Спорт
Фудбалер што беше вклучен во размената за Осимен: Никогаш не ни бев во Лил
Луиџи Лигуори, еден од младинските фудбалери на Наполи, кој беше вклучен во трансферот на Виктор Осимен од Лил во Наполи, потврди дека никогаш не бил во Франција и го обвини Наполи дека му ја уништиле кариерата.
Трансферот е дел од истрагата во Италија за вештачко прикажување вредности на трансфери откако нигерискиот напаѓач Осимен беше продаден за 70 милиони евра и 10 милиони евра бонуси во 2020, но 20 милиони евра од овие пари беа претворени во четири фудбалери што Наполи му ги даде на Лил – ветеранот голман Орестис Карнезис и тројца членови на младинскиот тим – Луиџи Лигуори, Клаудио Манци и Чиро Палмиери.
Во интервју за весникот „Ла Република“, Лигуори, кој сега игра во аматерската лига Ечеленца, го објасни неговиот случај.
„Бев на заем во Фермана во Серија Ц. Во јуни од Наполи ни се јавија и ни дадоа две опции – да потпишеме едногодишно продолжување на договорот и да останеме или да потпишеме тригодишен договор со Лил како дел од договорот за Осимен. Што ќе направевте вие? Потпишавме со Лил, но никогаш не отидовме таму, туку нѐ оставија на заем во Италија. На 1 јули Лил ни прати порака дека треба да отидеме во Франција и предвреме ни ги раскинаа договорите. Мене ми поставија вредност од 4 милиони евра во трансферот, нешто што ми тежеше во кариерата и ме направи лут. На крајот сфатив дека тоа не е трансфер за мене, туку за некој друг. Во контакт сум со двајцата фудбалери, кои беа исто така дел од трансферот, и Наполи ни ги уништи кариерите“, вели Лигуори.
Наполи платил само 36 милиони за Осимен, иако пријавил трансфер од 81 милион евра
Нови сомнежи за легалноста на трансферот на Осимен во Наполи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.