Контакт

Спорт

ФИФА му ги призна четирите ѕвезди на Уругвај

Објавено пред

ФИФА му дозволи на Уругвај, на дресот да носи четири ѕвезди и покрај тоа што ооваа репрезентација два пати била светски првак. Уругвај триумфирал на светските првенства во 1930 и 1950 година. Два пати оваа репрезентација победила на Олимписките игри.

Уругвај два пати победиле на Олимписките игри во 1924 и 1928 година. Тие турнири тогаш се сметаа за светски првенства. Поради тоа Уругавјците тие златни медали ги бројат како светски титули.

ФИФА, пред неколку месеци донесе одлука да избрише две ѕвезди од грбот на Уругвај. Откако Уругвајците ја обжалија одлуката, ФИФА попушти. Уругвај и понатаму ќе има четири ѕвезди над грбот и покрај тоа што во историските книги на ФИФА стои дека тие два пати победиле на светските шампионати.

Уругвај со 15 титули на Копа Америка, заедно со Аргентина е најтрофејната јужноамериканска селекција.

Спорт

Бразил го декласира Уругвај, минималец на Аргентина против Перу

Објавено пред

Јужноамериканците го комплетираа 12.коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Бразил и Боливија ги забележаа најубедливите победи во оваа рунда.

Бразил, предводен од Рафиња, го совлада Уругвај со 4:1. Крилниот играч на Лидс јунајтед, во својот прв старт во националниот тим, постигна два гола. Серијата на голови ја отоври Нејмар во 10.минута, осум минути подоцна Рафиња зголеми на 2:0. Во вториот дел Рафиња го постигна својот втор гол, потоа Луис Суарез од слободен удар намали на 3:1, а Габриел Барбоса го постави конечниот резултат.

Бразил ја задржа предноста од шест бода над Аргентина. „Гаучосуте“, минимално го победија Перу. Голот за победа го постигна Лаутаро Мартинез во 43.минута. Јотун во 65.минута не успеа да реализира пенал за Перу.

Чилеанците се вратија во трката за пласман на Мундијалот, со победата од 3:0 над Венецуела. Два гола во првото полувреме постигна дефанзивецот на Фиорентина, Ерик Пулгар, а третиот гол во вториот дел го постигна Бен Берертон.

Боливија го декласира Парагвај со 4:0, додека Колумбија и Еквадор одиграа без голови.

На табелата води Бразил со 31 бод, Аргентина е втора со 25, следуваат Еквадор со 17, Колумбија и Уругвај со по 16, Чиле со 13, Боливија и Парагвај имаат по 12, Перу 11, а Венецуела седум бода.



Прикажи повеќе...

Спорт

Магичен потег на Халанд

Објавено пред

Ерлинг Халанд на тренингот на Борусија Дортмунд ја покажа својата класа.

Напаѓачот, кој на 67 натпревари за Борусија има постигнато 68 гола, постави три топки една на друга, а потоа секоја посебно ја испрати во целта поставена во голот.

Неговата акробација Бундеслигата ја објави на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Димитров со пресврт го победи Хуркач, Нори го растури Шварцман

Објавено пред

Григор Димитров и Камерон Нори ја формираа првата полуфинална двојка на мастерсот во Индијан Велс.

Димитров, слично како и во претходната рунда против Медведев, со пресврт дојде до победата. Бугаринот за два часа и 40 минути го победи Хуберт Хуркач со 3/6, 6/4, 7/6.

Димитров можеше порано да го заврши мечот, меѓутоа не успеа во деветтиот гем од третиот сет. На крајот со убедлива игра во тај-брејкот избори пласман во полуфиналето.

Димитров од понеделник ќе биде 21., а Хуркач 10. на АТП-листата.

Голем напредок ќе забележи и Камерон Нори. Тој од понеделник ќе биде 20. играч во светот.

Нори во четврт-финалето го декласира Диего Шварцман. Нои на Аргентинецот му препушти само два гема. За 74 минути го доби мечот со 6/0, 6/2.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија1 час

Во Македонија активни се 6.602 случаи на коронавирус

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија1 час

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија19 часа

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија21 час

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија22 часа

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија22 часа

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет23 часа

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет1 ден

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион1 ден

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет1 ден

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион1 ден

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Европа1 ден

(Видео) Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка, има повеќе загинати и повредени

Маж бил уапсен откако повредил неколку луѓе со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала...

Свет2 дена

СЗО ja запре постапката за итно одобрување на „спутник В“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прекината постапката за итно одобрување на руската вакцина „спутник В“ бидејќи недостасува одредена...

Македонија2 дена

12 починати, регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања,...

Македонија2 дена

Влада: До 50 проценти присуство на публика на настани во затворено, услов се две дози на вакцина

Владата на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за...

Топ2 дена

19-годишно момче од Тетово испраќало порнографски снимки на малолетно девојче

19-годишно момче од Тетово се сомничи за прикажување порнографски материјал на дете, соопшти полицијата. СВР Тетово поднесе кривична пријава против...

Топ2 дена

(Видео) Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога во вредност од речиси 200.000 евра, приведени шест лица

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ „Југ“...

Досие