Спорт
ФК Вардар побара ФФМ да се самораспушти и Горан Пандев да биде претседател

Најтрофејниот македонски клуб Вардар, преку соопштение потпишано од сопственикот Слободан Крстевски, бара комплетното раководство на ФФМ да се самораспушти и вели дека е време фудбалски величини како Горан Пандев да го водат македонскиот фудбал.
Во соопштението се вели:
„Серијата ”2 МФЛ” продолжува, само се менуваат главните актери, борбата за власт, позиции, гласови, а интересот на фудбалот и развојот никој не го гледа. Сѐ е купено и договорено однапред, никакви правила не важат, за некои клубови има отстапки, а некои клубови се тешко оштетени секое наредно коло.
Со вчерашното бламирање во Гостивар раководните структури на ФФМ го направија првенството да биде нерегуларно на дрзок и безобразен начин со една цел, екипата на ФК Вардар по секоја цел да остане во втората лига.
Претседателот на Федерацијата можеше на почетокот на сезоната да нѐ информира дека има за цел по секоја цена однапред на зелена маса да се договорат финалните позиции на табелата што ќе беше покоректно, отколку на ваков начин да се наруши регуларноста на првенството.
ФФМ, доста е веќе!
Кај нас во ФК Вардар се е веќе јасно и овој пат нема повлекување, поминати се сите граници, на неколку наврати во минатото сме реагирале на нерегуларностите кои ги сервираа од ФФМ, но веќе нема. Сега одиме до крај!
Безусловно бараме целото раководство на ФФМ да си поднесе неотповиклива оставка на чело со претседателот Сејдини и сите комисии при ФФМ да се самораспуштат. Време е за промени, време е фудбалски величини како Горан Пандев да застанат на чело на ФФМ, за да може македонскиот фудбал да мрдне од мртва точка.
-Слободан Крстевски-,
Сопственик на ФК Вардар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Надал без проблеми во вечерната сесија на Ролан Гарос

„Кралот“ на Ролан Гарос, 13-кратниот шампион Рафаел Надал се пласираше во третото коло на францускиот гренд слем, откако во вечерната сесија во Париз со 6:3/6:1/6:4 за два часа и 12 минути го совлада домашниот тенисер, Корентин Муте.
Надал, кој оваа сезона не освои ниту еден турнир на неговата омилена подлога, се мачеше со повреди на стапалото и на грбот во текот на пролетната сезона, но тоа не го мачеше во дуелот против Муте, остварувајќи рутинска победа, во која проблем беше само последниот сет, кога во финишот Муте направи брејк.
Следен за Шпанецот е Холанѓанецот Ботик ван Цандшлуп, светскиот број 29., кој влезе во третото коло откако Фабио Фоњини се повлече при 6:4/7:6(2)/3:2 водство на противникот.
Спорт
Рома и Мурињо кренаа европска титула – во Тирана „падна“ Феенорд

Жозе Мурињо стигна до својата петта европска титула, откако неговите Рома стигнаа до 1:0 победа над Феенорд во финалето на новата Конференциска лига на Европа, обезбедувајќи прв трофеј во витрините на „волчицата“ од тој од Копа Италија во 2008 година.
Мурињо со ова дефинтивно ги оправда очекувањата на страствените навивачи на клубот од италијанската престолнина, и покажа дека е „експерт“ за европските купови. По титулите од Лигата на шампионите со Порто (2004) и Интер (2010), УЕФА купот со Порто (2002) и Лига Европа со Манчестер јунајтед (2017), ова е уште едно големо достигнување на „Специјалниот“.
Херој на „волчицата“ беше Николо Заниоло, кој во 32. минута од мечот по одличната асистенција на Џанлука Манчини успеа да постигне убав гол. По ова, Феенорд може да жали што на почетокот на второто полувреме не успеа да израмни, за што е најзаслужен Руи Патрисио на голот на Рома, кој имаше две одлични одбрани.
Ова е прв европски успех на Рома во 94-годишната историја на клубот, додека Феенорд не успеаја да стигнат до четврти европски трофеј по титулите во ЛШ (1970) и УЕФА купот (1974, 2002).
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Спорт
Фантастична победа над БиХ на стартот на Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација имаше совршен старт на новата сезона во Европската сребрена лига, откако со доминантна игра стигнаа до 3:0 (25:16, 25:17, 25:23) победа на Босна и Херцеговина.
Во првиот сет, гостите успеваа да останат во игра до 11:8, пред со две добри серии да се обезбеди сетот со 25:16. Одличниот старт продолжи и во вториот сет, каде што македонските одбојкари поведоа со 7:1, па со 18:12, контролирајќи ја играта. Само во последниот сет беше ирамнето, откако гостите има водство од 9:10, пред во неизвесен финиш да се обезбеди победата.
Претходно, вчера, во првиот меч од нашата група Б, Романија со 3:1 ја совлада Албанија. Следниот меч за македонските одбојкари е во сабота на гости токму кај Романија.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк