Спорт
Французите и Швеѓаните со супериорност до четврт-финале

Фаворитите Франција и Шведска не дозволија никаква неизвесност околу нивниот пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Египет, стигнувајќи до убедливи победи во последните мечеви од втората групна фаза на Мундијалот.
Избегнувајќи секакви „комбинаторики“, Французите го одиграа најдобриот меч на првенството, доминирајќи над Португалија и стигнувајќи до победа од 32:23 за прво место во групата 3 пред Норвешка, а во исто време Шведска исто толку беше супериорна над Русија, победувајќи со неверојатни 14 гола разлика (34:20) за да го освои првото место во групата 4 пред Египет.
Освен на почетокот на мечот, кога двапати Португалија имаше по гол предност, Франција ја имаше контролата на играта, правејќи дури +10 во второто полувреме. Иго Деска имаше осум гола за „триколорите“, по пет уфрлија Н’Гесан и Мем. Шведска, пак, работите ги реши уште во првото полувреме, кога имаа дури девет гола предност против Русија (17:8)
Швеѓаните во четврт-финалето ќе се сретнат со второпласираниот од групата 2, каде што во игра уште се Данска, Аргентина и Хрватска, додека Французите ќе играат со второпласираниот во групата 1, Унгарија или Шпанија.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 3
Алжир – Швајцарија 24:27 (13:15)
Исланд – Норвешка 33:35 (18:18)
Португалија – Франција 23:32 (12:16)
Табела: 1.Франција 10, 2.Норвешка 8, 3.Португалија 6, 4.Швајцарија 4, 5.Исланд 2, 6.Алжир 0
ГРУПА 4
Македонија – Белорусија 26:30 (14:14)
Словенија – Египет 25:25 (14:8)
Русија – Шведска 20:34 (8:17)
Табела: 1.Шведска 8, 2.Египет 7, 3.Словенија 6, 4.Русија 5, 5.Белорусија 4, 6.Македонија 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Енфилд“ како проколнат! Ливерпул пет пати во низa загуби дома

Челси стигна до супер-важна 1:0 победа на гости кај Ливерпул за да ги зголеми шансите за топ 4 пласман, и во исто време да им го нанесе на „црвените“ неверојатниот петти пораз во низа на „Енфилд“, откако претходно имаа 68 меча без пораз на славниот фудбалски храм.
Челси ја контролираа играта во првото полувреме, кога прво голот на Тимо Вернер зачудувачки беше поништен поради минимален офсајд во 24. минута, за потоа во 42. минута, Мејсон Маунт со прекрасна соло акција да го совлада Алисон и да донесе водство за тимот на Томас Тухел. Во второто полувреме, Ливерпул „притискаше“, но и Челси имаше свои шанси, од кои во една само реакцијата на Алисон ги спаси од 0:2.
Со трите поени, Челси се искачија на 4. место со 47 поени, еден пред Евертон, додека актуелните шампиони Ливерпул се само седми со 42 поени по дури осмиот пораз во 2020/21.
Спорт
Блесок на Алексис, Интер има +6 на врвот на Серија А!

На Интер им беа потребни речиси цел час игра за да го „скршат“ отпорот на Парма, но потоа на сцена стапи Алексис Санчез, кој постигна два гола за осум минути за да ги предводи „нераѕурите“ до 1:2 победа со која се одвоија на фантастични шест поени предност на првото место во Серија А во обид да стигнат до првото скудето од 2010 година.
Во првото полувреме на „Енио Тардини“, Интер имаа неколку убави шанси, од кои најубавите преку Кристијан Ериксен и Ромелу Лукаку, но на одмор се отиде со 0:0. Потоа на сцена стапи Санчез, кој двапати на асистенција на Ромелу Лукаку (инаку двајцата поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед) во 54. и 62. минута за обезбедување на трите поени. Ернани во 71. минута намали на 1:2 за да го зголеми притисокот на „нераѕурите“, но до крајот на мечот тоа беше конечниот скор.
Интер сега има 59 поени на врвот на Серија А, шест повеќе од Милан откако тие вчера одиграа само реми со Удинезе и 10 поени пред Јувентус и Аталанта, иако Јуве има натпревар помалку. Шансите на Парма да останат во елитата пак, се минимални, откако Дукали имаат 15 поени, шест од безбедната зона.
Спорт
Ефес со неверојатна слатка одмазда против ЦСКА

Ниту моќната ЦСКА Москва не успеа да ги сопре Анадолу Ефес, откако шест кошаркари имаа двоцифрен број на поени за фантастична 100:70 победа, со која се одмаздија за поразот од првиот меч во Русија, кога „Армејците“ победија со 100:65, што беше најлош пораз во модерната Евролига.
Василије Мициќ ги предводеше Ефес со 21 поен, 8 асистенции и 6 скока за шеста победа во низа за турскиот клуб. Сертаџ Санли додаде 14 поени, Крис Синглтон 12, додека Родриге Бобоа, Шејн Ларкин и Крунослав Симон завршија со 11 поени.
Само Торнике Шенгелија (14 поени) и Јоханес Фоигтман (10 поени) беа двоцифрени за „Армејците“ кои пристигнаа во Истанбул со две победи на гости кај Олимпијакос и Макаби.
ЕВРОЛИГА, 28.КОЛО
Зенит Санкт Петерсбург – Реал Мадрид 71:75 (13:24, 16:14, 29:14, 13:23)
Анадолу Ефес – ЦСКА Москва 100:70 (31:13, 24:15, 20:17, 25:25)
Макаби Тел Авив – Валенсија 84:72 (14:18, 19:17, 29:21, 22:16)
Баерн Минхен – Панатинаикос 76:71 (14:21, 23:15, 20:19, 19:16)
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер