Контакт

Спорт

Фуенлабрада нема да игра плеј-оф за пласман во Ла Лига

Објавено пред

Фудбалерите на Фуенлабрада останаа без можност да се борат за пласман во Ла Лига, откако челниците на натпреварувањето решија одложениот натпревар помеѓу Ла Коруња и Фуенлабрада да не биде одигран.

На Фуенлабрада од овој меч ѝ беше потребен бод за да влезе во баражот за пласман во Ла Лига, додека Ла Коруња и со победа немаше шанси да се спаси од испаѓање.

Натпреварот требаше да се одигра на 20 јули, меѓутоа беше одложен откако Фуенлабрада објави дека 12 играчи се заразени со коронавирусот, односно дека во клубот има 29 лица кои се позитивни на вирусот Ковид-19.

Ла Лига својата одлука ја оправда со немањето термин кога би се одиграл натпреварот. Ова значи дека во баражот ќе влезе Елче, кој во последното коло ја скокна Фуенлабрада на табелата. Елче заврши со бод и натпревар повеќе од Фуенлабрада.

„Во ниту еден случај не чувствуваме одговорност за овој несреќен проблем кој настана пред последниот натпревар во Втората лига. Сметаме дека сме жртви бидејќи ни е одземена можноста да се бориме за пласман во Ла Лига. Ги почитувавме сите мерки и препораки на Ла Лига, меѓутоа не успеавме да го спречиме вирусот да влезе во нашиот клуб“, стои во соопштението на Фуенлабрада.

Од Втората лига во баражот пласман изборија Сарагоса, Алемрија, Џирона и Елче. Полу-финалните натпревари на програмата се на 30 јули и 2 август, а финалниот двомеч ќе се игра на 5 и 8 август.

Претходно директен пласман во Ла лига изборија Кадиз и Уеска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Корона го тресе шпанскиот фудбал – Атлетик Билбао со шест позитивни!

Објавено пред

Атлетик Билбао потврди дека шест члена на нивниот тим, фудбалери и членови на стручниот тим, имале позитивни тестови на коронавирусот зголемувајќи ја кризата со болеста во шпанскиот фудбал по потврдените позитивни случаи во Атлетико Мадрид, Валенсија и во Барселона.

Фудбалерите и членовите на тимот биле на тест во вторникот при враќањето на работа во тренинг-кампот во Лезама и потврдени се шест позитивни случаи – луѓето веќе се во изолација во своите домови.

Тимот ќе продолжи со тренинзи од четврток, а в петок ќе следува нова тура на тестирање на 32-те фудбалери повикани од тренерот Гаизка Гаритано.

Претходно, Атлетико Мадрид потврди два позитивни слуачја, Валенсија исто така имаше двајца позитивни, а Барселона има еден позитивен случај од резервниот тим.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пред точно 17 години Кристијано пристигна на „Олд Трафорд“

Објавено пред

На 12 август 2003 година едно 18-годишно момче пристигна на „Олд Трафорд“ за сега 17 години подоцна името Кристијано Роналдо да го познаваат сите што барем малку гледаат фудбал.

Роналдо пристигна од Спортинг Лисабон за 12,24 милиони фунти (смешна сума за денешните милиони што се даваат) и стана легенда на клубот освојувајќи 9 трофеи со овој клуб и постигнувајќи 118 гола.

Во 2009 година Роналдо пристигна во Реал Мадрид за тогашни рекордни 80 милиони фунти и го пречекаа речиси 80.000 фанови на „Сантијаго Бернабеу“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кулушевски на релаксација во Охрид пред обврските со Јуве?

Објавено пред

Новото шведско засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски, реши одморот од фудбалот да го искористи во посета на татковината на своите родители, релаксирајќи се во Охрид со неговиот соиграч од младинската шведска репрезентација, Жоел Асоро.

20-годишниот Кулушевски, кој играше за македонските младински репрезентации, но ја избра Шведска во сениори, потпиша од Аталанта за Јувентус за 35 милиони евра плус бонуси, а минатата сезона ја заврши во Парма.

 

View this post on Instagram

 

Really livin life..🙏

A post shared by Dejan Kulusevski (@dejan.k10) on Aug 11, 2020 at 11:35am PDT

 

View this post on Instagram

 

Vibing outta here💯

A post shared by Joel J Asoro (@asoro_99) on Aug 11, 2020 at 10:44am PDT

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија2 часа

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Македонија3 часа

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернативата нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија4 часа

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се...

Македонија4 часа

Засега нема воведување на ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести...

Македонија4 часа

Сведоштво на прилепчанка што го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството, кое...

Топ5 часа

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија6 часа

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет6 часа

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија7 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија7 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет8 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет8 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет9 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија9 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија24 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија24 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа1 ден

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија1 ден

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија1 ден

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Досие