Спорт
Газдата на Интер може да заврши зад решетки
Четири судски постапики, две во Хонг Хонг и по една во Милано и САД се покенати против газадата на Интер, Стивен Женг.
Италијанскиот портал „Calcio e Finanza“, специјализиран за економската страна на фудбалскиот бизнис, пренесува дека Жанг е соочен со сериозни проблеми. Како што се посочува, доверителите на Жанг го обвинуваат дека не го платил долгот кој надминува 300.000.000 евра. Станува збор за спор што Џанг го има со „China Construction Bank Corporation (CCBA)“, за кој малку се знае во Европа.
Периодот на короната беше тешкот за компанијата „Сунинг“ и Интер. Тогаш се пишуваше за финансиската криза на клубот и дека на Интер му требаат преку 200.000.000 евра за опстанок, поради што подоцна го продадоа Ашраф Хакими во ПСЖ, а Ромелу Лукаку во Челзи. Во исто време се шпекулираше дека „Сунинг“ должи над 1.000.000.000 евра.
Поради наталожените долгови против првиот човек на Интер, во САД беше покренат голем судски спор, плус уште два во Хонг Конг и еден во Милано.
Жанг треба да се појави пред судија во САД на 13. март, за да се изјасни за три прашања – дали и колку им должи на доверителите, како и дали може да ги потврди во случај да биде прогласен за виновен. Доколку биде осуден, му се заканува затворска казна до три месеци.
Според писмото од втората тужба, Жанг е обвинет дека „лежел под заклетва“ за време на првото судење во Хонг Конг. Тој, наводно, лажел пред судот во Хонг Конг дека не знае ништо за рефинансирањето на заемите што веќе ги земал, дека не потпишал никакви договори или дал лични гаранции и дека потписите на документите се фалсификувани. Доколку и во тој случај биде прогласен за виновен, повторно ќе се соочи со затворска казна или парична казна.
Ова не е крајот на грижите на Жанг. Последната тужба беше покрената во Милано, повторно поради неплатени долгови кон доверителите. Имено, обвинителот сака да открие како и зошто Интер се согласил да не му исплати плата на Жанг, бидејќи во официјалните документи не пријавил никаков недвижен имот на негово име, ниту некој приход. Според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, јасно е дека живее во луксуз. Затоа „CCBA“, сака да знае што всушност во Италија се води на име а Стивен Жанг. Економските експерти веќе процениле дека неговата претседателска плата во Интер треба да биде околу 914.000 евра годишно.
Интер не mu ги плаќа тие пари на Жанг, па нема начин да го надомести долгот што го има кон „CCBA“. Истиот извор напоменува дека Жанг во меѓувреме ги избришал сите имоти кои биле регистрирани на негово име, а со тоа влијаел на прикажување на реална слика за неговото богатство, се со цел да ги измами доверителите.
Поради сето ова, кинеската банка бара правдата да биде задоволена, а за да се случи тоа има за цел да преземе акции на Интер во висина на долгот. Пред сослушувањето во Хонг Конг, Жанг ќе се појави пред судија во Милано на 8. март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека навива за Реал Мадрид во интервју за „Експансион“. Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Овој детал Тебас го откри додека го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал.
„Прво и основно, сето ова го кажувам како навивач на Реал Мадрид. Тоа е неверојатен трансфер, Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Не можам да кажам дека е најдобар бидејќи мислам дека Белингам е најдобар, и зад него е Винисиус“, рече тој и потоа додаде:
„Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа мора да бидеме среќни бидејќи таков играч доаѓа во нашата лига. Знам како Реал Мадрид планира да го обезбеди неговиот потпис, и покрај загриженоста и нестрпливоста на медиумите. Тоа го направија во добар момент.”
Да потсетиме, Мбапе на лето доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч, откако ќе му заврши договорот со ПСЖ.
Спорт
(Видео) Кобајаши леташе 291 метар
Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши постави неофицијален светски рекорд во Исланд прелетувајќи 291 метар, што е за 37,5 метри подобро од официјалниот светски рекорд.
Рекордот Кобајаши го постави на специјално изградена скокалница во ски-центарот Хлидарфјал.
Кобајаши ги помести границите со летови од 256, 259 и 282 метри во двата дена од пробното натпреварување, а во средата го постави конечниот рекорд од 291 метар. Осум секунди бил во воздух и достигнал најголема брзина од 107,5 километри на час.
„Долго сонував за овој скок, отсекогаш сум сакал да летам подалеку од сите други и сакам да ги поместам границите“, изјави Кобајаши по најдолгиот лет во историјата.
Според соопштението за печатот на Ред Бул, специјалната скокалница е целосно изградена од снег. Врвот на залетиштето е на 1115 метри, а зоната на слетување завршува 360 метри подолу и има наклон од 36 степени.
Јапонецот во кариерата има 32 победи во Светскиот куп, два пати беше севкупен победник, има златен и сребрен медал од Олимписките игри во 2022 година, а три пати ја освојуваше и Новогодишната турнеја.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.