Контакт

Спорт

Гакпо побарал трансфер

Објавено пред

Напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо, изразил желба да го напушти Ливерпул. Наводно би загрижен за своето место во тимот, откако тренерот Арне Слот доби отказ.

Репрезентативецот на Холандија, во Ливерпул пристигна во 2023 година од ПСВ Ајндховен. „Црвените“ за неговиот трансфер издвоија 50 милиони евра.

Гакпо, зад себе има лоша сезона и покрај тоа што играше многу под палката на сонародникот Слот.

Напаѓачот сака да го напушти клубот, бидејќи фудбалот што го форсира новиот тренер Андони Ираола е дијаметрално спротивен од она што преферира Слот. Гакпо се плаши дека неговиот стил на игра нема да му се допадне на новиот тренер.

Коди Гакпо во кариерата има одиграно 180 натпревари за Ливерпул, постигна 50 голови и забележа 23 асистенции.

Наводно сериозен интерес за Гакпо, доколку тој замине од Ливерпул, покажува Атлетико Мадрид.

Foto/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Нан доби нестварна сума за да игра за Катар

Објавено пред

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е во последна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и ќе стане репрезентативец на таа земја.

Според Харис Ставру од грчкиот „Спорт24“, кошаркарот на Панатинаикос ќе потпише петгодишен договор вреден 30 милиони долари и ќе стане натурализиран играч на репрезентацијата на Катар.

„SDNA“ наведува дека на Нан ​​му е понуден договор вреден 10 милиони долари, но според тој извор, МВП-то на Евролигата за сезоната 2024/25 сè уште не ја прифатил понудата.

Катар има голем број играчи со потекло од други земји, а тие биле „асимилирани“ рано во своите кариери.

Нан би бил централна фигура на таа репрезентација, која ќе биде домаќин на Светското првенство на ФИБА во 2027 година.

Во текот на 2025 година, медиумите објавија дека Нан ​​би можел да игра за Грција, но дека тој го одбил тоа, за потоа се поврзуваше и со Турција, што беше демантирано од тренерот на Панатинаикос и селектор на Турција, Ергин Атаман.

Нан оваа сезона во Евролигата имаше просек од 18,3 поени, 2,7 скока и 3,5 асистенции по натпревар. Тој беше во втората најдобра петорка на Евролигата, а Панатинаикос доживеа сензационална елиминација од Валенсија во четвртфиналето.

„Зелените“ се борат за титулата во грчкото првенство со Олимпијакос. Кој го брани тронот.Олимпијакос води 2-1 во финалната серија, до три победи.

Четвртиот натпревар е закажан за среда во 20 часот.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Атлетико од Реал одбил 150 милиони евра за Алварез

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварез.

„Кралскиот клуб“ изјави дека по состанокот на клупските челници, била испратена понуда од 150 милиони до Атлетико Мадрид за Алварез, но дека таа била одбиена.

Флорентино Перез победи на неодамна одржаните избори и остана на чело на Реал и веднаш се обиде да го оставри своето предизборно ветување.

Тој претходно нагласи дека, доколку остане претседател, Реал ќе испрати понуда вредна точно 150 милиони во вторник за еден од најдобрите фудбалери во светот.

Атлетико ја отфрли понудата, со порака до Реал дека откупната клаузула на Алварез изнесува 500.000.000 евра.

Алварез пристигна меѓу „Јорганџиите“ во летото 2024 година, во трансфер вреден 75 милиони од Манчестер Сити. Доколку бидат остварени сите бонуси, трансферот може максимално да изнесува 95 милиони евра.

Оттогаш, аргентинскиот репрезентативец е клучен дел од тимот предводен од Диего Симеоне. Тој одигра 106 натпревари за Атлетико со учинок од 49 гола и 17 асистенции.

Минатата сезона, Алварез одигра 49 натпревари, постигна 20 гола и запиша 9 асистенции.

Неговиот договор со Атлетико истекува во летото 2030 година.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Со специјални покани од ИХФ, Турција и Саудиска Арабија ќе настапат на Светското првенство

Објавено пред

Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап наСветското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија.

Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на ИХФ, на состанокот во Базел, предводен од „доживотниот“ претседател на ИХФ, Хасан Мустафа, човек кој влезе во деветтата деценија од животот, ја донесе оваа контроверзна одлука.

Особено е изненадувачки што ја нема Унгарија, репрезентација која на последните две Светски првенства играше во четвртфиналето. Унгарија во баражот беше елиминирана од Србија.

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи утре во Минхен, а репрезентацијата на Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир.

Првенството се игра стандардно во јануари следната година, а Данска ја брани титулата како четирикратен последователен светски шампион.

Првенството во Германија е и квалификациско за Олимписките игри во Лос Анџелес. Македонија треба да забележи пласман до деветтото место во Германија за да се избори место во квалификациите за најголемото спортско натпреварување во светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Техеран му одговара на Вашингтон: „Имаме и други јазици освен дипломатијата“

Додека чекаше одговор на Иран на најновата закана на Трамп за соборувањето на американскиот воен хеликоптер, непосредно пред објавата на...

Свет5 часа

Лидерите на осум нордиски и балтички држави: Украина мора што поскоро да се приклучи на ЕУ и НАТО

Лидерите на осумте нордиски и балтички држави испратија порака од регионалниот состанок во Талин во вторник, поддржувајќи го „неповратниот пат“...

Свет5 часа

Трамп: Иран собори американски воен хеликоптер, САД мора да возврати

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранската армија нападнала и соборила хеликоптер „Апачи“ на американската армија во близина на...

Македонија5 часа

Савески со директорот на Финансиската полиција: борбата против финансискиот криминал и корупцијата во фокусот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески на денешната средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски...

Забава5 часа

Лето кое ќе го паметат со години: за три знаци, тоа ќе биде пресвртница во нивните животи

Често го поврзуваме летото со одмори, патувања и безгрижни моменти, но за некои хороскопски знаци може да донесе многу повеќе...

Спорт6 часа

Нан доби нестварна сума за да игра за Катар

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е во последна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и ќе стане репрезентативец на...

Свет6 часа

Рускиот министер за одбрана: Америка да го повлече нуклеарното оружје од Европа

Руското тактичко нуклеарно оружје не претставува закана за Соединетите Американски Држави, изјави Андреј Белоусов, министер за одбрана и шеф на...

Спорт6 часа

Атлетико од Реал одбил 150 милиони евра за Алварез

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан...

Македонија6 часа

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што...