Контакт

Спорт

Германците ја декласираа Франција за прво изненадување на Евробаскетот

Објавено пред

Германските кошаркари го направија првото изненадување на Евробаскетот, откако во Келн со 76:63 ја победија фаворизираната Франција, во меч кој започна со повлекувањето на германскиот дрес со број 14 на легендарниот Дирк Новицки.

dobivaj vesti na viber

Јоханес Тиман имаше 14 поени за Германците, Маодо Ло додаде 13 поени и 5 скока, додека кај Французите најдобар беше Гершон Јабуселе со 18 поени. Во нервозниот почеток на мечот, Германците имаа четири поени предност по првата четвртина (17:13), по што го заддржаа водството до полувреме, кога имаа седум предност (38:31).

Французите се „разбудија“ во третата четвртина за да поведат со 39:38, но потоа до крајот на третината, Германија направи огромни 14 поени предност, 57:43.

ГРУПА Б
Босна и Херцеговина – Унгарија 95:85
Словенија – Литванија 92:85
Франција – Германија 63:76



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

МЗТ го декласира Широки

Објавено пред

Foto/ MZT Skopje Aerodrom/ Petr Stojanovski

dobivaj vesti na viber

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром направија голем чекор кон пласманот во полуфиналето во плеј-офот, во АБА 2 лигата. Во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ го победи Широки со 85:69.

МЗТ до победата дојде благодарение на „подолгата“ клупа и одличната игра во второто полувреме. Гостите првиот дел го добија со 37:41, предводени од Јукиќ и Јануковиќ.

Вториот дел мина во целосна доминација на МЗТ. Играчите на македонскиот шампион второто полувреме го добија со 48:28.

Убедливата победеа е важна бидејќи оваа сезона плеј-офот во АБА 2 лигата се игра на кош-разлика, а не како досега на две победи.

Војдан Стојановски сп 21 поен и пет скока, Делалиќ со 18 поени и Танасковиќ со 16 поени и седум скока го предводеа МЗТ до победата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Освојуваше трофеи со Ливерпул, а потоа стана зависник од кокаин

Објавено пред

Дени Марфи е поранешен англиски фудбалер чија кариера траеше од средината на деведесеттите до 2013 година.

dobivaj vesti na viber

Играше за Ливерпул, Чарлтон, Тотенхем, Фулам и Блекбурн. За англиската репрезентација одигра девет натпревари и постигна еден гол.

Откако му заврши кариерата, тој стана зависник од кокаин, што го призна во подкаст.

„Кога фудбалот ќе исчезне, проблемите стануваат огромни. Играњето фудбал, адреналинот и допаминот ве одржуваат фокусирани“, рече Марфи, кој со Ливерпул го освои Купот на УЕФА, Суперкупот на Европа, ФА купот, два Лига купа и Суперкупот на Англија.

„Имав фаза кога пијам кокаин и пушев трева. Можев да живеам без алкохол, не бев алкохоличар. Можев да имам алкохол во куќата и да не пијам“, изјави Марфи и на прашањето дали е зависник од кокаин одговори:

„Имав некое време. Дојдов до точка кога мислев дека не можам ништо без него. Тоа беше глупаво, секако дека можев.

Рече дека „поминал една година во свет на болка“, по што проблемите ги решил со терапија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Џоан Лапорта ги вжешти страстите пред дуелот ПСЖ-Барселона

Објавено пред

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта не пропушти да го зачини вечерашниот спектакл во кој неговиот клуб ќе му гостува на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

„Ние веруваме во нашите можности. Задоволство е да имаш вакви играчи, не би ги менувал за ниту еден од играчите на ПСЖ!“, изјави Лапорта за клупската интернет страница и дополни.

„Не сме биле во четвртфиналето многу години, многу сме возбудени, ќе биде одличен натпревар. Гледам играчите се во многу добра состојба, максимално мотивирани, фокусирани и обединети со Чави и стручниот штаб. Тоа не тера да веруваме во нив, бидејќи гледам дека веруваат во своите шанси. Фудбалерите на Барса се свесни што би значело доколку клубот се пласира во полуфиналето. Гледам дека и тренерот е убеден во тоа“.

