Спорт
Фудбалските менаџери ѝ објавија „војна“ на ФИФА
Фудбалските менаџери, предводени од оние највлијателните Мино Рајола и Жорге Мендеш, жестокот ќе и возврата на ФИФА за обидите да бидат намалени сумите што тие ги заработуваат од трансферите на фудбалерите.
На оваа тема менаџерите одржале состанок во Лондон, во рамките на Здружението на фудбалски менаџер.
Рајола без „влакна на јазикот“ говорел на оваа тема. Тој и неговите колеги ја критикуваат ФИФА за објавата дека во 2018 година фудбалските менаџери од продажбата на фудбалери заработиле 600 милиони евра.
Според ФИФА сумите што ги заработувале менаџерите се преголеми.
„Интелигентните навивачи разбираат за што станува збор. Дури и медиумите водат војна против менаџерите. На луѓето им е јасно дека ФИФА сака да створи монопол, сака повеќе пари за себе. Јасно им е дека за секое Светско првенство ФИФА за 25 отсто ги зголемува цените на билетите поради што локалното население не може да си дозволи да ги гледа натпреварите иако се домаќини“, рекол Рајола.
ФИФА, во октомври минатата година, објави дека менаџер може да заработи максимум 10 отсто од трансферот и три отсто од она што го заработува фудбалерот. Менаџерите не го прифаќаат ова ново правило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона го продава Де Јонг
Фудбалскиот клуб Барселона го подготвува трансферот на Френки де Јонг. Клубот ќе ги разгледа понудите на заинтересираните за услугите на Холанѓанецот. Де Јонг поради повреда ја заврши сезоната, па не е исклучено дека настапот во Ел Класико (во неделата Барселона загуби 3:2 од Реал), да биде негиот последен меч во дресот на Барселона.
Локалните медиуми тврдат дека Чави Ернандез и неговиот стручен штаб повеќе не го сметаат Де Јонг за недопирлив во тимот. Наводно им станало јасно дека не може сам да игра во дефанзивниот ред за врска. Токму на оваа позиција Барселона планира да се засили во летниот преоден рок.
„Релево“ тврди дека Де Јонг е достапен за сум од 70 милиони евра. Тие пари потоа клубот би ги вложил во врвен заден играч за врска, а во оптек се неколку имиња: Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Џошуа Кимих (Баерн Минхен) и Андре Онана (Евертон).
Дополнително, Де Јонг е убедливо најплатен играч на Барселона, а неговата плата дополнително ќе се зголеми во сезоната 2024/25, бидејќи еднаш потпиша нов договор поради коронавирусот каде што неговите приходи постепено ќе се зголемуваат од година во година.
Де Јонг пристигна во Барселона во летото 2019 година од Ајакс за 75 милиони евра, а се чини дека никогаш не го достигна целиот свој потенцијал и не ја направи разликата според очекувањата. Исто така, планот беше тој да биде замена за Серхио Бускетс, но во Барселона најмногу играше како централен, а не како заден играч од средниот ред.
Холанѓанецот претходно беше мета на Баерн Минхен, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.
Спорт
Шпанскиот суд ја блокираше сметката на Пике
Шпанскиот суд нареди замрзнување на банкарската сметка на компанија со која раководи Жерар Пике, додека трае истрагата за бизнис зделката за преместување на Суперкупот во Саудиска Арабија.
Судот ги потврди извештаите на локалните медиуми дека истражниот судија Делија Родриго постапил по барањето на државниот обвинител за замрзнување на банкарска сметка на компанијата „Космос“, чии основач и управител е Пике.
Шпанската полиција го уапси поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес претходно овој месец како дел од истрагата за корупција и активности за перење пари за време на неговиот мандат.
Уште седум лица беа уапсени во март кога полицијата изврши претрес во канцелариите на Сојузот во Мадрид и домот на Рубиалес во Гранада.
Рубиалес го „пресели“ домаќинството на Суперкупот од Шпанија во Саудиска Арабија во 2020 година, со договор наводно вреден 40 милиони евра по турнир. Пике, кој во тоа време играше за Барселона и играше во Суперкупот на Шпанија, помогна да се заврши договорот преку неговата компанија „Космос“.
Државните обвинители започнаа истрага за договорот во 2022 година, откако беа обелоденети аудио снимки од разговори помеѓу Рубиалес и Пике во врска со провизија од неколку милиони долари.
Во меѓувреме Пике се повлече од фудбалот, а доживеа бродолом и во приватниот живот, бидејќи се разведе од колумбиската поп-ѕвезда, Шакира.
Космос се вклучи и во „реновирањето“ на тенискиот Дејвис куп, а лансираше и алтернативно фудбалско натпреварување – Кралската лига во Шпанија.
Рубиалес поднесе оставка во септември откако предизвика меѓународен скандал бакнувајќи ја во уста Шпанката Џени Хермосо, без нејзина дозвола, за време на церемонијата на доделување медали на Светскиот куп за жени во Сиднеј, каде Шпанија го освои првото место.
Спорт
(Видео) Кам-бек на Хиршер, ќе скија за друга држава
Еден од најдобрите скијачи во историјата, Марсел Хиршер, на 36 годишна возраст реши да се врати во Светскиот куп.
Хиршер, кој осум пати го освои Големиот кристален глобус, се пензионираше во 2019 година.
Интересно е што тој нема да се натпреварува под знамето на Австрија, туку ќе ги брани боите на Холандија.
Имено, Хиршер сака да настапи за Холандија и на тој начин да ја исполни желбата на својата мајка која е од таа земја.
Според правилата на Светската скијачка федерација (ФИС), скијачот може да го смени спортското државјанство на почетокот на новата сезона, а официјално тоа може да го направи од 1 јули.
Во својата кариера, покрај осумте последователни титули на Светските првенства од 2012 до 2019 година, Хиршер освои и три олимписки медали (две златни), 11 светски медали, а има вкупно 67 победи во Светскиот куп.