Спорт
Фудбалерите со корона вирус може да добијат оштетување на срцето и белите дробови
Фудбалерите кои ќе се вратат на спортот по позитивен тест на КОВИД-19 ќе мораат да имаат детално тестирање, бидејќи се можни оштетувања на срцето и на белите дробови од болеста, предупредува главниот лекар на Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ).
Италија според прогнозите го достигна „пикот“ на пандемијата откако се намали бројката на позитивни случаи и смртни случаи од вирусот, што значи веднаш почнаа да се планираат враќањата на спортските натпреварувања, со датум од 20 мај како најверојатен. Но, професорот Антонио Спатаро вели дека мора да се биде многу внимателен.
„Тие кои имаа позитивен тест на корона вирусот ќе мора да имаат детални прегледи пред да им се дозволи враќање на физичката активност. Уште не знаеме колку и како вирусот влијаел на физичката подготвеност. Проблемот со вирусот е што влијае на срцевата активност и на респираторниот систем. Фудбалерите ќе мораат да имаат цела низа на тестови“, вели докторот Спатаро за „Ил џорнале“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ендика немал срцев удар, може повторно да игра
Еван Ендика колабираше на теренот на Фриули, но не беше ништо сериозно, па му беше дозволено да се врати на теренот.
Најпрво се чинеше дека играчот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска има проблеми со срцето. Сепак, тоа не беше така, а тренерот Даниеле де Роси откри дека се работи за белите дробови.
– Тешко е да се справиме со моменталната белодробна инсуфициенција. За среќа, се се заврши добро. Нема проблем со срцето – од тоа првично се плашевме – изјави Де Роси.
Ендика бил пуштен од болница и можел да се врати на терен. Самиот натпревар помеѓу Удинезе и Рома беше прекинат во 70. минута при резултат 1:1.
Спорт
Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи
Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.
Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.
Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.
„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.
Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.
Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.
Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.
„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.
Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.
Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.
Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024