Спорт
Фрум се повлече од Тур де Франс

Британскиот велосипедист, четирикратен победник на Тур де Франс, Крис Фрум, денеска се повлече од годинешната трка откако беше заразен со коронавирусот. Фрум е еден од тројцата возачи кои не стартуваа во денешната 18-та етапа, бидејќи нивните тестови беа позитивни на Ковид-19. Освен него, отпаднаа Иманол Ервити и Дамијано Карузо.
По 17-та етапа, Фрум беше 26-ти во генералниот пласман, еден час и 27 минути зад водечкиот Данец Јонас Вингегард. Откако претрпе сериозна несреќа во 2019 година, неговиот најдобар резултат е третото место на 12. етапа минатата недела.
„Навистина сум разочаран што нема да можам да стигнам до Париз и да ја завршам оваа Тур де Франс. Ова е многу посебна трка за тимот и за мене, бидејќи повторно почнувам да ги „чувствувам нозете“. Благодарен сум на сите за поддршката во текот на целиот процес. Сега си одам дома, ќе се исклучам на неколку дена и потоа ќе се подготвам за Вуелта а Еспања“, рече Фрум во видео порака.
Фрум двапати ја освои Вуелта, во 2011 и 2017 година. Оваа година трката ќе се вози од 19 август до 11 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ЛШ: Макаби со пресврт против Звезда, Бенфика сигурна против Динамо Киев

Португалскиот гигант Бенфика е на чекор пред пласман во Лигата на шампионите, откако во првиот меч од баражот стигнаа до 0:2 победа над украинскиот Динамо Киев, додека Црвена звезда пропушти водство во Израел, за да го очекува реваншот против Макаби Хаифа со 3:2 негатива. Азербејџанскиот Карабаг и чешка Викторија Плзењ одиграа реми без голови во првиот денешен меч.
Жилберто ги донесе Бенфика во водство по 9. минути игра, за Гонсало Рамос во 37. минута да го удвои водството на Бенфика за мирен реванш.
Во Израел беше многу понеизвесно. Францди Пјеро ги донесе Макаби во водство во 18. минута, но тимот на Дејан Станковиќ одговори фуриозно – Александар Пешиќ израмни во 27. минута, за во 40. минута Гелор Канга да ги замолчи домашните навивачи за водство на Звезда од 1:2. Сепак, само што почна второто полувреме, во 51. минута, Пјеро со вториот гол израмни, за десет минути подоцна Тјарон Чери да го комплетира пресвртот за 3:2.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 1.МЕЧ
Карабаг (Азе) – Викторија Плзењ (Чеш) 0:0
Динамо Киев (Укр) – Бенфика (Пор) 0:2
Макаби Хаифа (Изр) – Црвена звезда (Срб) 3:2
Спорт
Најбогатиот Британец, Џим Ретклиф потврди дека сака да го купи Манчестер јунајтед

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и газда на компанијта „ИНЕОС“, потврди дека е заинтересиран за купување на Манчестер јунајтед по денешните вести кои ги објави „Блумберг“ дека семејството Глејзер е подготвено да слушне понуди за инвестиции во клубот, односно купување на дел од клубот, или за целосна продажба со сума од над 5 милијари фунти.
„Ако клубот е на продаба, Џим дефинитивно е потенцијален купувач. Ако нешто такво биде можно, Џим е заинтересиран за долгорочна сопственост на клубот. Не е работи за трошеето пари. Џим ги разгледува опциите кои може да се преземат бидејќи знае колку е важен клубот за градот. Чувството е дек е време за ресетирање“, изјави портпаролот на Ретклиф за „Тајмс“.
Ретклиф веќе е сопственик на велосипедскиот тим Инеос Гренадирс, на францускиот клуб Ница и на швајцарскиот клуб Лозана. 69-годишниот Британец, кој цел живот е навивач на Јунајтед, претходно ова лето се обиде да го купи Челси во последен момент, но неговата понуда беше обиена.
Манчестер јунајтед од 2005 година се во сопственост на американското семејство Глејзер, и официјално не ги коментираат шпекулациите.
Глејзери го ставаат Јунајтед на продажба – клубот проценет на 5 милијарди фунти!
Спорт
Усик соочувањето со Џошуа го заврши со украинска патриотска песна

ИБФ, ВБА и ВБО шампионот во тешка категорија, Олександер Усик го заврши тензичното соочување со Ентони Џошуа пред нивниот римеч во Саудиска Арабија со украинска патриотска песна.
Усик го шокираше Џошуа за да му ги одземе шампионските појаси минатата година, а сега во меч најавен како „Бес на Црвеното Море“ викендов ќе се обиде да ги враатаи титулите. Украинецот, кој беше облечен во народна носија, почна да ја пее песната „Ој у лузи, червона калина“, кој доби на популарност во овогодишната инвазија од Русија.
Песната е посветена на времето на Богдан Хмелницкиј, водачот на запорошките козаци, кој во 1648 ги поведе Украинците на побуна против Полска и креираше независна козачка држава, која потоаа во 1654 се спои со Царството Русија. Песната првпат е објавена во 1875 година, а по овогодишната војна стана толку популарна што дури и Пинк флојд објавија своја верзија.
Oleksandr Usyk bursts into song following his head-to-head with Anthony Joshua! ???????????? pic.twitter.com/O9XRy6TXSw
— Sky Sports Boxing (@SkySportsBoxing) August 17, 2022