Спорт
Фудбалска Англија ќе ги бојкотира социјалните мрежи овој викенд
Фудбалските клубови, фудбалери и различни федерации ќе се приклучат на четиридневниот бојкот на социјалните мрежи овој викенд како одговор на „постојаната дискриминација и навредување“ на фудбалерите и други вклучени во спортот на Интернет.
Протестот исто така е насочен кон компаниите кои се газди на социјалните мрежи поради недостаток на акција за расистичките навреди на нивните платформи.
Акцијата започна во Англија, каде што Премиер лигата, Фудбалската асоцијација, ТВ мрежите Скај спорт и БТ спорт, заедно со акаунтите на повеќето големи клубови ќе бидат „замолчени“ до понеделник 3 мај во 23.59.
Пол Погба, Садио Мане, Рис Џејмс, Маркус Рашфорд, Трент Александер-Арнолд, Рахим Стерлинг, Тајрон Мингс и Вилфрид Заха се само дел од долгата листа на фудбалери кои доивале одвратни пораки на социјалните мрежи.
In response to the sustained discriminatory abuse received online by players and others connected to the game, English football will unite for a social media boycott from 15:00 BST on Fri 30 April to 23:59 BST on Mon 3 May
Full story ➡️ https://t.co/YINlwNb7d0#NoRoomForRacism pic.twitter.com/vp6aVovqIS
— Premier League (@premierleague) April 24, 2021
UEFA will join a coalition of English footballing stakeholders by staying silent across its social media platforms this weekend.
The aim of the boycott is to show solidarity in the fight against online abuse. It will run from 16:00 CEST on Friday to 23:59 CEST on Monday.
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 29, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брејк на Фенер во Монако и на Олимпијакос во Барселона
Кошаркарите на Фенербахче и Олимпијакос славеа како гости бво Монако и Барселона, во првите плеј-оф натпревари во Евролигата.
Фенербахче, во малото кнежевство славеше по дополнителните пет минути со 95:91. Во регуларниот дел натпреварот заврши 81:81. Победата на Фенер ја засени повредата на Скоти Вилбекин, кој веројатно нема да биде подготвен за вториот натпревар.
Во победничкиот тим најефикасен беше Најџел Хејс-Дејвис со 19 поени, Ник Калатес додаде 17, а Нејтан Сестина 16 поени.
Во редовите на Монако Ели Окобо имаше 19, а Џордан Лојд и Мајк Џејмс постигнаа по 16.
Следниот натпревар се игра на истото место во петок на 26 април од 19 часот.
Олимпијакос во „Палау Блауграна“, го контролираше натпреварот од првата до последната секунда и заслужено ја победи Барселона со 77:75. Имаше Олимпијакос 13 поени предност во третиот период, Барселона се врати во мечот со серија 8:0. До крајот на натпреварот играчите на грчкиот тим ги одбија сите напади на Барселона.
Црвено-белите до брејк стигнаа со 15 поени на Најџел Вилијамс-Гос, 14 на Ајзеа Кенан, додека Петрушев имаше 12 со пет скока, а Мустафа Фал 11 поени.
Во тимот на Барселона Вили Ернангомез и Џабари Паркер постигнаа по 13 поени, Алекс Абриаес 11, а Рики Рубио 10 поени.
Вториот меч на програмата е во петок во Барселона.
Спорт
(Видео) Аталанта ќе се бори за трофејот во Купот на Италија
Аталанта вечерва избори пласман во финалето, во Кушот на Италија. Во реваншот, талнат ја победи Фиорентина со 4:1.
Предноста со која Фиорентина допатува во Бергамо ја анулира Копмајнерс во осмата минута.
Фиорентина остана со фудбалер помалку во 53.минута, кога Миленковиќ како последен човек во одбраната направи фаул врс Скамака.
И со играч помалку Фиорентина успеа да изедначи преку Мартинез Кватра во 68.минута. Работите во вкупниот резултат ги врати Скамака со евро-гол во 75.минута.
Драмата кулминираше во самиот финиш Лукман погоди во 95. за 3.1, а три минути подоцна точка на натпреварот стави Пашалиќ.
Фиорентина сигурно ќе има жестоки поплаки за судењето на Ла Пења. Впечаток е дека Фиорентина не доби пенал при водство на Аталанта 1:0, а исто така спорен е почетокот на акцијата при третиот гол, кога Бираги беше фаулиран, а и спорна е позицијата на стрелецот на голот Лукман.
Таму ги чека Јувентус кој претходно го победи Лацио.
Финалето е закажано за 15 мај.
Спорт
(Видео) Евертон ги згасна шампионските сништа на Ливерпул
Шампионските сништа на Ливерпул во „Мерсисајд“ дербито ги згасна Евертон. „Карамелите“, вечерва славеа со 2:0 и прв пат по 14 години славеа како домаќини над градскиот ривал.
Корнерите му пресудија на Ливерпул на „Гудисон парк“. Најпрвин реализираше Брејтвајт во 27., а точка на мечот стави Калверт-Лувин во 58.минута.
Ливерпул остана втор на табелата со три бода помалку од Арсенал, трет е Манчестер сити со четири бода и два натпревари помалку.
Евертон, со сите проблеми што ги има сезонава (одземањето на бодови), се чини дека со овој триумф го обезбеди опстанокот во лигата.
На „Олд Трафорд“, нова мачна партија на Манчестер јунајтед. Тимот на Тен Хаг губеше до 61.минута од најслабиот тим во Премиер лигата. На крајот „црвените ѓавли“ славеа со 4:2.
Шефилд поведе во 35. минута преку Богл, а Мегваер израмни во 42. Гостите го вратија водството во 50. минута, кога Чилеанецот Бреретон-Дијаз го совлада Онана. Бруно Фернандеш од пенал во 61. минута изедначи на 2:2.
Во финишот дојде до израз напаѓачкиот квалитет на Јунајтед, па домашните славеа со головите на Бруно Фернандеш во 81. минута и Хојлунд во 85. минута.
Кристал Палас е во одлична форма под водство на новиот менаџер Оливер Глезнер, а по Ливерпул и Вест Хем неговата сила ја почувствува и Њукасл. Двоен стрелец беше Матета во 55. и 88. минута.
Во Вулверхемптон, Бурнемаут со голот на Семења во 37. минута победи со 1:0.