Спорт
Газидис одговара на критиките: Милан не е само компанија
Генералниот директор на Милан, Иван Газидис имаше видео-обраќање во кое ја потсети јавноста дека фудбалските клубови не се само компании, туку имаат и одговорна улога во општеството.
Газидис ја презема контролата на водењето на „росонерите“ по заминувањето на директорот Звонимир Бобан поради јавните критики кои ги направи кон него, и маргинализирањето на Паоло Малдини, кој во овој период се бори и со корона вирусот.
„Најголемиот приоритет на нашиот клуб е едноставен – здравјето и безбедноста на нашите фудбалери, вработени, фанови и целата заедница. Имаме обврска да мислиме на иднината на нашиот голем клуб, да осигураме да се надмине оваа криза на силен начин и ќе го направиме тоа со силн итемели. Фудбалот е извор на радост и ние ќе ја одиграме нашата улога кога ќе го надминеме овој период. Клубовите не се само компании, имаат своја улога во заедницата и претставуваат вредности без кои фудбалот би бил ништо. Сакаме да чувствувате дека Милан е покрај вас, да ве направиме горди“, вели Газидис во обраќањето на италијански јазик.
Ломбардија е центарот на епидемијата во Италија, а изјавата доаѓа по контроверзите во Англија каде што неколку богати премиерлигаши решија да ги постават своите вработени на минимална плата која ќе ја обезбедува владата. Газдите на Милан, семејството Сингер, донираше 100.000 долари на болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, а клубот се обидува да помогне со добротворни акции организирани преку Златан Ибрахимовиќ.
Il messaggio di Ivan Gazidis ai rossoneri ?
Il Club non si ferma e fa della distanza una forza per essere più vicino a chi lotta contro il Covid-19 e a tutti i nostri tifosi ➡ https://t.co/3qXVw5ajaa#SempreMilan pic.twitter.com/cXDWsDghAk— AC Milan (@acmilan) April 5, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.