Контакт

Спорт

Ѓоко Хаџиевски замина од Хата

Објавено пред

Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски по само три месеци заминува од клупата на клубот Хата од Обединетите Арапски Емирати. Можеби малку и чудно, со оглед дека тимот пред два дена оствари триумф, сепак, дојде до разделба меѓу Хаџиевски и Хата.

dobivaj vesti na viber

Хаџиевски подолг период работи на далечниот Исток, се уште е најтрофејниот тренер во историјата на Вардар, а работеше и во Пелистер, Силекс, Беласица, ЦСКА Софија, Џубило Ивата, Наџран, Ал-Тавон, и други…

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Рафиња: Бразил го има Нејмар, најдобриот во светот

Објавено пред

Бразилскиот напаѓач Рафиња го пофали настапот на соиграчот Нејмар во победата од 4:1 против Јужна Кореја во осмина-финалето на Светското првенство во Катар. Иако имаше повреда, Нејмар се појави во стартниот тим, постигна и гол од пенал и беше еден од најдобрите на теренот.

dobivaj vesti na viber

„Признавам, малку сум загрижен што не постигнав гол досега, но тоа не го менува мојот однос кон играта. Давам сѐ за тимот. Ако постигнам гол на СП, секако дека ќе бидам среќен, но најважно е Бразил да оди напред на мундијалот. Според мене, го имаме Нејмар, најдобриот фудбалер на светот. Секој што мисли дека Нејмар е повеќе зафатен со работи надвор од теренот нема поим за што зборува и не разбира ништо од фудбалот“, изјави Рафиња.

Бразилците во четврт-финалето ќе се сретнат со селекцијата на Хрватска.

Прикажи повеќе...

Спорт

Луис Енрике: Одговорноста е моја, од следната недела ќе разговараме за иднината

Објавено пред

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, вели дека одговорноста за елиминацијата од Мароко во осмина-финалето на Светското првенство во Катар е негова. Најави дека од следната недела ќе има разговори за неговата иднина на селкторската позиција.

dobivaj vesti na viber

„Пеналите скапо нѐ чинеа. Жал ми е за тие што не играа. Одговорноста е моја бидејќи ги избрав првите тројца изведувачи, играчите одлучија за другите. Не стигнавме ниту до четвртиот. Боно беше одличен во пеналите. Дадовме 100 проценти. Честитки за Мароко за победата. Жал ми е за навивачите што нѐ поддржаа“, рече Енрике.

Енрике беше прашан за неговата иднина на клупата на Шпанија.

„Не е време за тоа прашање. Нетрпелив сум да се вратам дома. Претпоставувам дека од следната недела ќе разговараме за иднината“, изјави шпанскиот селектор.

Мароко обезбеди пласман во четврт-финалето по изведувањето пенали. Претходно, во регуларните 90 и во дополнителните 30 минути немаше голови.

Прикажи повеќе...

Спорт

Марко Верати ќе остане во ПСЖ до 2026 година

Објавено пред

Италијанскиот репрезентативец Марко Верати е на прагот да потпише нов договор со францускиот првак ПСЖ. Тој ќе ја продолжи соработката за дополнителни четири сезони и треба да остане на „Паркот на принцовите“ до 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Италијанецот, според француските медиуми, ќе добие и одредено зголемување на платата. Тој моментно заработува 14 милиони евра годишно.

Марко Верати дојде во Париз во летото 2012 година како младо момче и воопшто не заигра во Серија А иако имаше понуди од сите италијански гиганти. Тој беше еден од првите трансфери на почетокот на новата ера во парискиот клуб, а веќе десет години игра во дресот на „светците“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Вучиќ од Тирана: Подобро да се биде на масата отколку на менито

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана, изјави дека...

Македонија3 часа

(Видео) Ковачевски од Тирана: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство што првпат ваков самит на сите...

Македонија6 часа

Град Скопје: Утре ќе се објави јавниот повик за приватните превозници, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат

Јавниот градски превоз го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Во...

Македонија8 часа

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија....

Македонија9 часа

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Тим од Вашингтон допатувал во Македонија за да врши мониторинг врз правосудството и коруптивните актери. За ова на „Твитер“ објави...

Македонија10 часа

Пенов за блокадите во Скопје: Ова е самоволие, граѓаните трпат преголема штета

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги...

Свет10 часа

Кремљ: Потребен е долгорочен мир, но во моментов нема шанси за разговори со САД

Од Кремљ пристигна одговор на коментарите на американските претставници, во кои Русија тврди дека е потребен фер и долгорочен мир,...

Регион10 часа

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан повторно оди напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана истакна дека напредокот повторно е...

Македонија11 часа

Потпишан договор за поевтини роаминг-услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен...

Свет11 часа

Армијата на Белорусија започна вежби за борбена готовност

Вооружените сили на Белорусија почнаа вежби за борбена готовност за сите категории воен персонал. Како што соопшти Министерството за одбрана...

Македонија12 часа

Премиерот Ковачевски на Самит во Тирана пречекан од премиерот на Албанија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана беше пречекан од премиерот на Република Албанија, Еди...

Македонија12 часа

Приватните превозници втор ден го блокираат Скопје

Втор ден сообраќаен хаос во Скопје. Продолжуваат блокадите од приватните превозници. Автобусите и во текот на ноќта останаа на трите...

Економија12 часа

Путин: Евроазија е моторот на глобалниот економски развој

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека Евроазија е локомотива на глобалниот економски развој, нагласувајќи дека таму треба да се формираат...

Свет13 часа

Орбан ја поддржа изјавата на Макрон: Војната во Украина различно влијае врз Америка и ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на преиспитување на санкциите воведени кон Русија и ја поддржа изјавата на францускиот претседател Емануел...

Свет13 часа

Индонезија донесе закон со кој се санкционира сексот надвор од бракот

Парламентот на Индонезија денеска усвои нов кривичен закон, според кој сексот надвор од бракот е прогласен за кривично дело со...

Свет14 часа

Најмногу заболени од грип во САД во последните 10 години, починале 14 млади лица

САД забележаа најголем број хоспитализации на заболени од грип во последните 10 години, соопшти денеска директорката на Центарот за контрола...

Свет1 ден

Нападнати руски аеродроми, има повредени и загинати

Киевскиот режим изврши напад врз руските воени аеродроми во регионите Саратов и Рјазан, воздухопловните сили ги пресретнаа овие беспилотни летала,...

Економија1 ден

Ќе им се исклучува струјата на сите неплаќачи, на списокот болници, затвори, факултети

ЕВН објави дека веќе се испраќаат известувања, а и ќе ги исклучуваат од струја сите институции неплаќачи. На списокот се...

Македонија1 ден

Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта

Денеска (5.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до...

Економија1 ден

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но...