Контакт

Спорт

ФФМ ја исфрли Шкендија од Купот за следната сезона и парично го казни клубот

Објавено пред

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), изрече драконска казна за Фудбалскиот клуб Шкендија, поради случувањата во финалето на Купот, кое тимот од Тетово го загуби од Силекс со 0:1.

ФФМ парично ја казни Шкендија со 105.000 евра и ја исфрли од натпреварите во купот за следната сезона.

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

Дополнително, ФК Шкендија се казнува со 10.000 евра поради националистички скандирања и слогани со навредлива содржина на национална основа, како и со 20.000 евра поради истакнување транспарент со нацистичка содржина, за што веќе беа казнети од УЕФА.

Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра и исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27 поради одбивање да ги прими медалите на свечената церемонија, како и поради деградирачки и непочитувачки однос кон официјалните лица и противничката екипа.

Покрај тоа, на ФК Шкендија му е изречена казна од 30.000 евра и забрана за присуство на публика на следните четири домашни натпревари поради непочитување на националната химна, односно исвиркување и дискриминаторски однос за време на финалниот натпревар од Купот на Македонија“, објави ФФМ на својата интернет страница.

Покрај Шкендија, казни добија Силекс и Вардар.

„Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради навредливо скандирање од страна на навивачите и несоодветна прослава на титулата од страна на фудбалерите.

Воедно, Дисциплинската комисија поведе постапка против ФК Вардар поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33. коло помеѓу Вардар и Шкендија“, стои во соопштението на Дисциплинската комисија при ФФМ.

Izvor i Foto/ ffm.mk



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Јапонците повторно го воодушевија светот, го исчистија целиот стадион

Објавено пред

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа зошто се толку почитувани низ целиот свет.

По нерешениот резултат против Холандија (2:2) во Далас, илјадници јапонски навивачи не го напуштија веднаш стадионот по завршувањето на натпреварот. Наместо тоа, тие останаа на трибините за да го исчистат просторот каде што го гледаа натпреварот. Глетката на јапонските навивачи со сини кеси за ѓубре стана една од најубавите слики од Светското првенство досега.

Додека другите навивачи полека го напуштаа стадионот, навивачите на „Самураите“ внимателно собираа шишиња, чаши, амбалажа и друг отпад, оставајќи ги трибините речиси беспрекорно чисти. Нивниот гест предизвика ентузијазам кај навивачите на другите национални тимови, како и бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.

Она што е особено фасцинантно е фактот дека не станува збор за еднократна акција. Јапонците ја негуваат оваа традиција со децении. Уште од Светското првенство во Франција во 1998 година, кога првпат го привлекоа вниманието на јавноста со ова однесување, јапонските навивачи редовно ги чистат стадионите по натпреварите на нивните репрезентации.

Тие го направија истото во Русија 2018, Катар 2022, а сега и на Светското првенство 2026 во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Причината за ова однесување лежи длабоко во јапонската култура. Уште од најраното детство, децата во Јапонија учат да се грижат за заедничкиот простор и да остават ред зад себе. Познатата јапонска изрека „Остави го местото како што си го нашол“, т.е. „Не оставај трага зад себе“, кажува кои принципиелни членови на оваа нација се префрлаат на спортски настани.

Интересно е што Јапонците ги чистат стадионите без оглед на резултатот. Тие го правеа тоа по победи, нерешени резултати, но и болни порази. Затоа нивниот гест од многумина се смета за многу поголем од обичното собирање отпад, тоа е порака за почит кон домаќините, организаторите и сите други навивачи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Каролина го освои Стенли Купот

Објавено пред

Каролина Хјурикенс се шампиони на НХЛ. Тимот од Северна Каролина стигна до Стенли Купот со победа во серијата против Лас Вегас со 4:2, а се покажа дека го добија решавачкиот шести натпревар на гостински терен со резултат од 3:0.

На овој начин, по точно 20 години, Каролина го врати пехарот во витрините. Тие ја освоија својата прва титула од 2006 година.

Хјурикенс ги загубија првите два натпревари од серијата, но потоа со четири последователни победи направија пресврт за конечен триумф.

Во Невада, мрежата ја маѓепса голманот Брендон Бузи, кој одбрани 22 удари кон својот гол. Од другата страна, напаѓачите одлично се снаоѓаа и постигнаа по еден гол во секоја третина.

Тејлор Хол беше првиот што се запиша во листата на стрелци. Поранешниот прв избор на драфтот постигна гол по само четири минути.

Предноста ја удвои Блејк во средината на вториот дел, а конечниот резултат го стави во празна мрежа Данецот Николас Елерс.

За најкорисен играч (MВП) од финалната серија е прогласен ветеранот Џордан Стал, кој постигна исто шест голови во исто толку натпревари, во финалната серија.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Диало го расплака Еквадор, Шведска го декласира Тунис

Објавено пред

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска го победија Еквадор со 1:0 (0:0) во натпреварот од првото коло од Групата Е на Светското првенство, додека во Групата Ф, Шведска го декласира Тунис со 5:1.

Натпреварот во Филаделфија, пред речиси 60.000 навивачи на Еквадор, беше решен во 90-та минута.

Целиот натпревар беше полн со интензитет, ритам и динамика, а тоа донесе многу шанси на двете страни, вклучувајќи и удари кон голот. Еквадор три пати ја погоди рамката, „Слоновите“ еднаш.

Кога сите се помирија со фактот дека мечот ќе заврши без постигнат гол, „Слоновите“ изведоа молскавична контра.

Стартниот стопер, Синго, кој подоцна се префрли на позицијата десен бек, се проби на десната страна, истрча со топката речиси 70 метри, а потоа непречено му сервираше на Дијало, кој ја потврди својата класа со еден потег и донесе голема радост на својата нација.

Во второто коло, Брегот на Слоновата Коска ќе игра против Германија во сабота во 22:00 часот во Торонто, додека истата вечер во 02:00 часот Еквадор ќе се сретне со Курасао во Канзас.

Во Ф групата, Шведска со два гола на Ајари и Ѓокереш, односно гол на Свамберг го растури Тунис со 5:1. Според прикажаното Тунижаните не заслужија толку убедлив пораз. Иронијата е дека првиот и последниот гол за Шведска ги постигна Ајари, кој требаше да игра за Тунис, бидејќи неговите родители се од оваа земја. Сепак тој реши да го носи дресот на Шведска, поади што не ги прослави головите.

Во следното коло, Шведска ќе игра против Холандија во сабота во 19:00 часот, а Тунис ќе се натпреварува против Јапонија следниот ден наутро во 6:00 часот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт14 минути

(Видео) Јапонците повторно го воодушевија светот, го исчистија целиот стадион

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа...

Црна хроника21 минута

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово: изречени се 114 санкции, уапсени се седум лица, одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за...

Црна хроника25 минути

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата...

Економија26 минути

Оваа недела ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите...

Македонија29 минути

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response...

Македонија32 минути

Министерот Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за...

Македонија34 минути

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

„Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После 2 години власт...

Спорт35 минути

Каролина го освои Стенли Купот

Каролина Хјурикенс се шампиони на НХЛ. Тимот од Северна Каролина стигна до Стенли Купот со победа во серијата против Лас...

Македонија36 минути

„СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и внесувањето на Бугарите во Устав“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за...