Не е тајна дека односите меѓу ПСЖ и Барселона не се пријателски. Лошите односи започнаа во 2017 година кога ПСЖ за рекордни 222 милиони евра го донесе Нејмар од Барселона. Потоа и Лео Меси заврши на „Паркот на принцовите“, а минатото лето, Барселона не можеше финасиски да одговри на понудата која ПСЖ ја испрати до Усман Дембеле, па и тој заврши во Париз.

Претходно беше обелоденето и дека претседателот на Париз, Насер Ал-Келаифи, не присуствувал на вчерашната традиционална вечера меѓу двете раководства.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Шефот за клима на ОН: Имаме уште две години да ја спасиме планетата

Владите, деловниот свет и развојните банки имаат уште две години да направат нешто за да избегнат многу полоши климатски промени,...

Македонија11 часа

Почна увидот по пожарот во Универзална сала – работниците кои беа приведени се пуштени дома

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од скопското јавно обвинителство денеска го...

Топ12 часа

Со автомобил удрено 12 годишно дете во Скопје – МВР трага по возачот кој побегнал од местото на несреќата

Возач со автомобил во текот на вчерашниот ден удри во дете во близина на студентскиот дом Гоце Делчев, по што...

Свет13 часа

Иран му се закани на Израел дека ќе биде казнет, Израел одговори дека ако има напад ќе возврати

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека Израел мора и ќе биде казнет за нападот врз иранскиот...

Македонија14 часа

Универзална изгоре, а политичките партии продолжија меѓусебно да се обвинуваат за пожарот и случувањата во минатите години

По вчерашниот пожар во Универзалната сала, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања. Така, од СДСМ,...

Македонија15 часа

Муслиманите денеска го празнуваат Рамазан Бајрам

Муслиманите денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора...

Регион15 часа

15 дена од убиството на Данка Илиќ, а телото се’ уште го нема – што ќе се случува ако не биде пронајдено

Потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2) се уште трае, а додека полицијата се обидува да го пронајде местото...

Македонија15 часа

СДСМ: Глас за ДПМНЕ и Силјановска е глас за изолација и прекинување на патот кон ЕУ

„Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата. Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква...

Свет15 часа

Бајден го нарече „погрешен“ пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за...

Топ1 ден

Tурска државјанка фрлала со столици и нападнала полицајци на аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против 36-годишна државјанка на Република Турција против...

Македонија1 ден

(Фото) Мечка нападна сточар на планината Мукос, во атарот на село Оморани

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај...

Македонија1 ден

МВР за пожарот приведе тројца работници, две лица завршија на клиника поради чадот, а уште две останале заглавени во лифт

Тројца градежни работници се приведени за пожарот во Универзалната сала во Скопје. Како што информираа од МВР, тројцата во моментот...

Македонија1 ден

Можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, рече сопственикот на фирмата што ја реконструира Универзалната сала

Пожарот во Универзалната сала се случил во стариот дел и можно е да бил предизвикан од стар кабел или стара...

Македонија1 ден

Милошоски: 25 земји членки на ЕУ дозволиле движење со старите пасоши до септември, ама Османи ја скрил информацијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на „Фејсбук“ објави фотографија од допис од 23.2.2024 од МВР на Италија, каде што стои...

Македонија2 дена

Град Скопје: Универзалната сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да забошоти што правел, ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си ги покриете делото и срамот

Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзалната сала, кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој...

Македонија2 дена

(Видео) Локализиран пожарот во Универзалната сала

Локализиран е пожарот што избувна утрово во Универзалната сала во Скопје, која е во фаза на реконструкција. Огнот ја уништи...

Топ2 дена

Татко од Велес ги терал своите деца да питаат, па парите ги трошел во казино

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор во општина Чашка за...

Македонија2 дена

Пожар во Универзалната сала во Скопје

Пожар на просторот во Универзалната сала. Гори покривната конструкција. На единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот

ВМРО-ДПМНЕ бара Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога, како што оценуваат од оваа партија, катастрофално ќе...

Македонија2 дена

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е опасност за безбедноста на граѓаните

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните, закана за влошување на безбедносната состојба во државата. Новото пукање во Чаир во...