „Младост“ во Битола, во соработка на општина Битола и ФФМ ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар и концерт, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ, поради закани, одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.