Спорт
Фјури замина во пензија: Сакам да му посветам на семејството
Британскиот боксер Тајсон Фјури неколку дена по мечот со Дилан Вајт ја отфрлил можноста да се врти во рингот. Фјури во неделата со нокаут во шестата рунда го победи Вајт и ја одбрани титулата во ВБЦ-верзијата.
По неговата победа, медиумите почнаа да шпекулираат дека тој би можел да се бори против Олександер Усик или Ентони Џошува за обединување на сите титули во професионалниот бокс.
„Речиси 100.000 луѓе на Вембли, победа со нокаут. Кралот на Циганите нема да биде заборавен, никаква материјална добивка или пари нема да влијаат на одлуката да се пензионира“, изјави Фјури.
Британецот истакнал дека е среќен и здрав и дека ужива во семејниот живот.
„Имам убава сопруга и шест деца. Имам многу пари и не знам колку појаси. Имав многу успеси и слава. Што повеќе би можел да имам?“, додаде 33-годишниот боксер.
Фјури до последната победа во кариерата дојде на крајот од шестата рунда.
„Боксот е многу опасен спорт. Можете да бидете нокаутирани со еден удар, како што видовме во саботата. Еден удар може да биде доволен човек да не може закрепне“, изјави Фјури.
Тој го потенцира фактот дека е само вториот светски шампион во тешка категорија, кој непоразен заминал во пензија.
„Не се работи за пари. Многу луѓе се грижат само за парите. Имам доволно пари за сè што ми треба. Со боксот десет години патувам во светот. Кога ќе одвојам време да бидам татко, сопруг, брат и син? Треба да имам време за себе“, заклучи Фјури.
Британецот во кариерата забележа 32 победи и едно реми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.