Контакт

Спорт

Фјури до Џошуа: Ајде да се бориме викендов, без ракавици!

Објавено пред

Британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се закачија на „Твитер“ кога првиот го прозва противникот дека е манипулатор што го изневерил боксот.

Зборовите на Џошуа доаѓаат откако арбитражниот суд во САД нареди Фјури најпрвин да оди во ринг со Дионтеј Вајлдлер пред да влезе во мечот за обединување на појасите.

Фјури е шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ, а Џошуа ги има појасите во верзиите ВБО, ИБФ, ВБА и ИБО.
Џошуа му порача на противникот:

„Тајсон Фјури, светот виде каков лажго си. Го изневери боксот, ги лажеше навивачите и ги водеше во погрешна насока. Го користеше моето име за јакнење на своето влијание, а не за да се бориш“.

Следуваше експресен одговор од Фјури:

„Џошуа, полн си со ср.ња. Твојот тим беше свесен дека постои арбитража. Ако мислиш дека сум манипулатор, да се најдеме викендов и да се бориме без ракавици сѐ додека едниот не се предаде. Ќе вложиме по 20 милиони и двајцата“.

Џошуа на ова коментира:

„Ти си добро момче, не играј си со мене. Ќе те исплескам по ќелавата глава“.

Но, тука не застанаа, Фјури повторно во свој стил:

„Те молам, дојди и пробај да ме удриш. Првин ќе го претепам Вајлдлер, па доаѓам по тебе“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

На Шпанците и Енрике за ремито им беше виновна сувата трева!

Објавено пред

Шпанија во еден од најчудните мечеви досега на ЕУРО 2020, вчера во Севилја не успеа да постигне гол и одигра само 0:0 против Шведска и покрај тоа што имаа 85 отсто посед на топката, по што селекторот Луис Енрике и дел од фудбалерите се пожалија на сувата трева на стадионот „Ла картуха“.

„Причината не е во теренот, но да бидеме искрени, теренот не беше во најдобра состојба“, изјави Педри по мечот, а Луис Енрике додаде дека се надева дека за саботниот меч против Полска „ќе има подобри услови“. Шпанија трите меча од групата фаза ќе ги игра во Севилја.

Севилја беше „резервна варијанта“ на УЕФА, откако Билбао ја загуби организацијата, а локалните организатори за лошата состојба на теренот ги обвинуваат метеоролошките услови – минатата недела во Андалузија температурите достигнаа до 40-тиот степен, невообичаено топло за јуни. Ова ја „изгорело“ тревата и покрај обидите на организаторите да ги следат насоките од Шпанската фудбалска федерација.

Прикажи повеќе...

Спорт

Меси го стигна Роналдо и сруши аргентински рекорд на Батистута

Објавено пред

Лео Меси погоди од слободен удар на мечот од Копа Америка – Аргентина против Чиле 1:1. За Меси тоа беше 57-ми гол за „гаучосите“ од слободен удар со што се изедначи на првото место меѓу активните фудбалери со Кристијано Роналдо.

Диего Марадона, за споредба постигна 62 гола од слободен удар во текот на кариерата.

Роналдо имаше голема предност во оваа категорија, но последните години многу малку погодува од прекин. За Аргентинецот ова беше четврти гол од слободен удар во последната една година, додека Роналдо толку има постигнато во последните 4 години.

Со синоќешниот погодок, 39-ти за Меси на Копа Америка, на СП или во квалификациите за тоа натпреварување тој изби на листата пред Габриел Батистута.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ериксен ги гледал последните 10 минути од мечот на кој беше клинички мртов

Објавено пред

Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Каспер Хјулманд пред мечот од второто коло на ЕП против Белгија зборуваше за Кристијан Ериксен. Тој истакна дека вестите за добрата состојба на Ериксен им даваат сила на соиграчите, а откри и дека Кристијан успеал да ги погледне последните 10 минути од мечот против Финска.

„Тоа ни дава многу причини за радост и смеа. Нестварно е да се замисли дека тој човек таму седи насмеан. Нестварно е да чуеме дека ги гледал последните 10 минути од натпреварот“ вели Хјулманд.

Тој нагласи дека сега кога состојбата на Ериксен е подобра, можат се повеќе да мислат на фудбалот.

„Фактот дека тој таму лежи и се смешка ни дава еден импулс да можеме да се концентрираме на фудбалот и на мечот во четврток“ – вели селекторот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Владата го укина полицискиот час, дозволени се прослави и настани

Полицискиот час од утре се укинува, угостителските објекти останува да работат само на отворено, а се дозволува и одржување на...

Топ4 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија6 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија7 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија8 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет8 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија8 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија9 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет11 час

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија11 час

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет11 час

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет12 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет12 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија1 ден

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет1 ден

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет1 ден

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија1 ден

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа1 ден

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија1 ден

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија1 ден

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Досие