Спорт
Фјури не мисли на Џошуа, му се врати на алкохолот – 12 пива дневно!
Долгонајавуваната и долгоочекувана пресметка меѓу светските шампиони во тешка категорија, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, изгледа далечно бидејќи Фјури, носителот на ВБЦ-титулата, вели дека пие 12 пива дневно и дека не се ниту блиску до договор.
Откако пред неколку недели промотерите на двајцата боксери беа оптимистички расположени за договарањето на двата меча оваа година, сега Фјури вели дека е човек што ужива во целосното затворање со многу пиво.
„Додека немам меч, датум и многу пари во џебот, нема да има меч. Има многу работи што се одвиваат, а за кои луѓето не знаат, но кои може да го спречат мечот. Престанав со тренинзи, сега сум на одмор. Имам 8, 10, 12 пива дневно. Не јадам доволно, така што калориите ги добивам преку алкохолот. Нема што друго да се прави, нели? Доста ми беше тренинг по тренинг без цел. Сега сум човек што ужива во целосното затворање“, вели Фјури.
Ова не е првпат популарниот Џипси кинг да има ваков проблем – по славната победа над Владимир Кличко во 2015, тој призна дека пиел по 50 литри пиво неделно и стигна блиску до 200 килограми, а тука беше и лошата навика со кокаинот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.