Спорт
Герет Бејл подготвен за финалето на ЛШ

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, се опорави од повредата на грбот и ќе му биде на располагање на Карло Анчелоти за финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул в сабота, на 28 мај.
Пресметката во француската престолнина Париз ќе биде последниот натпревар за Бејл во дресот на „кралскиот клуб“. Велшанецот го напушта „Сантијаго Бернабеу“ по девет години минати во Мадрид.
Бејл нема играно за Реал Мадрид од 9. април, кога тренерот Карло Анчелоти ги објави проблемите на напаѓачот.
На претходниот финален дуел меѓу Реал Мадрид и Ливерпул во ЛШ, Герет Бејл беше одлучувачки фактор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
По Кеси, Барса го потврди и Кристенсен

Андреас Кристенсен е вториот слободен фудбалер што Барселона го добива во летниот преоден рок по потписот на Френк Кеси откако данскиот дефанзивец потпиша четиригодишен договор со тимот на Чави Ернандез.
26-годишниот Кристенсен ги одбиваше сите понуди за нов договор од Челси, каде што помина 10 години и имаше 161 настап за првиот тим. Кристенсен ќе биде засилување на позицијата централен бек иако во тимот веќе е Роналд Араухо, како и Ерик Гарсија и Жерард Пике. Клемен Ленгле, Самуел Умтити и Оскар Мингуеза остануваат на „Камп ноу“, но се верува дека веќе им е соопштено оти нема да сметаат на нив.
По настапите во академијата на Челси, Кристенсен дебитира за клубот во 2014 пред да помине две сезони на заем во Борусија Менхенгладбах во 2015 и 2017.
Welcome to Barcelona, Andreas Christensen! pic.twitter.com/mHy0sO9FvK
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022
Спорт
Тод Бели го сака Роналдо во Челси!

Новиот газда на Челси, Американецот Тод Бели, е заинтригиран од идејата да го донесе Кристијано Роналдо на „Стемфорд Бриџ“ и веќе преговарал со неговиот агент Жорге Мендеш, тврди англискиот „Атлетик“ откога Португалецот им соопшти на шефовите на Манчестер јунајтед дека сака брз трансфер од клубот.
37-годишниот Роналдо бара прифатлива понуда за Јунајтед поради загриженоста од слабата активност на „ѓаволите“ на преоднниот рок, а иако се веруваше дека Баерн Минхен и Рома се први фаворити за неговиот потпис, сега доаѓа можноста да остане во Премиер лигата. Јунајтед инсистира дека тој не е на продажба.
Останува да се види како Роналдо би се вклопил во Челси бидејќи менаџерот Томас Тухел преферира помлади и поподвижни напаѓачи, кои може да играат пресинг. Сепак, вербата е дека американските газди сакаат да направат„блокбастер-трансфер ова лето, особено по неславното заминување на Ромелу Лукаку во Интер.
Роналдо не се појави на почетокот на тренинзите на Јунајтед денеска откога клубот му дозволи да отсуствува поради семејни причини, но англиските медиуми додаваат дека Португалецот набргу ќе се сретне со новиот менаџер Ерик Тен Хаг за да се разговара за иднината.
Chelsea are considering a move for Cristiano Ronaldo amid the forward informing #MUFC he wants to leave the club this summer if a suitable offer arrives, The Athletic understands.
More from @David_Ornstein pic.twitter.com/zxo91vcS2A
— The Athletic UK (@TheAthleticUK) July 4, 2022
Спорт
Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо

Новото засилување за Рома, српскиот ветеран Немања Матиќ признава дека се решил за трансфер во италијанскиот клуб поради тренерот Жозе Мурињо, со кого ќе работи и во трет клуб, по Челси и Манчестер јунајтед.
33-годишниот Матиќ потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона со „волчицата“ со годишна плата од 4.3 милиони евра, и вели дека е подгтовен да ја преземе одговорноста.
„Со Мурињо се познаваме многу добро и среќен сум што е тука. Тука сум за него, но среќен сум исто така што сум дел од овој голем клуб, кој секогаш бил атрактивен за фудбалерите. Ќе се обидам да го поминам Лампард како играч со најмногу настапи под Мурињо. Тимот има многу квалитетни фудбалери со многу млади фудбалери кои се тука за иднината. По осум и пол години сакав ново искуство. Рома и Серија А е голем предизвик за мене. Можев да останам во Премиерлигата, но се решив за Серија А, лига со многу големи клубови и мислам дека не згрешив. На Јунајтед им посакувам да се подобрат и повторно да освојуваат титули. Не знам кога ќе се случи тоа, но бев среќен таму“, вели Матиќ.
LIVE | La conferenza stampa di presentazione di Nemanja Matic 🎙️ https://t.co/WLEe2lSQzF
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 4, 2022