Спорт
Ѓоковиќ ќе биде во притвор кај своите адвокати, случајот е префрлен во Сојузниот суд
До конечната одлука на судот, Новак Ѓоковиќ нема да биде депортиран од Австралија. Најдобриот светски тенисер, вечерва во 22 часот по средно-европско време, со своите адвокати ќе има разговор со надлежните во министерството за имиграција. Она што е најважно, судијата Ентони Кели, кој во првиот процес му ја врати визата на Ѓоковиќ, реши случајот да биде префрлен во Сијузниот суд.
Обвинителот, побара, по тој разговор, Ѓоковиќ да биде притворен, најверојатно во истиот хотел за имигранти, во кој веќе мина пет дена.
Сепак, како што реши судијата Ентони Кели, Ѓоковиќ, во периодот до состанокот во министерството за имиграција ќе биде во „притвор“ во канцелариите на неговите адвокати, а и по тој состанок, до новото појавување пред судот, тој ќе остане под нивни надзор.
На истиот кат да бидат двајца државни служебници, кои ќе следат дали тој ги следи правилата одредени од судот.
Според адвокатскиот тим на Ѓоковиќ, префрлувањето во притвор ќе предизвика нов медиумски циркус.
Во текот на сослушувањето, адвокатот на Ѓоковиќ, потенцирал дека причините кои ги навел министерот, кога му ја укинал визата на неговиот клиент, се различни од оние на граничната полиција.
Тој навел дека министерот се согласил дека Ѓоковиќ го почитувал законот, дека претставува минимална закана по здравјето на другите и дека има медицинска потврда да не се вакцинира. Вели дека единствената причина за одлуката да му се укине визата на Ѓоковиќ е стравот од „потенцијалното возбудување во заедницата која се противи на вакцинацијата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус најде тренер за следната сезона
Болоња е хитот на сезоната во Серија А. Тимот кој од клупата го предводи Тиаго Мота се бори за место во Лигата на шампионите. Она што е извесно е дека Мота на крајот од сезоната ќе ја напушти Болоња.
Медиумите на Апенинскиот полуостров го поврзуваа со Милан, но тоа нема да се случи. Поранешниот фудбалер на Интер, во овој момент е најблиску до клупата на Јувентус.
Мота ќе го наследи Масимилијано Алегри од чија работа во клубот од Торино не се задоволни.
До пред два месеци Јувентус се тркаше со Интер за шампионската титула, но откако на последните осум натпревари „старата дама“ забележа една победа, тимот на Алегри сега се бори за второот место со Милан.
Наводно, челниците на Јувентус и Алегри спогодбено ќе го раскинат неговиот договор кој важи до јуни 2025 година. За да се реализираа ова работа, двете страни треба само да ја договорат оштетата која ќе му биде исплатена на тренерот.
Спорт
Проблеми за Сити пред дербито со Арсенал – шестмина првотимци повредени
Пеп Гвардиола го нарече предизвикот да се одбрани тројната круна „невозможен“, но неговиот Манчестер сити сè уште е во конкуренција за сите три големи трофеи. Во Премиер лигата заостанува бод зад лидерите Ливерпул и Арсенал, во полуфиналето на ФА Купот Сити игра против Челзи, додека во Лигата на шампионите трета сезона по ред игра против Реал Мадрид.
Во недела, Сити ќе го одигра еден од најзначајните натпревари во сезоната, во Манчестер доаѓа Арсенал.
Репрезентативната пауза му донесе големи проблеми на Гвардиола. Шестмина со повреди се вратија воклубот. Станува збор за норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, Англичаните Џон Стоунс и Кајл Вокер и двајцата Португалци Рубен Дијаш и Бернардо Силва.
Сите тие се под знак прашалник за големото дерби каде Сити може да го прескокне тимот на поранешниот помошник на Гвардиола, Микел Артета. Заедно со шестмината, репрезентативната пауза поради претходни повреди ја прескокнаа и Кевин Де Брујн и Мануел Аканџи.
Спорт
Челси го плати 62 милиона евра, тој одигра 36 минути и ја заврши сезоната
Челзи ги извести своите навивачи дека до крајот на сезоната е завршена за 20-годишниот играч од средниот ред Ромео Лавија. Кариерата на талентираниот фудбалер е забавена поради повредите, последната повреда е трета од доаѓањето во Челси.
Лавија пристигна во Манчестер сити од Андерлехт на 16-годишна возраст, а во тимот на Пеп Гвардиола дебитираше на 17-годишна возраст. Сепак, во 2022 година беше продаден на Саутемптон за нешто повеќе од 22 милиони евра. Челзи го донесе во август минатата година во трансфер кој надмина 62 милиони евра.
Оттогаш, тој пропушти 10 натпревари поради повреда на скочниот зглоб и пет поради фитнес проблеми, а потоа во декември минатата година заработи повреда на тетивата, поради која ја заврши сезоната.
Оваа сезона одигра само 36 минути, сите против Кристал Палас.