Контакт

Спорт

ФИФА конечно го менува правилото кое ги нервираше играчите и навивачите

Објавено пред

ФИФА потврди дека ќе користи подобрена полуавтоматска технологија за офсајд на Светското првенство во 2026 година, што треба да го забрза донесувањето одлуки и да ја елиминира една од најголемите фрустрации за навивачите во последните години.

Според информациите објавени од новинарот на Би-Би-Си, Дејл Џонсон, помошниците на судиите ќе добијат звучен сигнал во слушалките кога системот ќе открие дека играчот е во офсајд повеќе од десет сантиметри. Во такви ситуации, повеќе нема да има потреба да се чека да заврши акцијата, односно помошникот веднаш ќе може да сигнализира недозволена позиција.

Правилото да не се прекинува акцијата, беше воведено за да се избегнат грешки во ситуации каде што офсајдот не беше целосно јасен, а ВАР подоцна можеше да ја потврди или поништи одлуката.

ФИФА ќе користи и дополнителни технолошки иновации. Една од нив е технологија за автоматско следење на топката што го напушта теренот, додека судиите ќе имаат и 3Д приказ на видното поле на голманот во ситуации каде што проценуваат дали играчот во офсајд влијае на неговата способност да реагира.

Целта е јасна – побрзи одлуки, помалку прекини и помалку фрустрации за играчите, тренерите и навивачите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Реал се договорил со Кукуреља

Објавено пред

Марк Кукуреља (27) ќе стане нов играч на Реал Мадрид, објавја вечерва неколку релевантни медиуми. Шпанскиот репрезентативец ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Мадрид по завршувањето на Светското првенство. Реал за него чќе плати 55 милиони евра,а доколку ги исполни бонусите, Челзи ќе може да инкасира и дополнителни пет милиони евра.

Договорот е постигнат ненадејно и без најава, бидејќи најблиску до потписот на левиот бек беа Атлетико Мадрид и Барселона. Наводно веќе постои усмен договор меѓу сите вклучени страни.

Според достапните информации, Кукуреља бил експлицитна желба на Мурињо за позицијата лев бек. Доаѓањето на Кукуреља би претставувало значително засилување за Реал Мадрид. Тој е клучен играч и во Челзи и во шпанската репрезентација. Со неговиот ангажман, Реал би добил докажано и квалитетно решение на левата страна од одбраната.

Кукуреља пристигна во Челзи во 2022 година од Брајтон во трансфер вреден 65 милиони евра. Оттогаш, тој има 163 настапи за лондонскиот клуб со девет гола и 13 асистенции.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Барселона преку Фуксе Берлин до титулата во ЛШ

Објавено пред

По феноменален финален натпревар, ракометарите на Барселона успеаја да го победат Фуксе Берлин – 37:34 (20:16) и 13-ти пат во клупската историја стнаа европски шампиони. Од друга страна, Берлин втора година по ред дожива пораз во финалниот меч. Најдобриот ракометар во светот, Матијас Гидсел, се уште нема титула во најсилното клупско натпреварување.

Барселона во целост го контролираше натпревар, стекна предност од два гола во раната фаза, а на полувреме разликата беше четири гола во корист на Каталонците. Клуч за предноста на Барселона беше извонредната одбрана врз Гидсел, кој во првиот дел постигна само еден гол.

Клучната предност, Барселона ја направи на стартот од второто полувреме, кога во 34-та минута стекна предност од шест гола. Берлин се обиде, се доближи на негатива од два гола, но не успеа да направи пресврт, благодрение на грешките и брилијантниот голман Нилсен.

Дуелот на голманите беше исто така интересен, Нилсен имаше 17, а Милосављев 13 одбрани, но Данецот на голот на Барселона бранеше во клучните моменти, кога Берлин опасно се закани.

Стрелците кај Барселона ги предводеше Луис Фраде со седум, Алеиш Гомез со шест, Блаж Јанц и Домен Макуц со по пет, Дика Мем со четири гола. Кај Берлин, Матијас Гидсел постигна осум гола, Ласе Андерсон и Тим Фрајхофер по седум, Нилс Лихтелајн шест гола.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Голот на Комененсија ги налути Германците, испорачаа седум гола во мрежата на Курасао

Објавено пред

Германската фудбалска репрезентација го отвори Светското првенство со убедлив триумф над дебитантот Курасао со 7:1.

Уште од самиот почеток беше јасно дека станува збор за дуел помеѓу екипи со различен квалитет – „Панцерите“ влегоа како апсолутни фаворити против дебитантите и една од најмалите фудбалски екипи на турнирот, но Курасао, и покрај ова, покажа борбен дух и успеа да остави трага во историјата.

Токму со голот на Комененсија беше постигнат првиот гол во историјата на Курасао на светските првенства, откако претходно Нмеча ѝ донесе водство на Германија по шест минути игра.

Сепак, тоа беше единствениот момент на радост за аутсајдерот, кој остана без одговор на офанзивната моќ на противникот до крајот на натпреварот. Радоста не траеше долго, бидејќи Германија веднаш продолжи со притисокот. По корнерот на Натаниел Браун, Нико Шлотербак остана сам во шеснаесетникот и со глава го врати водството на селекцијата на Јулијан нагелсман. Пред паузата, беше видена уште една потврда за германската супериорност. По досудениот пенал, Каи Хаверц беше безбеден од белата точка и ја однесе својата селекција на потивок одмор со двојна предност.

Во второто полувреме, Германците постигнаа уште четири гола, стрелци беа Мусијала, Браун, Ундав и Хаверц.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Зеленски по разговорот со Трамп: Имаме добри идеи за побрз мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за напорите за ставање крај на војната во...

Спорт20 минути

Реал се договорил со Кукуреља

Марк Кукуреља (27) ќе стане нов играч на Реал Мадрид, објавја вечерва неколку релевантни медиуми. Шпанскиот репрезентативец ќе го напушти...

Спорт30 минути

Барселона преку Фуксе Берлин до титулата во ЛШ

По феноменален финален натпревар, ракометарите на Барселона успеаја да го победат Фуксе Берлин – 37:34 (20:16) и 13-ти пат во...

Спорт54 минути

(Видео) Голот на Комененсија ги налути Германците, испорачаа седум гола во мрежата на Курасао

Германската фудбалска репрезентација го отвори Светското првенство со убедлив триумф над дебитантот Курасао со 7:1. Уште од самиот почеток беше...

Свет1 час

Кремљ: Доналд Трамп му порача на Владимир Путин дека е подготвен да помогне за крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешен телефонски разговор му порачал на рускиот претседател Владимир Путин дека прекинот на војната во...

Свет1 час

Киев тврди дека пресретнал тајни руски анализи за пад на поддршката за Путин

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави, како што тврди, доверливи руски документи кои покажуваат растечка загриженост во Кремљ поради внатрешната состојба...

Свет1 час

(Видео) Авион со 12 лица се урна во Мисури, нема преживеани

Единаесет падобранци и пилот загинаа при пад на мал авион во близина на аеродром во американската сојузна држава Мисури. Несреќата...

Македонија1 час

Муцунски на состаноци во Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од утре до 18 јуни ќе оствари работни посети...

Економија1 час

Николоски: Од 2 јули нова директна линија Анкара- Скопје и карго железничко поврзување меѓу Македонија и Турција

Бизнис форумот што го одржавме во Истанбул беше одлична можност за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Турција. На...