Спорт
Гигс: Четворица му беа миленици на Фергусон
Алекс Фергусон како менаџер на Манчестер јунајтед од 1986 до 2013 година имаше можност да работи со многу ѕвезди на светскиот фудбал, познати се неговите несогласувања со Дејвид Бекам, а Рајна Гигс открива кои играчи никогаш не го почувствувале бесот на легендарниот тренер.
„Ерик Кантона. Имаше натпревари на кои ништо не правеше. Без гол, асистенција, не се трошеше во одбраната како што тоа го правеа и Карлос Тевез или Вејн Руни. По такви натпревари, ние коментиравме во соблекувалната дека ќе го почувствува бесот на Фергусон. Но, тоа никогаш не се случуваше. Веќе во наредниот натпревар Кантона ќе постигнеше гол или ќе направеше некоја магија. Другите тројца беа Брајан Робсон, Рој Кин и Кристијано Роналдо. Големите ѕвезди имаа посебен третман кај Фергусон, знаеше дека ќе му се оддолжат на теренот“, рекол Гигс.
Гигс признава дека неколкупати го почувствуал бесот на Фергусон.
„Бев во немилост неколкупати. Шест или седумпати бев казнуван поради расправиите со него. Во тие моменти не ми беше сеедно, но пред неколку години сер Алкес ми кажа дека сакал кога ќе му возвратев. Тоа му говорело дека ми е важен тимот, дека не сум рамнодушен“.
Рајан Гогас и Алекс Фергусон соработуваа од 1990 до 2013 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.
Спорт
Помошникот на Артета ќе го преземе Феенорд?
Челниците на Феенорд се свесни дека тренерот Арне Слот ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека тој ќе го наследи Јирген Клоп во Ливерпул. Овие извири тврдат дека двете страни се блиску до конечен договор.
Ливерпул ќе треба да му плати на Феенорд десет милиони евра како обештетување, бидејќи Слот има уште две години од договорот со клубот од Ротердам.
Замената за Слот, како што пишува холандскиот весник „АД“, Феенорд ќе ја донесе од Арсенал. Според овој извор, нов тренер на Феенорд ќе биде асистентот на Микел Артета во Арсенал, Алберт Стуивенберг (54).
Стуиенберг, работел во јуниорските категории на Феенорд, потоа во Англија му беше помошник на Луис ван Гал во Манчестер Јунајтед.
Тој е со Артета во Арсенал од 2019 година, а доколку биде ангажиран во Феенорд, тоа би му била прва самостојна работа.
Спорт
Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар, славеа гостите
Фудбалерите на Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар од 32. коло во италијанската Серија А. Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување со 1:2.
Натпреварот кој се играше на 14 април беше прекинат во 72. минута, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ендика колабираше на теренот. Вечерва се одиграа преостанатите 18 минути.
Од 72.минута дуелот продолжи со резултат 1:1. Рома забележа значајна победа со голот на Брајан Кристанте во судиското надополнување, на асистенција на Пауло Дибала.
На двете екипи им беа неопходни бодови, Удинезе бидејќи се бори за опстанок, Рома е во трака за место Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 58 бодови, четири помалку од Болоња на четвртото место. Удинезе е на 17. место со 28 бодови, колку шт има и Фросиноне.