Контакт

Спорт

Гарај со една фотографија покажа што значи да си во изолација

Објавено пред

Аргентинецот Езекиел Гарај е еден од петте члена на шпанскиот клуб Валенсија кој има позитивен тест на корона вирусот, и тој со една фотографија покажа што значи поимот изолација за него и за неговите најблиски.

Бидејќи е во изолација, тој смее да има контакт само со лекарите, а семејството може да го гледа само низ прозорецот во собата во која се наоѓа.

„Секогаш со мене, без разлика на тоа што се случува. Те сакам, љубов моја“, напиша Гарај на Инстаграм со фотографијата со неговата девојка.

 

View this post on Instagram

 

Ella siempre conmigo, pase lo que pase… Te amo mucho mi amor. GRACIAS 💪😍😘 #graciasmivida #G24

A post shared by Ezequiel Garay (@ezequielgaray24) on Mar 16, 2020 at 5:10am PDT



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Срушен светски рекорд, Миура заигра во Џеј лигата со 53 години, 6 месеци и 28 дена!

Објавено пред

Симболот на долговечност кога станува збор за фудбалот и тоа оној професионалниот се поврзува со името на Јапонецот, Казујоши Миура.

Тој денеска постави светски рекорд затоа што за својот тим, Јокохама настапи на гостувањето против Кавасаки со полни 53 години, 6 месеци и 28 дена.

Фасцинантно изгледа податокот дека Миура во шестата деценија од животот се уште настапува во Џеј лигата.

Со ова, тој стана најактивниот фудбалер во првите лиги во целиот свет. На претходните 17 меча најголем дел од времето го помина на клупата за резерви, но против Кавасаки доби шанса во почетниот состав. Не постигна гол, иако досега во кариерата има 221.

Интересен е податокот дека Миура на теренот бил во 5 децении. Во осумдесетите играл за Сантос и Палмеирас, во 90-тите за Џенова, Динамо Загреб, во 20-тите за Висел Кобе, а од 2005 година е во Јокохама.

Интересен е податокот што освен него, Јокохама во првите 11 на денешниот меч имаше уште двајца ветерани – Шенсуке Накамура со 42 и Даисуке Мацуи кој има 39 години.

Прикажи повеќе...

Спорт

Куман од Норич купува десен бек за 33 милиони евра

Објавено пред

Барселона го продаде Нелсон Семедо во Вулверхемптон за 40 милиони евра, па сега стратегот на Каталонците, Роналд Куман, е во потрага по нов десен бек.

Шпанските медиуми пишуваат за трансфер на 19-годишниот Сержињо Дест од Ајакс. Наводно, репрезентативецот на САД на „Камп ноу“ ќе дојде за 20 милиони евра.

Каталонски „Спорт“ денеска објави дека Барселона наводно се договорила и со 20-годишниот бек на Норич, Макс Аронс. Тој, според пишувањата, ги прифатил сите барања на клубот, а во моментов траат преговорите за тоа на кој начин ќе се изврши трансферот.

Барса сака Аронс да го доведе на позајмица. Од минатосезонскиот премиерлигаш се согласуваат но тоа, но под услов идната сезона Каталонците да го откупат договорот на дефанзивецот и тоа за 33 милиони евра.

Аронс минатата сезона, заедно со Финецот Пуки, беше најзабележителен во екипата на Норич. Пропушти само 2 меча поради жолти картони, инаку другите мечеви ги играше сите 90 минути.

Куман не смета на услугите на Серхи Роберто, кој во моментот е единствен десен бек во тимот, па затоа бара нови решенија за таа позиција.

Прикажи повеќе...

Спорт

Олимпијадата во Токио во 2021 ќе биде без НБА-ѕвездите?!

Објавено пред

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, имаше обраќање, кое ја шокира кошаркарската јавност. Тој смета дека многу реално е на олимписките игри в година да ги нема НБА-ѕвездите, и тоа од сите селекции.

Имено, поради пандемијата на коронавирусот, НБА-лигата беше прекината цели 3 месеци, па наместо деновиве да почнува новиот шампионат, сè уште се играат финалињата по конференции.

Првичниот пандемиски план на Силвер и неговите соработници беше новата сезона да почне во декември, но по сè изгледа, таа ќе почне дури во јануари, а претпоставките се дека ќе трае до септември или октомври 2021 година.

Олимпијадата, пак, во Токио треба да се одржи идното лето, на крајот на јули и на почетокот на август.

„Има одлични американски кошаркари, а ние можно е да се наоѓаме пред сценарио во кое 15 најдобри НБА-играчи нема да играат на ОИ, а таму да учествуваат други 15 играчи. Се разбира, многу НБА-аса и од другите селекции ќе сакаат да се на ОИ, тоа е нешто на кое ќе треба да поработиме“, рече Силвер.

Информациите се дека на ОИ во Токио ќе треба да има 12 американски кошаркари и барем 34 други играчи во другите репрезентации. Во текстот објавен на официјалната интернет-старница на НБА-лигата се потсетува дека веќе квалификувани во Токио се селекциите на САД, Нигерија, Австралија, Шпанија, Аргентина, Иран, Франција и на Јапонија.

За настап во Токио се надеваат и Грција со МВП-играчот Јанис Адетокумпо, Србија, која ја предводи ѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ, но и Литванија, Русија, Чешка…

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5-та седница, одржана на 22 септември, го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на...

Македонија1 час

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија2 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија2 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион3 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија3 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија4 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет4 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија5 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија5 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија5 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа6 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа7 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет8 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија8 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија8 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија21 час

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија22 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија22 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет24 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Досие