Спорт
Формула 1 ја најави „револуцијата“ во 2021 година (галерија)
Формула 1, конечно, по повеќе одлагања ги претстави регулативите за 2021 година и изгледот на болидите во „новата ера на Ф1 тркањето“.
Следната сезона ќе биде последна под сегашниот „Конкорд договор“, и газдите на Ф1, „Либерти медија“ најавуваат промени со кои ќе се намалат трошоците, ќе се зголеми конкуренцијата, а возачите ќе добијат болиди какви што посакуваат со поголема можност за следење на болидот пред нив.
– Болиди кои се подобри во битка на патека.
– Побалансирано натпреварување на патеката.
– Спорт каде што успехот ќе биде утврден според тоа колку добро тимовите ги трошат своите пари, а не колку трошат, вклучувајќи првпат ограничување на буџетот од 175 милиони долари по сезона.
– Спорт кој е подобар бизнис за тие кои учествуваат и поатрактивен за новите тимови.
– Спорт кој ќе остане најелитната светска тркачка серија и совршено место за презентација на новите технологии.
Регулативите се ратификувани од Светскиот моторспорт совет (ВМСЦ) со едногласна согласност на сите страни. Новите регулативи ќе бидат поврзани со ново управување на спортот и нов систем за прераспределба на парите за сите тимови, за што се вршат „напреднати“ преговори со тимовите.
An entirely new aerodynamic set-up is coming to F1 in 2021
It’s the first time in history that F1 cars have specifically been designed with a chasing car in mind#F12021 pic.twitter.com/jNYvbr2e44
— Formula 1 (@F1) October 31, 2019
Check out some of the major differences on the 2021 car…#F12021 pic.twitter.com/zL2kmSPTqa
— ROKiT WILLIAMS RACING (@WilliamsRacing) October 31, 2019
#RSspirit #F12021
*Images for illustrative purpose only pic.twitter.com/y4LqfD3zdc— Renault F1 Team (@RenaultF1Team) October 31, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.